Рокот за поднесување на годишните извештаи за персонален данок (обрасците ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ЗП и ПДД-ГИ/ОЦО) и Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец ПДД-ПЗ) е 31-ви јануари. Бидејќи последниот рок паѓа во сабота (неработен ден), потсетуваме дека согласно законот обрасците ќе можат да се поднесуваат и на 2-ви февруари 2015 година (понеделник), како прв работен ден.
повеќе...Tag: ујп
Бруто плата 2015 – Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси
Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2015 година изнесува 31.644 денари. Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за месец Јануари до Декември 2015 година (согласно член 15 и 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување). Најниската основица за пресметка на придонесите за 2015 година изнесува 15.822,00 денари (50% од 31.644) Највисока основица за пресметка на…
повеќе...Уште пет дена за воведување на фискален апарат со ГПРС уред
Сите фирми кои што вршат промет на добра и на услуги за кои плаќањето се врши во готово, а кои досега не ја отпочнале постапката за воведување на ГПРС фискална каса кај некои од овластените производители, имаат уште пет дена до истекот на крајниот рок – 31 Јануари, да ја исполнат законската обврската. Според последните податоци, 38.565 фискални апарати со ГПРС уред успешно се регистрани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања. По истекот на рокот, даночните обврзници кои немаат воведено и не користат…
повеќе...Контроли на угостителски објекти во Охрид, Струга и Дебар
Припадници на СВР Охрид во содејство со инспекциски служби на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат и вчера (16.01), реализираа акциска контрола во 13 угостителски објекти на подрачјето на ПС од ОН Охрид, ПС Струга и ПС Дебар. Притоа во контролата извршена во “Ланч бар “Кадмо“ на ул. “Коста Абраш“ од страна на УЈП поради неиздавање на фискални сметки објектот ке биде времено затворен 15 дена а изречена е и глоба од 2.500 евра во денарска противвредност за правно лице како и 750 евра за одговорно лице во…
повеќе...Земјоделци – Истекува рокот за регистрација и пријавување за паушално оданочување со персонален данок
Од УЈП ги потсетуваст граѓаните кои се занимаваат со земјоделство како основна или дополнителна дејност и кои оствариле приход до 1.300.000 денари во 2014 година, дека истекува рокот за користење на можноста да се регистрираат и пријават во УЈП за паушално оданочување со персонален данок. Постапка за регистрација на земјоделците и пријавување за паушално оданочување Доколку досега не сте регистрирани во Управата за јавни приходи како даночен обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, потребно е, најдоцна до 31 јануари 2015 година, до Управата за јавни приходи да поднесете: Пријава…
повеќе...Охриѓани во пресметка со возило на УЈП
Вчера во Охрид, за време на редовните инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат кои се одвиваа во вечерните часови, од страна на несовесни граѓани оштетено е службено возило на УЈП со регистарски таблици СК 3135 АЦ паркирано во близина на плоштадот во Охрид, односно со остар предмет исечени се сите четири гуми на возилото. Од страна на Министерството за внатрешни работи направен е увид. Управата за јавни приходи им порачува на локалните бизниси и несовесните граѓани, дека користењето на насилни методи насочени кон даночниците и уништувањето на…
повеќе...Дерегистрација на фискални апарати
Според укажувања од даночните обврзници и известувања на медиумите, одредени овластени производители на фискален систем на опрема вршат дерегистрација на старите фискални апарати со надомест, а особено кога даночен обврзник одлучил новиот фискален систем на опрема да го набави од друг овластен производител. Со ваквите дејствија им се скратува правото на даночните обврзници за слободен избор за набавка на фискален систем на опрема, се условувааат даночните обврзници, се јавува нелојална конкуренција на пазарот на фискални апарати, што е спротивно на повеке законски прописи. Ваквиот начин на постапување негативно влијае на…
повеќе...Персонален данок на доход – Поднесување на годишни извештаи за 2014 година
Годишните извештаи ги поднесуваат исплатувачите кои во изминатата 2014 година: извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од општи игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка – Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ”). Напомена: Исплатувачите кои вршат исплата на приходи од добивки од посебни игри на среќа (игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб) немаат обврска да поднесат Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ“). извршиле…
повеќе...Од контролирани 11 угостителски објекти, изречени глоби во седум, од кои пет и времено затворени
Согласно претходно подготвен план за контрола на угостителски објекти и вчера (06.01.) од страна на припадници на СВР Скопје, во содејство со инспекциски екипи од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи и Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат на подрачје на СВР Скопје извршија контроли во вкупно 11 правни лица – угостителски објекти. Притоа во три угостителски објекти не беа регистрирани никакви неправилности: угостителски објект на “ЕДЕКА-МУШЕ ДОО“ лоциран во ТЦ ТРЕСКА на ул. “2-ра Македонска Бригада“; ДПУ “ТИМ ТРЕЈД – ГАЏА БАР“ лоциран на ул. “Казанџиска“;…
повеќе...Вчера проверки во 25 угостителски објекти на подрачјето на главниот град
Припадници на повеќе организациони единици при СВР Скопје во содејство со инспекциски органи од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи и Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат согласно претходно подготвен план за контрола на угостителски објекти продолжија со контролите во угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје, така што вчера (05.01.) извршија контроли во вкупно 25 правни лица – угостителски објекти. Притоа во девет угостителски објекти не беа евидентирани никакви неправилности: “БИТ ПРОМ ДООЕЛ“ Скопје на ул. “Кеј 13-ти Ноември“ и подружница ресторан ВЕНЕЦИЈА на бул. “Партизански…
повеќе...