ЈП „Нискоградба“ со бројни активности на терен

Екипи на ЈП „Нискоградба“, денеска со бројни активности на терен. На улиците „Никола Петров Русински“ , „Васил Главинов“ и „Питу Гули“, се вршеше санација на раскопаните површини кои беа раскопани поради дефекти на водоводната линија. Во населба „Лескајца“ се оградуваше, обележуваше и бетонираше новото повеќенаменско игралиште со што го доби својот конечен изглед. Кај ресторанот „Котва“ се работеше на обележување на паркинг просторот. На улицата „Железничка“ се вршеше приклучување на фекалната канализација, а на улиците „Аџи Мустафа“ , „Коста Абраш“ , „АСНОМ“ и „Абаз Емин“ се изврши машинско чистење на…

повеќе...

Јавното осветлување во Охрид редовно се сервисира

Екипи на Јавниот приватен партнер на Општина Охрид за јавното улично осветлување заедно со стручните лица од Секторот за комунален развој,сообраќај и улици во текот на летниот период имаат зголемен обем на работа при санација на дефекти и замена на дотраени улични светилки со нови по целата територија на Општина Охрид. Деновиве поради шпицот на летната туристичка сезона како резултат на зголеменото оптоварување на електричната енергија се јавуваат повеќе дефекти на различни делови од Општината, но заради зголемениот степен на координација помеѓу Секторот за комунална дејност и екипите што работат…

повеќе...

Асфалтирани охридски улици онаму каде тоа го дозволува забраната за градежни активности во лето

Согласно годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид и во тесна корелација со акциониот план за санација на улиците, економскиот оператор АД “Илинден“ по налог и надзор на секторот за комунални дејности продолжува со асфалтирање на дел од охридските улици .Во изминатите неколку дена целосно се реконструирани,тампонирани и асфалтирани вкупно четири краци на три охридски улици. На улицата “Јане Сандански“ асфалтиран е крак што води до новоизградени станбени објекти со вкупна површина од 157 м2. Активностите за асфалтирање на овој крак ниту по…

повеќе...

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици апелираат да не се уништува јавното осветлување

Заради зачестените кражби на металните капаци од електричните столбови за јавно осветлување, а во насока на подобрување на квалитетот на јавното осветлување, Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, упатува апел до граѓаните на Охрид, да престанат со оваа појава. Крадењето на истите ја намалува ефикасноста на јавното улично осветлување, сериозно влијае врз безбедноста на минувачите и создава лоша слика за гостите кои го посетуваат градот. Од Секторот најавуваат дека веќе е започната санацијата на оштетените електрични  и замена со нови капаци.

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ ќе ги отстранува хаварисаните возила

Се известуваат сите сопственици на хаварисани возила или возила кои не се употребуваат во сообраќајот, а се наоѓаат на јавни површини на територијата на општина Охрид, да ги отстранат сопствените возила. Доколку сопствениците доброволно не ги отстранат возилата, истото ќе го направи ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид по налог на Комуналната инспекција, а на сметка на сопствениците на возилата.

повеќе...

Уреден зелениот појас на булеварот „Св.Наум Охридски“ до населбата Рача

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве ја искосија високата трева и го уредија просторот помеѓу коловозните ленти на булеварот „Св.Наум Охридски“ до населбата Рача. Поради конфигурацијата на теренот кој не е нивелиран, косењето беше извршено рачно, па поради тоа расчистувањето се одвиваше со побавно темпо. За расчистување на целиот потег и негово целосно партерно и хортикултурно уредување, потребна е преходна нивелација на теренот. Со оглед дека овој патен правец е во надлежност на ЈП „Македонија пат“, ЈП „Охридски Комуналец“ е подготвено доколку претходно се направи нивелација на теренот, на сопствен…

повеќе...

Расчистена зелена депонија на „Ванчо Питошески“- се косеше во Рача и кај „Проаква“

По налог на општинскиот Инспекторат ЈП „Охридски Комуналец“ изврши расчистување на локацијата која се наоѓа на ул. „Ванчо Питошески“ во близина на градинката „Лихнида“. Надвиснатото и неуредено зеленило кое се ширеше од оваа локација и се наоѓа на приватен имот претставуваше опасност во движењето на пешаците и автомобилите. Беше расчистен зелен отпад во енормни количини: трње, капини и гранки , кои се транспортирани во три тури. Во рамките на тековните активности се изврши косење на тревата на ул. „Булевар Туристичка“ во близина на дирекцијата на „Проаква“ и косење на тревата…

повеќе...

Се поставува фекална канализација на улицата „Лазо Трпоски“

Екипите на ЈП „Нискоградба“, на улицата „Лазо Трпоски“ работат на  поставување  линија за одведување на фекалните води. Со изградбата на фекалната канализација ќе се реши долгогодишниот проблем на оваа улица. Паралено со одржувањето  и изградба на нова  канализационата мрежа, екипите на ЈП „Нискоградба“ по налог на општина Охрид, работат и на други инфраструктурни проекти. Нивни екипи деновиве работат на уредување на дворното место на црквата Св. Недела во селото Долно Лакочереј и на уредување на спортскиот полигон во селото Велгошти.

повеќе...

Хортикултурно уредени „Железничка“ и „Булеварот Туристичка“

Започнувајќи од 13 мај годинава, ЈП „Охридски Комуналец“ ја реализира втората фаза од уредувањето на бетонската жардинерија на улицата „Железничка“. Жардинеријата хортикултурно се уредува со засадување на декоративни зимзелени растенија од видовите пироканта, вибрунум, берберис, елата и лоницера, кои нема да пречата на видливоста на возилата и безбедното одвивање на сообраќајот. Досега  е засадено 60% од целата должина на сообраќајницата со 1100 садници. На булеварот Туристичка, поставено е црево за наводнување на вегетацијата со вкупно 350 прскалки. За жал и на двете сообраќајници, направени се оштетувања, односно украдени се 70…

повеќе...

Привршува обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација

Обележувањето  на хоризонталната сообраќајна  сигнализација на територијата на општина Охрид, која  започна на 20 јули 2014 година, планирано е да заврши за една недела.По завршувањето на овој дел од активностите  на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици, следува обележување и дислокација на такси станиците што ќе го врши ЈП „ Нискоградба“ . Во текот на изминативе денови обележани се улиците „ АСНОМ“ ( 110 м2 , а останува уште  мал дел) , „ Питу Гули“ (  86 м2 ) , „ 15-ти корпус“ ( 129 м2 ) , „ Железничка“…

повеќе...