На 23ти април во просториите на Природно -математичкиот факултет во Скопје се одржа третиот Државен натпревар по Биологија, каде учениците од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, Охрид освоија две трети места. Ученичките Екатерина Бочвароска и Евгенија Пулеска со ист број на бодови освоија трета награда, под менторство на наставничката Маја Попоска. WebOhrid
повеќе...Tag: велгошти
Поставени лед светилки во дворот на ОУ „Живко Чинго“ Велгошти
Во дворот на ОУ „Живко Чинго“ с. Велгошти беше извршена промена на уличното осветлување со нови лед светилки, со што ќе се овозможи поголема видливост и безбедност во училиштето. Поставувањето на светилките беше извршено од страна на ИЦС системи.
повеќе...Основците од „Живко Чинго“ се вклучија во Неделата на солидарноста
ОУ „Живко Чинго“, Велгошти се вклучи во одбележувањето на Неделата на солидарноста од 18-24 април, под мотото „Вашиот прилог – Значајна помош“. „Учениците и вработените од нашето училиште организираа Хуманитарна акција, во која се собраа пакети со храна и облека, кои ќе бидат донирани на граѓани од Охрид и Дебрца на кои им е неопходна помош од ваков вид.“- велат од училиштето.
повеќе...Градежни активности во Велгошти
Градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“ денес, започна со активности во Велгошти, каде се изведуваат градежни зафати за поплочување на улички со бехатон плочки со вкупна површина од 700м2. Исто така се поставуваат коловозни и парковски ивичници, се врши бетонирање на тротоари и патеки, како и изработка на собирни и одводни површини. Градежните активности се очекува да завршат за околу еден месец, а вкупната вредност на овие зафати изнесува повеќе од 1 000 000 денари.
повеќе...ОУ „Живко Чинго“ со најдобар солист и освоено второ место на хорот на Регионалните хорски смотри
Во ОУ „Христо Узунов“ денес се одржаа Регионалните хорски смотри. На манифестацијата учествуваа хорови од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево. Ученичката Билјана Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“ го освои првото место на Регионалниот натпревар во дисциплината најдобар солист и со тоа се стекна со право за учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи во Кавадарци на 8ми мај. Хорот од Основното училиште „Живко Чинго“ на хорските смотри го освои високото второ место. Сето ова е водено под диригентската палка на менторот Оливера Петковска. „Упатувам големи честитки до сите ученици…
повеќе...ОУ „Живко Чинго“ дел од Саемот за наука и култура во „Јахја Кемал“
Ученици од ОУ „Живко Чинго“, село Велгошти – Охрид, заедно со директорот Ѓоко Чингоски и наставниците од ова училиште денес присуствуваа на Саемот за наука и култура кој се одржа во приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ во Струга. Училиштето „Живко Чинго“ присуствуваше со штанд, каде беа претставени активностите на учениците преку разни експерименти и прикази од областа на математиката, македонски, англиски и германски јазик, географијата, биологијата, физиката, хемијата, информатиката, техничкото, ликовното, граѓанското и музичкото образование. WebOhrid
повеќе...Јована Кецкарова од ОУ „Живко Чинго“ освои второ место на Државниот натпревар во тенис
Петтоодделенката Јована Кецкарова, ученичка во ОУ „Живко Чинго“, Велгошти освои второ место на Државниот натпревар во тенис кој вчера се одржа во Скопје. Јована веќе две години е член на Тенискиот клуб Охрид кај тренерот Мичо Крстески. Таа досега има освоено две први и две втори места на ниво на Македонија, две први места во портокалов тенис и две втори во зелен тенис. WebOhrid
повеќе...Ученик од ОУ „Живко Чинго“ се пласира за Државен натпревар по географија
Под организација на Македонското Географско Друшто на Република Македонија, денес во просториите на ОУ „Христо Узунов“ Охрид се одржа Регионалниот натпревар по Географија. Ученикот од деветто одделение Димитар Балески од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти го освои второто место по ранг листа на натпреварот. Неговото достигнување е постигнато под менторство на наставникот по географија м – р Живко Богојески. Со постигнатото ученикот се пласира на државен натпревар по географија на 6-ти мај. „Честитки за ученикот кој го освои второто место на натпреварот по географија. Му посакувам многу успех на Државниот натпревар. Упатувам…
повеќе...Екатерина Бочвароска од ОУ „Живко Чинго“ освои прво место на Регионалниот натпревар по математика
Денес на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, се одржа 34-от Регионален натпревар по математика за учениците од основно образование во учебната 2015/16 година. Домаќин на натпреварот беше ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. На натпреварот, седмоодделенката Екатерина Бочвароска од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти го освои првото место, под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска. Таа ќе учествува на Државниот натпревар по математика, кој ќе се одржи во месец мај, во Скопје. Ученичката Николина Каралиева VI одделение го освои третото место, под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска. Седмоодделенката Евгенија Пулеска го освои…
повеќе...ОУ „Живко Чинго“ се вклучи во одбележувањето на Денот на шегата
Учениците од одделенска настава при ОУ „Живко Чинго“, Велгошти како и дечињата од градинката која е во рамки на училиштето денес се вклучија во одбележувањето на 1-ви април- Денот на шегата. „Маскирани во маски повеќето изработени на часовите на ликовно образование во соработка со родителите, децата продефилираа во училишниот двор и низ центарот на селото. Насмеани и ведри како пеперутки и пчелки беа вистински украс на природата.“- велат од училиштето. WebOhrid
повеќе...