Се заканувал со нож во аптека во Струга, барал седативи

Вчера во 09:15 часот во Струга на ул. „Маршал Тито“ пред аптеката, Б.Н.(52) со закана со нож од И.И.(48) од с.Заграчани-Струга, се обидел да одземе седативи, по што И.И. се повлекол во аптеката и повикал полиција. На лице место пристигнале полициски службеници од Полициска станица Струга и при преземање на службени мерки, Б.Н. давал активен отпор, држејќи го ножот во рака насочен кон нив и упатувајќи им сериозни закани. Истиот е совладан и приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Мајка го заклучувала и малтретирала 34 годишниот син

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ.(56) од Охрид. Пријавената, во подолг временски период, во семејната куќа го вознемирувала, го заклучувала и не му дозволувала слободно движење низ заедничките семејни простории на нејзиниот син В.Ѓ (34). Таа му упатувала сериозни закани и ја загрозувала неговата сигурност со што му предизвикала чувство на страв и несигурност, го малтретирала оштетениот и му упатувала низа навредливи и заканителни зборови. Поради тоа, на сега оштетениот В.Ѓ. значително му се влошила здравствената состојба…

повеќе...

Кривична пријава за жител од Лешани кој ја претепал својата жена

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М (35) од селото Лешани. Пријавениот, казненото дело го сторил во семејната куќа во селото Лешани. Тој започнал жестока расправија со неговата сопруга Г.М.(29), упатувајќи и низа навредливи зборови и пцовки, а потоа применил и физичка сила кон неа, удирајќи ја со нозе и тупаници по целото тело. Од силината на ударите, оштетената Г.М. побарала медицинска помош по што била пренесена во Општата болница во Охрид.

повеќе...

Две запалени шишиња со непозната течност фрлени во двор на полициски службеник

Утрово во 03:10 часот во Охрид во дворното место на куќата на полициски службеник од Полициска станица Охрид, засега непознат/и сторител/и фрлил/е две запалени шишиња со непозната течност, со што е причинета незначителна материјална штета. Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за расчистување на случајот.

повеќе...

Жител од Шипокно со стап ја претепал поранешната жена

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид Охрид поднесе кривична пријава против Л.И.(64) од охридското село Шипокно. Пријавениот, казненото дело го сторил на 19 овој месец во 17 часот во дворот од семејната куќа каде била неговата поранешна сопруга. Тој најнапред и упатил низа навредливи зборови и закани по нејзиниот живот со што предизвикал страв и несигурнос,т а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со стап по целото тело. Оштетената набрзо била пренесена во Општа болница во Охрид, каде и била укажана неопходна лекарска…

повеќе...

Пријавен обид за полов напад во штаб на политичка партија

Вчера околу 20:40 часот К.П. од с. Требеништа пријавила дека во просториите на штаб на политичка партија во с.Требеништа-општина Дебарца, лицето Ф.П. М. се обидело да изврши полов напад врз неа.

повеќе...

Скопјанец измамил жител од Лешани на кого му зел 10 јагниња

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(64) од Скопје. Пријавениот, во текот на април годинава, остварил телефонски контакт со, сега оштетениот М.О. од селото Лешани, општина Дебрца и лажно му се претставил дека е застапник на Синдикатот од Државната болница во Скопје. Со намера да се стекне со противправна имотна корист, пријавениот А.Н. го довел во заблуда сега оштетениот и од него побарал да му продаде 10 јагниња од по 40 килограми. По претходен меѓусебен договор, на 13 април, А.Н.…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец кој физички нападнал полициски службеник

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против ШР. (39) од Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил на осми овој месец во 20 часот и 45 минути во неговиот дом на улицата „Бистрица“ во Охрид. Тука, униформиран полициски службеник преземал службени дејствија откако претходно, членови од семејството на сега пријавениот, пријавиле казнено дело „семејно насилство“. Во момент на активна работа за решавање на пријавеното казнено дело, Ш.Р. физички го нападнал полицискиот службеник нанесувајќи му…

повеќе...

Кривична пријава за охриѓанец кој физички ја нападнал неговата баба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Охрид. Казненото дело, пријавениот го сторил на 31 јули оваа година во 23 часот и 30 минути во својот дом на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид. Тој започнал да тропа на вратата од спалната соба која била заклучена, а во која спиела неговата 80 годишна баба. Откако ја отворила вратата, пријавениот влегол внатре и физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по главата и телото, при тоа нанесувајќи и повреди и…

повеќе...

Пронајдена дрога и запленети рибарски мрежи во близина на кампот „Андон Дуков“

Во координирана акција на СВР Охрид и криминалистичката полиција при Министерството за внатрешни работи реализирана во Охрид, пронајдени се и одземени околу 40 килограми зеленкаста растителна материја, најверојатно опојна дрога марихуана. Акцијата, беше реализирана вчера околу 9:00 часот во близина на автокампот „Андон Дуков“. Спроведувајќи ја акцијата, полициските оперативци извршија претрес во метална барака на една нива во близина на кампот при што биле затекнати две лица од Охрид, а биле забележани четири најлонски црни вреќи во кои имало 16 прозирни најлонски паковки. При претресот извршен по добиена наредба од судија…

повеќе...