Полагањето на првиот дел од испитот за добивање на лиценца за процена на тутун ќе се одржи на 28 октомври 2016 година, од 12 до 14 часот, во просторијата бр. 2 од Испитниот Центар кој се наоѓа на ул. Христо Смирненски бр.30 ламела 1-Скопје (во близина на Универзална сала). На денот на полагање на испитот, кандидатите треба да носат документ за идентификација (лична карта или патна исправа) и доказ за извршена уплата на надоместот за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун (уплатница). Трошоците за полагање…
повеќе...Tag: тутун
Соопштение за пријавување за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун
Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање испит заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАПОЧНУВА НА 26.09.2016 година и ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 17.10.2016 година, а ПОЛАГАЊЕТО НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЌЕ СЕ ОДДРЖИ НА 28 октомври 2016 година. Заинтересираните кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун треба да достават потпишано барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: ул.Аминта Трети бр.2, 1000 Скопје, кое се наоѓа во додатокот за преземање. Во прилог на барањето (во кое се наведуваат адресата на…
повеќе...Зголемување на стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите и тутунот за пушење
Согласно одредбите од Законот за акцизите од 1 јули 2016 година стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите и тутун за пушење како фино сецкан тутун се зголемуваат. Од 1 јули 2016 година акцизата за цигари ќе изнесува 1,853 денари по парче цигара. Ако комбинирана акциза е под износот од 2,053 денари по парче се применува акциза од 2,053 денари по парче. Акцизата на тутун за пушење како фино сецкан тутун ќе изнесува 1.650,00 денари по килограм. Во врска со овие измени, производителите и увозниците на тутунски добра треба:…
повеќе...Груевски: Откупот на тутун тече одлично со реална цена
Откупот на тутун тече одлично. Според информациите од терен постигната е реална цена околу 187 денари плус 60 денари субвенција по откупен килограм, истакна денеска премиерот Никола Груевски. По посетата на охридскиот регион одговарајќи на новинарски прашања тој информира дека досега се откупени околу 8,5 милиони килограми тутун. „Откупот тече релативно во најдобар ред. Сите октупни претпријатија што имаат лиценца вршат откуп, а инспекциите се на терен. Државата бурно ќе го следи процесот особено во делот на добивање реална цена за тутунот и реално вреднување на трудот на тутунопроизводителите. Засега…
повеќе...За три недели откупени над 7.640 тони тутун по просечна цена од 186 денари по килограм
По три недели од почетокот на откупот на тутунот деветте откупувачи заклучно со 31. Декември 2015 година, откупија вкупно 7.640.930 килограми тутун од годинашната реколта. Просечната откупна цена изнесува 186 денари по килограм, што е речиси 70 денари повеќе од ланската просечна откупна цена (117 денари). Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 70,34% или за родот од 2015 година досега се исплатени 1.000.197.043 денари. Откупот се врши на вкупно 186 ваги на 152 откупни места, а динамиката тече без проблем и според договорите меѓу тутунопроизводителите…
повеќе...За две недели откупени над 5.000 тони тутун, просечна цена 185 денари
Само две недели од почетокот на откупот на тутунот, деветте откупувачи заклучно со 23. Декември, откупија вкупно 5.168 тони тутун од годинашната реколта. Просечна откупна цена инесува 185 денари по килограм што за 65 денари повеќе од ланската откупна цена за истиот период. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство исплатата е реализирана со 54,21% или за родот од 2015 година, досега се исплатени 518.498.348 денари. Откупот се врши на вкупно 186 ваги на 152 откупни места, а динамиката тече без проблем и според договорите меѓу тутунопроизводителите и откупувачите. Според…
повеќе...Спречен обид за шверц на 120 кг режан тутун на Табановце
Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат денес после полноќ спречија обид за шверц на 120 кг режан тутун. Околу 02:30 часот после полноќ, на излез од Република Македонија на граничен премин Табановце-автопат пристигна товарно моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали Д.М. Поради сомневање во изјавата на возачот дека нема ништо да пријави за царинска контрола, а согласно критериумите за анализа на ризик, извршена е дeтална контрола на возилото и при тоа во внатрешниот дел на кабината на горниот кревет под душекот се…
повеќе...Запленети 115 кг режан тутун на Табановце
Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат вчера пред полноќ спречија обид за шверц на 115 кг режан тутун. Околу 23:30 часот, на излез од Република Македонија на граничниот премин Табановце-автопат пристигна празно товарно моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали Г.Ј. Поради сомневање во изјавата на возачот дека нема ништо да пријави за царинска контрола, а согласно критериумите за анализа на ризик, извршена е дeтална контрола на возилото и товарниот дел, при што во кабината под креветот се пронајдени 115 паковки од по…
повеќе...Неовластено набавил ситно сечен тутун и со препродажба го оштетил буџетот на РМ за 195.750 денари
СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде лицето Џ.И.(52) од Скопје, за сторени две кривични дела согласно Законот за акцизи и тоа „недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение“ (чл.59) и „недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра, односно стоки“ (чл. 60) со што го оштетил буџетот на Р.Македонија за вкупен износ од 195.750 денари. Од страна на Судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од…
повеќе...Исплатени 62,5 милиони денари субвенции на тутунарите
Министерството за финансии денеска исплати 62,5 милиони денари субвенции за продаден тутун на 2.952 тутунари. – Станува збор за откупен тутун од кооперанти од сите откупни центри во период од 26 февруари до 15 март, односно периодот кога исплатата на субвенциите беше запрена поради одредбите во Изборниот законик, се наведува во соопштението од Министерството за финансии. Владата на Република Македонија и Министерството за финансии, се додава, остануваат посветени на поддршка на земјоделството како носечка гранка во македонското стопанство.
повеќе...