Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на патот Охрид – Свети Наум

Вчера околу 15:40 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, случена е сообраќајна незгода помеѓу ТМВ „Фиат Фиорино“ со охридски регистерски ознаки управувано од М.Н. (42) од с.Шипокно-охридско и велосипед управуван од Б.И. (52) од нас. Св.Стефан. Во незгодата Б.И се здобил со тешки телесни повреди (внатрешно крварење во главата), каде по укажаната лекарска помош во ОБ-Охрид, поради сериозноста на повредите истиот бил пренесен во Клинички Центар – Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Исчезна 55 годишен жител од Октиси

Вчера во 17:00 часот во Полициската Станица Струга, А.Ц. (27) од с.Октиси, пријавил дека истиот ден околу 09:30 часот од неговиот дуќан во непознат правец се оддалечил неговиот татко А.Ц. (55). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Сообраќајна незгода на патот Струга – Дебар кај Велешта

На 16.03.2017 година во 16.20 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, во с.Велешта, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „БМВ“ со австриски регистарски ознаки, управувано од С.П.(42) од с.Добовјани и ТМВ-Влекач „Ман“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Л.Ј. (35) од с.Делогожда. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ш.О. (52) од Охрид и Е.И. (80) од с.Велешта, сопатниците во ПМВ „БМВ“, додека В.П. (25) и К.П. (18), двајцата од с.Добовјани, се здобиле со телесни повреди. На повредените им била укажана лекарска помош во Медицински центар Струга, но…

повеќе...

Жител од Велешта пронајден мртов кај авто-камп во Струга

На 16.03.2017 година околу 11:00 часот на паркинг во авто-камп во Струга пронајден бил починат К.Н. (42) од с.Велешта, струшко. Истиот бил пријавен за исчезнат на 15.03.2017 година. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ПС Струга, а телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

повеќе...

Малолетни лица во кичевско завршија на болница со тешки повреди по напад на кучиња скитници

Малолетник роден 2013 година, од кичевското село Бачишта, се здоби со тешки повреди во пределот на стомакот, градниот кош и главата, откако вчера беше нападнат од повеќе кучиња. Поради сериозноста на повредите, малолетникот, од Општата болница во Кичево каде му била дадена првична неопходна медицинска помош, итно е префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Настанот се случил вчера околу 11 часот во селото Бачишта во момент кога детето само излегло од куќата каде што живее со семејството и поминувало преку нива сакајќи да појде до соседната куќа каде што се…

повеќе...

Кривична пријава за 30 годишен скопјанец кај кого била пронајдена дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.И. (30) во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори” и „овозможување на употреба наркотични дроги”. На 31.07.2016 година околу 00.50 часот во Охрид, на паркинг пред еден хотел, од страна на полициски службеници затекнат е пријавениот во патничко возило како рачно изработува цигара со марихуана. По извршен преглед покрај менувачот пронајден е грендер со остатоци од марихуана со вкупна нето маса од 0,78 грама, додека во вратата покрај…

повеќе...

Кривична пријава за две лица од Дебар поради нанесување тешка телесена повреда

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против А.К. (29) и Б.К. (26), двајцата од Дебар. Пријавените, казненото дело го сториле на втори минатиот месец во 19 часот и 45 минути на улицата „Таса Мартиновска“ во Дебар. Тие започнале со нарушување на јавниот ред и мир и вербална расправија со Р.М. (40) од Дебар која набрзо прераснала во тепачка. Од здобиените удари, Р.М. се здобил со повреди на главата, потрес на мозокот и фрактура на левата надклактица од…

повеќе...

Охриѓанец измамен при купопродажба на 55 тони јаболка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Б. (44) од ресенското село Царев Двор. Пријавениот, кон крајот на минатата година, со намера да се стекне со противправна имотна корист, договорил средба со Ќ.И. од Охрид и во неговиот дом, со лажно прикажување, успеал да го наведе да направат договор за купопродажба на 55.000 килограми јаболка од сортата „Ајдарет“ за сума од 621.000 денари. Бидејќи до крајот на јануари оваа година, на Ќ.И. не му била извршена исплата од договорената купопродажба на…

повеќе...

Кривична пријава за пет лица од Охрид кои учествувале во тепачка кај градскиот пазар

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „учество во тепачка“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(27), А.К. (24), Ј.М. (23), И.У. (19) и И.У.45) сите од Охрид. Казнените дела се сторени на 17-ти јануари оваа година околу 23 часот на булеварот „Туристичка“ во близина на градскиот пазар во Охрид. Тука, дошло до тепачка помеѓу прво, второ и трето пријавените од една, со четврто и петто пријавените, од друга страна. Најнапред настанала меѓусебна вербална расправија која набрзо прераснала во…

повеќе...

Уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје

Преостанува уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје. Рокот истекува на 12 април, a дотогаш граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена. Барањето треба да биде поднесено во Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи според место на живеење на физичкото лице, односно седиште на правното лице. WebOhrid

повеќе...