Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот информираат дека на веб-страната на МНР е поставено известување за политичко безбедносната состојба во РМ. Воедно информираат дека МНР до сите свои дипломатско- конзуларни претставништва во светот достави допис во кој се укажува дека безбедносната ситуација во РМ е на високо ниво и дека туристичките работници се подготвени да ги примат странските туристи во РМ. ДКП-ата на РМ се задолжени, во контакт со институциите од земјите на прием, да ги пренесат овие укажувања. Повеќе информации на следниот линк.
повеќе...Tag: туризам
Можности за соработка во областа на туризмот меѓу Македонија и Казахстан
На првиот Македонско-Казахстански форум што се одржа минатата недела, во организација на Казахстанско- Македонското здружение и туристичката агенција Wellness- Holiday од Охрид, се разговараше и за продлабочување на соработката на двете земји во областа на туризмот. На форумот, потпретседателката на здружението Марјана Султанбекова, ја прочита пораката на градоначалникот Никола Бакрачески и ги покани учесниците да го посетат Охрид. „Почитувани учесници на првиот Македонско- Казахтански форум посветен на соработката во областа на туризмот, најискрено Ви упатувам топли поздрави од древниот Охрид и Ви посакувам успешна работа.Овој голем и важен форум е…
повеќе...Потребна е позитивна кампања за да нема откажување на туристичките аранжмани
На иницијатива на Секторот за туризам и локален економски развој, денеска се одржа средба со дел од туристичките работници од Охрид, на која се разговараше за актуелната сосотојба во Република Македонија и нејзиното влијание врз туризмот. На средбата беше константирано дека безбедноста е на највисоко ниво, засега има само неколку откажувања на аранжмани, но потребно е позитивна кампања за превентивно да се влијае за намалување на овој негативен тренд. „На средбата заклучивме дека ќе испратиме официјални покани до амбасадите на земјите од кои има најголем број туристи, да дојдат во…
повеќе...Необични туристи во Елшани
Охридското село Елшани веќе од поодамна е на мапата на европските и светски тур-оператори. Од година во година бројот на туристи кои го посетуваат селото се зголемува. Доаѓаат различни луѓе од различни места и со различни манири, но со една цел – да ги видат убавините на Елшани и на Езерото и Галичица, гледани и почувствувани во Елшани. Меѓу бројните гости доаѓаат Холанѓани, Израелци, Јапонци, Французи, Бугари, Срби, Словенци, Пољаци и други. И оваа година туристичката сезона во Елшани веќе започна. Секојдневно доаѓаат групи туристи кои го вкусуваат елшанското добредојде…
повеќе...Одржан координативен состанок за успешна туристичка сезона
На денешниот координативен состанок, на кој присуствуваа претставници од општина Охрид, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат, Секторот за внатрешни работи, ЈП „Билјанини извори“, претставници од туроператори и туристички агенции како и претставник од Здружението на туристички водичи се расправаше за координирање на активностите во текот на туристичката сезона, по што беа усвоени и заеднички заклучоци. Беше оценето дека безбедноста во Охрид е на беспрекорно ниво. Ова посебно беше потенцирано од претставниците на СВР Охрид кои нагласија дека вообичаено се преземаат сите мерки пред почетокот на туристичката сезона да…
повеќе...Намален бројот на туристи во март годинава
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2015 година изнесува 36 160, а бројот на ноќевањата изнесува 75 150. Бројот на туристите во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 0.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 4.5%. Бројот на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 13.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 8.0%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март…
повеќе...„Летање во природа“ – Zip Line нов туристички производ
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Р Македонија реализирајќи ја својата програма за 2015 во делот на поддршка на туризмот на 12.05.2015 година (вторник) оствари работна средба со директорот на Националниот Парк Маврово Онер Јакуопоски, на која се предаде комплетна документација во вид на основен проект за „Летање во прирда“ (Zip Line). Проектот подразбира поставување на систем за летање поврзан со дрвени платформи како и придружни објекти за опрема. Со оваа нова содржина која ќе се реализира до Август 2015 година се овозможува збогатување на туристичката забавна, рекреативна…
повеќе...„Араб Инвестор“ ги разгледува бизнис и туристичките потенцијали на Македонија
Министерството за надворешни работи на Р.Македонија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со НЕ Сашо Ташевски, првиот Амбасадор на РМ во Абу Даби го поддржаа гостувањето и посетата на Македонија на генералниот директор на списанието “Arab Investor”, Nazim Mohammad Mahmood Sabbah. НЕ Сашо Ташевски, првиот Амбасадор на РМ во Абу Даби, ОАЕ за шест месеци од започнувањето на својот мандат ја стави во комплетна функција новоотворената Амбасада и се залага за промовирање на инвестициските можности во Македонија. Во изминатиов период донесе потенцијални инвеститори од Обединетите Арапски…
повеќе...Известување од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот
Известување од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот: „Во изминатиов период Македонија преживеа тешки моменти. Вооружена криминална група создаде закана по безбедноста на граѓаните на што полицијата реагираше соодветно и решително. Кримниналната група беше неутрализирана, а опасноста целосно отстранета. Воедно, Ве информираме дека планираните патувања кон Македонија од странските партнери течат според предвиденото, односно, без откажувања во однос на резервациите кон Македонија. Би сакале да подвлечeме дека според Светската туристичка организација (UNWTO), Македонија последните години е помеѓу земјите со најбрз раст во туризмот од земјите во Европа во однос…
повеќе...Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја негува релацијата со стопанството
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со претставници од Проектот ИМЕ финансиран од „Swisscontact” Швајцарија одржаа средба со претставници од Општина Охрид, туристичкиот кластер, локалната туристичка комора, туристички агенции, туроператори и од представници од хотелиерската асоцијација – ХОТАМ. На состанокот се презентираше 4 – годишната програма од ИМЕ Проектот (Increasing Market Employability) за развивање на Охрид како препознатлива туристичка дестинација која ке ја реализира фондацијата „ Swisscontact „ заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. „Меѓу активностите кои ги реализираме…
повеќе...