СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф. (36) и Ф.А. (24), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”, соопшти МВР. На 10.02.2017 година околу 06.50 часот во казино во Охрид, откако пријавените го забележале С.С. (54) од Охрид дека ги искоцкал парите и отишол на банкомат да извади други, и при влез во казиното физички го нападнале одземајќи му 10.000 денари нанесувајќи му тешки телесни повреди.
повеќе...Tag: свр
Кривична пријава за лица од Горно Лакочереј поради кривично дело „разбојништво“
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(25) од Охрид и Г.Д.(18) од охридското село Горно Лакочереј. Пријавените, казненото дело го сториле на 24-ти овој месец околу 15 часот и 30 минути, во нива лоцирана во атарот на селото Горно Лакочереј. Тие, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, физички го нападнале Т.Д. (83), дедо на второпријавената Г.Д. кој во моментот се наоѓал во хаварисано возило оставено на нивата. Откако констатирале дека Т.Д. одмара на предните седишта кои биле…
повеќе...Во возило во Струга запленети 42 килограми дрога
Околу 42 килограми зелена тревкаста материја се пронајдени во патнички автомобил, синоќа во Струга при координирана акција на криминалистичката полиција од Струга и Охрид. Акцијата, беше реализирана околу 22 часот во близина на еден хотел на улицата „Димче Ковачески“ во Струга. Полициските инспектори заедно со полициски службеници од полициската станица во Струга, извршија запирање на патничко моторно возило „Мини Купер“ со струшки регистарски ознаки управувано од Ф.И.(31) од струшкото село Калишта. При извршен преглед во возилото, забележани се пет вреќи со тревкаста материја завиткана во повеќе јутени и платнени опаковки.…
повеќе...Кривични пријави за две лица од Велгошти за бесправна сеча на дрва
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва од туѓа шума“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ш. (25) и И.Б. (25) двајцата од охридското село Велгошти. Пријавениот П.Ш. самостојно сторил уште две казнени дела: „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „фалсификување исправа“. Тој, нелегално набавил патнички џип „Митсубиши Пајеро“ и му поставил лажни бугарски регистарски таблички кои потекнувале од друго возило. Во текот на минатата година, пријавени во месноста „Буково“ од шума во државна сопственост, неовластено и без одобрение за сеча,…
повеќе...СВР: Притвор и кривична пријава за осомничениот за убиството на 67 годишната охриѓанка
Поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (37) од Куманово, со привремен престој во стан на улицата „Галичица“ во Охрид. Него, Основното јавно обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во казнено поправна установа-затвор во Скопје. На 20-ти овој месец во 11 часот и 45 минути, пријавениот, со цел стекнување противправна имотна корист, поsвонал на станот од неговата соседка, сега починатата Спаса Б. (67) од Охрид. Пријавениот, претходно се осигурал дека таа е…
повеќе...Убиена 67 годишна жена во нејзиниот стан на ул. „Галичица“ во Охрид
СВР Охрид презема интензивни мерки за расчистување на кривичното дело „разбојништво со последица смрт“ извршено вчера на улицата „Галичица“ бр.31/21 во Охрид. СВР Охрид трага по сторител кој во текот на вчерашниот ден, во времето од 11 часот и 30 минути до 19 часот и 25 минути, влегол во станот на Спаса Б. (67) од Охрид, со опасно орудие-најверојатно нож ја нападнал и и задал повеќе смртоносни убодни рани во пределот на главата, вратот и телото, а потоа извршил пребарување низ собите. По извршување на кривичното дело, сторителот ја заклучил…
повеќе...Стружанец заработи кривична пријава поради неизвршување судска одлука и одземање малолетник
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б. (38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување судска одлука“ и „одземање малолетник“. На пријавениот со судско решение од 2016 година, издадено од Основен суд Охрид, изречени му се привремени мерки на заштита од семејно насилство. Тој имал забрана да врши секаков вид на семејно насилство, да се заканува дека ќе изврши семејно насилство, физички да ја напаѓа неговата поранешна сопруга, забрана да се приближува до 100 метри од нејзиниот дом, забрана да ја малтретира, вознемирува, навредува или…
повеќе...Кривична пријава за албански државјанин кој криучарел дрога во Охрид
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Ц. (44) од Поградец, Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси”. На 13.02.2017 година, по претходен договор со лице од Р.Албанија, извршиле транспорт на поголема количина на опојна дрога марихуана по воден пат преку водите на Охридско Езеро. Пријавениот од месноста Градиште презел една патна торба со шест поединечни пакувања на опојна дрога марихуана и ја ставил во своето ПМВ Мерцедес со албански регистарски ознаки и се упатил…
повеќе...Три лица повредени во сообраќајка на патот Струга-Дебар
Три лица се тешко повредени во сообраќајната незгода што синоќа во 18 часот и 30 минути се случи на регионалниот пат Струга-Дебар во близина на „Здружение на возачи“. Поради сериозноста на здобиените телесни повреди, во болница „Св.Еразмо“ во Охрид префрлени се: Б.И.(34) од Струга како и Б.С.(38) и Н.С.(36) двајцата од струшкото село Лабуништа. Тие по укажаната медицинска нега се задржани на понатамошно лекување. Во сообраќајната незгода учествувале две патнички моторни возила со струшки регистарски ознаки: „Мерцедес“, управувано од сега повредениот Б.И. и „Ауди“ управувано од Б.С. во кое, како…
повеќе...Кривична пријава за албански државјанин кај кого е пронајдена дрога
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, криминалистичката полиција од Струга, поднесе кривична пријава против Л.К. (27) од Тирана-Република Албанија. Кон крајот на минатата година, при преглед во патнички автомобил „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки извршен во Струга на улицата „Ѓуро Салај“, кај пријавениот, пронајдено е мало најлонско пакување со 0,42 грама кафаеава прашкаста материја. По извршено вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, констатирано е дека се работи за опојна дрога хероин. Пријавениот…
повеќе...