Воскресение Христово – Втор ден

Православните верници го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово во саботата на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, по што, вчера и денеска, се одржуваат воскресенски литургиии. Велигден е спој на верата и традицијата негувана од памтивек. Почнува на Велики четврток пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол…

повеќе...

Утрена зо Златоустова литургија во сите парохиски цркви за втор ден Велигден

Утре, по повод Втор ден Велигден ќе се служи утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 8:30 часот. Архиерејска литургија ќе има во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“ – Струга.

повеќе...

Заев: Веќе сме обединети и се случува Воскресение на слободата!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во чест на големиот христијански празник, Христовото Воскренесие – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до претставниците на МПЦ – ОА и до сите граѓани кои денеска празнуваат. „Ви го честитам од срце големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое име. Денеска, на овој голем ден, кога повеќе од вообичаено сме отворени за духовните вредности, почувствувајте, се случува Воскресение на слободата! Тоа е нашиот заеднички благослов за храброста, за…

повеќе...

Јолевски со честитка за Велигден: Љубовта, мирот и посветеноста се клучните доблести кои го градат нашиот карактер

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до припадниците на АРМ, вработените во Министерството за одбрана и сите граѓани на Република Македонија од православна исповед. „Како министер ми преставува голема чест да Ви го честитам овој голем празник Воскресение Христово – Велигден.На овој голем празник секој од нас ги истакнува највозвишените човекови вредности. Љубовта, мирот и посветеноста се клучните доблести кои го градат нашиот карактер и се водилка во нашите животи. Дозволете ми да ја истакнам мојата почит…

повеќе...

АХВ со честитка за Велигден

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија на сите верници од православна вероисповест, им ги честита големите Велигденски празници. „Во сплотеност, со верба во Бога, на здрава и богата трпеза, нека бидат пристутни доброто здравје, љубовта и искреноста. Нека Христовото воскресение го исполни Вашиот дом со благосостојба и мир. Честит Велигден!“- стои во честитката.

повеќе...

Претседателот Иванов на велигденска свечена литургија во Соборниот храм во Скопје

Претседателот Иванов заедно со сопругата г-ѓа Маја, по повод празникот Воскресение Христово – Велигден, денеска присуствуваа на свечената литургија во Соборниот храм „Св.Климент Охридски” со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан. Македонскиот претседател на сите православни верници им го честиташе најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден и им посакаа многу здравје, радост, среќа, мир, бериќет и успех. „На сите што денес го слават Велигден би сакал да им го честитам овој голем христијански празник со традиционалниот поздрав Христос Воскресна, навистина Воскресна. Празникот Велигден не е само воскресение, тоа…

повеќе...

СВР Охрид со честитка за Велигден

По повод големиот Христијански празник Велигден, од СВР Охрид до сите православни верници упатуваат искрени честитки за среќно и долговечно празнување на Христовото Воскресение. „Посакуваме достоинствено и величествено велигденско празнување, нека столбот на нашата вера Велигден ги исполни нашите домови и семејства со здравје, среќа, со чиста мисла, почит, солидарност и толеранција кон сите наши сограѓани. Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови права и слободи…

повеќе...

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод големиот Христијански празник – Велигден

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија, како и до до Поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. „Со голема чест и радост во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, Ви го честитам големиот Христијански празник – Велигден и Ви посакувам мирни и благословени празнични денови. Денот на Христовото воскресение е ден кој…

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија: „Дозволете ми на сите верници од православна вероисповед и на сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија да упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На овој голем христијански празник кога ја славиме победата на животот над смртта се присетуваме дека токму почитувањето на христијанските вредности и верата…

повеќе...