Министерството за култура првпат ќе распише конкурс за откуп на галериски скулптури

Министерството за култура првпат ќе распише конкурс за откуп на скулптури од галериски формат од македонски автори кои се врвни во своето творештво или млади творци со особен уметнички израз. Конкурсот ќе биде објавен во ноември годинава и ќе трае до крајот на јануари 2015. Ќе се распишува секоја година во исто време и за него Министерството годишно ќе одвојува по 4 милиони денари. Пријавените трудови ќе ги оценува и селектира стручна комисија. Поектот е дел од Националната стратегија за култура 2013-2017 и има цел да го стимулира овој вид…

повеќе...

Презентација на тековната 5-дневна обука на уметници од Македонија за работа со ранлива група

Перформанс за презентација на тековната 5-дневна обука на уметници од Македонија за работа со ранлива група се одржува на Факултетот за туризам и угостителство Охрид. Перформансот е дел од тренингот што се реализира во Охрид, во периодот 15-19.01.2014, а кој го водат уметниците Хелена Бистром и Ана Калблад од Шведска, во рамки на проектот “Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област”, чиј носител е К.Ц. Медиа Артес од Охрид. Во тренингот се обучуваат 20 уметници и други креативни…

повеќе...

Изложба на фотографии на Фото клуб „Охрид“ во просториите на „Охридско Лето“

Вечерва во просториите на „Охридско Лето“, во рамките на активностите за одбележување на празникот Свети Климент Охридски беше отворена 15-та традиционална изложба на Фото клуб „Охрид“. Како дел од годинашното празнување, во низата на бројните културни содржини, љубителите на уметноста имаа прилика да уживаат во фотографската уметност на 10 тината автори чии фотографии од денес па во наредните два дена ќе бидат изложени просториите на Фестивалот.  Претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњановска која ја прогласи изложбата за отворена, рече дека зад секоја слика има 15 години ентузијазам и…

повеќе...

Традиционална изложба на дела од роднокрајни ликовни уметници

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, денес во 19 и 30 часот ќе биде отворена традиционалната ИЗЛОЖБА на дела од роднокрајни ликовни уметници по повод  8-ми Декември денот на Св. „Климент Охридски“, патрон на градот Охрид.

повеќе...

Утре ќе биде промовиран Проектот „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област“

Во Охрид ќе се одржи прв јавен настан по повод отпочнувањето на проектот “Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област”, чиј носител е К.Ц. Медиа Артес од Охрид. Проектот се реализира во партнерство со организацијата Refraction Association од Тирана, Албанија и истиот е поддржан преку ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Буџетот на проектот изнесува 58.360 евра. 85 % од финансиските средства се обезбедени од Европската Унија (претставувана преку Делегацијата на ЕУ…

повеќе...

Изложба на творби на деца и млади во Струга

Ликовни творби на деца и млади на тема „Сите бои на мојата земја“ ќе бидат изложени на 21 ноември во Струга, во Основното училиште „Браќа Миладиновци“. Творбите се создадени од ученици од повеќе градови во текот на Креативната школа за ликовно творештво, одржана летово во Охрид, во рамки на проектот на Цивил – Центар за слобода „Сите бои на мојата земја“, посветен на едукацијата за човековите права и слободи и толеранцијата преку заедничко креативно творење. Делата кои ќе бидат изложени се дел од творбите создадени во текот на Школите за…

повеќе...

Изложба на академскиот сликар Коста Батев, утре во Центарот за култура

Утре, 23 август 2013 година во Изложбениот салон на НУ Дом на култура „Григор Прличев“ во 19:00 ч. ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Коста Батев. Изложбата ќе ја отвори програмскиот координатор академскиот сликар Славко Упевче. Костадин Батев роден 1979 г. во Струмица, Р.Македонија. Средно учулиште завршил во УПУ „Лазар Личеновски“ – Скопје 1997 г. Во 2004 година дипломира на ФЛУ отсек сликарство со графички дизајн во класата на Проф. Вело Ташовски. Член на ДЛУС од 2000 год. Во дескриптивното сликарско искуство, се насетува намерата за дирекна комуникација на човекот со човек.…

повеќе...

Владини стипендии за студии на врвни школи за „фини уметности“

На денешната прес-конференција, портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев истакна дека како резултат на интенцијата и заложбата за обезбедување на услови и шанси за граѓаните на Република Македонија за дооформување на своето образование на влијателни и реномирани универзитети и специјализирани школи на кои се одвива настава од областа на филмската, музичката и ликовната уметност, и со цел обезбедување на услови за дополнителен развој и унапредување на овие дејности во нашата земја, Владата одлучи да ја финансира стипендијата за секое лице кое ќе успее да се запише на универзитет…

повеќе...

Отворена 29-тата Ликовна колонија Дебрца 2013

Вечерва во селото Белчишта се одржа церемонијата на отварање на дваесет и деветата по ред Меѓународна ликовна колонија Дебрца 2013-та. Oваа реномирана ликовна колонија која е со децениска традиција за отворена ја прогласи градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски кој во своето обраќање истакна дека долгата традиција на колонијата и нејзиното високо реноме обврзува кон неа да се однесуваме со поголема одговорност, а меѓународниот карактер на истата пак отвора шанси, малата рурална општина да се претстави пред светот. На годинешната колонија ќе творат 12 уметници од 4 земји. Тие во…

повеќе...