Рокот за аплицирање на ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2016 година , се продолжува. Заинтересираните своите пријави можат да ги достават најдоцна до 13.05.2016 год. До 16 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по завршувањето на крајниот рок ќе бидат автоматски одбиени.Целосната документација да се достави на следната адреса: ОПШТИНА ОХРИД Сектор за туризам и ЛЕР ул. Димитар Влахов бр.57 6000 Охрид со назнака: “Ј А В Е Н П О В И К – ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД…
повеќе...Tag: туризам
Oд 10 до 12 мај во Охрид, Регионална конференција за активен туризам
Под мотото „Знаење, партнерство, пораст“, од 10 до 12 мај во Охрид ќе се одржи првата Регионална конференција за активен туризам. Најавено е присуство на повеќе од 200 претставници од јавниот и од приватниот сектор од 12 дестинации од Југоисточна Европа, кои ќе се поврзат со веќе потврдени 45 меѓународни туристички оператори од 16 земји. Конференцијата има цел да го поттикне избивањето на Балканот како една од најдобрите и најнедопрените дестинации за активен туризам во Европа. Лела Крстевска од Агенцијата за промоција и за поддршка на туризмот во Македонија појасни…
повеќе...Туристичката понуда на Македонија претставена на 17 по ред саем за туризам во Ниш
На 17-тиот по ред саем за туризам во Ниш, Србија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на Македонија заедно со повеќе од 140 излагачи од земјата и регионот. Покрај активниот одмор што е главна тема на саемот, оваа година акцентот е ставен на гастрономската и винската понуда, со што за време на меѓународниот саем за туризам во Ниш (26-28 Април 2016) посетителите имаа можност да дегустираат македонски ајвар, сирење и вино. За време на саемот, делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка…
повеќе...АППТ го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија на саем за туризам во Косово
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија за прв пат учествува на интернационалниот саем за туризам во Косово, кој се одржува по 8-ми пат, и е посетен од околу 15 000 гости. На 21-22 Април 2016, туристичката понуда на земјите од регионот се претстави на саемот за туризам “Travel Fair” во Приштина, Косово. Покрај Косово, Албанија, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Грција, и Италија ја покажа својата цврста верба во потенцијалот и ресурсите кои ги има регионов за развој на туризмот. Околу 90-тина егзибитори и коегзибитори ја…
повеќе...Охрид промовиран пред најеминентните туристички работници во Виена
Пред повеќе од 150 присутни, помеѓу кои амбасадори од неколку земји, претставници на туристички агенции, туроператори и новинари за туризам, градоначалникот Бакрачески, го промовира Охрид во Виена, Австрија. Настанот за промоција на Охрид пред најеминентните туристички работници беше во организација на градоначалникот Бакрачески заедно со Амбасадата на Република Македонија во Австрија и почесниот конзул на Р. Македонија во Австрија, Сузана Родлер. Присутните преку обраќањето на градоначалникот, видео спотовите и промотивниот материјал имаа можност да ги доловат природните убавини на градот и големиот број на културно историски знаменитости. По завршувањето на…
повеќе...Норвешки туроператори во посета на Македонија
Норвешки туроператори беа во посета на Македонија, во текот на изминатиов викенд, кои беа предводени од Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија. Истакнати имиња од туристичката индустрија на Норвешка како Travel Invest, Temareiser Fredrikstad, Tele-Tur AS, Aktive Fredsreiser, Travel for peace, но и туристичка асоцијација ANTOR остварија средби со 30 компании од приватниот сектор на Р.М. Туристичката понуда на Скопје и Охрид и нивното историско и културно наследство беа највпечатливи за тур операторите. Сметаат дека Македонија има огромен потенцијал на норвешкиот пазар, и тоа најмногу со:…
повеќе...Јавен повик за финансирање проекти од областа одржливиот локален економски развој и туризмот за 2016
Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2016 година, Општина Охрид на 07.04.2016 објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2016 година Кандидати кои можат да аплицираат се здруженија на граѓани, месни и урбани заедници и субјекти кои се заведени во регистарот за категоризација на угостителски објекти за сместување кој го води Градоначалникот на општина Охрид и даватели на услуги во руралниот туризам со…
повеќе...Вниманието на Русите насочено кон македонската туристичка понуда
На саемот за туризам во Москва, Руска Федерација (Mitt, 23-26 Март 2016 година) Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) и оваа година традиционално го промовира туристичкиот потенцијал на земјава. Со волонтерска поддршка од македонски студенти во Русија, штандот на Македонија привлече големо внимание со промоцијата на религиозниот, културниот, кулинарскиот и винскиот туризам, но атракција беа и послуженото вино, сирење и ајвар. За време на саемот, македонското вино побуди голем интерес со што се разменија контакти и линкови со експерти од различни области кои го посетија…
повеќе...Македонските вина презентирани на саемот „Провајн“ во Дизелдорф
Девет македонски винарии („Тиквеш“, „Сковин“, „Стоби“, „Далвина“, „Бовин“, „Камник“, „Езимит“, „Попов“ и „Сопот“) веќе трет ден се дел од најголемиот интернационален саем за вино „Провајн“, кој во периодот 13-16 март се одржува во германскиот град Дизелдорф. На македонскиот национален штанд на саемот, нашите винарии ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет. „Провајн“ е водечки меѓународен саем за вино и алкохолни пијалоци во Европа и место на кое своите вина ги промовираат 50 вински земји во светот, а за неговата големина говори…
повеќе...Зголемен бројот на туристи во јануари
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2016 година изнесува 38 162, а бројот на ноќевањата изнесува 78 667. Бројот на туристите во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, е зголемен за 16.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 20.2%. Бројот на домашните туристи во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015 година, е зголемен за 14.8%, абројот на странските туристи е зголемен за 17.5%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2016 година, во однос на јануари 2015…
повеќе...