Општина Охрид организира промотивна тура „Охрид 2014“

Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот Општина Охрид организира промотивна тура „Охрид 2014“. На промотивната тура што ќе се одржи во Охрид од 4 до 6 април 2014 година ќе присуствуваат претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово. Гостите на промотивната тура, утре ќе ги прими градоначалникот Никола Бакрачески, а потоа  ќе имаат директни средби со туроператорите и хотелските субјекти од Охрид. Според планот на промотивната тура, учесниците ќе ги посетат најзначајните културни и туристички локалитети на градот…

повеќе...

Се поставуваат информативни туристички табли на повеќе локации низ Охрид

Секторот за туризам и локален економски развој започна акција за поставување на туристички информативни табли низ 26 локации во Охрид. Истите се поставуваат со цел туристите и гостите кои ќе дојдат во градов навремено да бидат известени за културните, историските, природните и туристичките знаменитости  како и за останатите објекти и содржини  кои се специфични за Охрид.  Во текот на вчерашниот ден вакви туристички информативни табли со соодветен знак на објектот или содржината на која се однесуваат  беа поставени на шест локации во градов. – Охридско езеро (знак езеро) кај игралиштето…

повеќе...

Со словенечка помош ќе се подобрува туристичката понуда во Македонија

Министерството за економија ќе ангажира еминентни странски експерти кои ќе одржат обуки за македонските туристички работници со цел да се подобри туристичката понуда во земјава. Тоа ќе го овозможи двегодишниот проект „Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во туристичка индустрија во Македонија“ што ќе се спроведува преку Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО). „Целиот проект чини 220.000 евра, средства обезбедени од донација од словенечката влада, кои ќе ги менаџира УНИДО организацијата, заради законските можности и прописи кои се обврзувачки за Република Словенија. Тие ќе се искористат…

повеќе...

Историски информации за странци да даваат само македонските туристички водичи

Туристичките работници бараат исклучиво македонски водичи да се користат при посета на странски туристи во земјава. Ова е една од сугестиите која беше дадена во насока на подобрување на презентирањето на државата на средбата во Агенцијата за поддршка и промоција на турзмот заедно со туристичкиот еснаф, туристичките комори и стручњаци од областа на туризмот, а на која присуствуваше и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. „Сериозно ќе ја разгледаме, бидејќи имаме случаи во кои организирани тури на странски туристи добиваат информации за македонската историја, но гледано низ очите на водичите…

повеќе...

Нови туристички капацитети и содржини – тема на владиниот Комитет за туризам

Комитетот за туризам во Владата на последната седница ги разгледа повеќето тековни проекти што се реализираат во насока на унапредување на туризмот и обезбедување подобра туристичка понуда. На седницата што се одржа вчера, а со која претседаваше премиерот Никола Груевски, разгледани се акциските планови за развој на туризмот во националните паркови Галичица, Маврово и Пелистер. Од прес-службата на Владата денеска информираа дека Комитетот за туризам дебатирал за можностите за унапредување на условите за летен и зимски туризам на Галичица, како и за плановите за инвестиции во туристичката инфраструктура во овој…

повеќе...

Охрид претставен на Саемот за туризам во Белград

На 27  февруари, во Белград, Република Србија се отвори Саемот за туризам, на кој Општина Охрид, ја претстави својата туристичка понуда. Општина Охрид заедно со хотелско – угостителските субјекти се претстави на штандот од Агенцијата за туризам на Република Македонија. Градоначалникот Бакрачески, на коктелот организиран за новинарите и туристичките агенции, имаше поздравен говор преку кој ја промовираше туристичката понуда на Охрид, а потоа следуваше промоција на охридски специјалитети зачинети со старо градска музика од Охрид. Вечерва во ресторан „Ковач“ е организирана охридска вечер на која се поканети туристички агенции, медиуми…

повеќе...

Ревидирана наставната програма и критериумите за туристички водич

Наставната програма за стручен испит за звање туристички водич е ревидирана и значително унапредена за да се подигне квалитетот на оваа професија во Македонија. Програмата ја утврдија Министерството за образование и наука, двата државни факултета за туризам, во Охрид и во Штип, Стопанската комора на Македонија и Здружението на туристичките водичи. Новините се во согласност со стандардите во Европа, а се преземени и искуства од Хрватска и Црна Гора, како развиени туристички земји во регионот. Туристичките водичи од Македонија во иднина ќе може активно да работат во земјите на ЕУ,…

повеќе...

Охрид ќе биде презентиран на белградскиот туристички саем

Туристичките потенцијали на Охрид ќе бидат презентирани на  Меѓународниот саем за туризам, кој од  денеска до 2-ри март ќе се одржи во Белград, Република Србија. Во организација на Агенцијата за поддршка на развојот на туризмот и Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид, на оваа најголема туристичка манифестација во Југоисточна Европа, учествуваат претставници на голем број познати охридски хотелско-угостителски брендови и туристички агенции. На отворањето на годинашниот Меѓународен туристички саем во Белград ќе присуствува и градоначалникот Никола Бакрачески. Во рамките на престојот во Белград, градоначалникот Бакрачески ќе има…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески оствари средба со охридските угостители

Во насока на заложбите на општина Охрид, да се направи квалитетна програма за поставување урбана опрема за 2014 година, која што ќе ги отстрани слабостите од минатите години, денес градоначалникот Никола Бакрачески оствари работна средба со сопствениците и претставниците на угостителските објекти од градов. Во дирекната меѓусебна комуникација двете страни, Општината и угостителите  ги  разгледаа сите предлози   за кои  сметаа  дека се добро решение за охридското угостителство. „Денес  со угостителите поразговаравме околу заложбите на Локалната самоуправа да излезе во пресрет на  нивните барања   во делот на можноста за…

повеќе...

Двојно ќе се зголеми поддршката за развој на туризмот

Владата оваа година ќе ја зголеми поддршката за развој на туризмот со двојно повеќе средства од лани, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Предвидени се 150 милиони денари во делот на Агенцијата за туризам, најави Груевски, посочувајќи дека надвор од тоа планирани се средства и за меѓународна медиумска промоција. „Охрабрени сме од минатата година, додаде, затоа што имаше 26 отсто раст на странски туристисти и шест отсто домашни во споредба со 2012 година. – Тоа покажува дека правецот е добар“, – истакна премиерот Груевски. Смета дека тоа е резултат на многу…

повеќе...