Мирен протест на жителите на с. Велмеј

Жителите на село Велмеј свесни за опасноста која ја шири нелегалната депонија, која е лоцирана до селото, по нивното здравје и околината поведоа грѓанска иницијатива за дислокација на депонијата, која по се изгледа не беше воопшто вредна да биде разгледана од локалната самоуправа и да бидат преземени соодветни решенија. Како резултат на тоа што локалната власт неможеше да оддели од своето скапоцено време за вакво клучно прашање, денес жителите излегоа на мирен протест со тоа што го спречија возилото на Јавното претпријатие “Дебрца” отпадот од цела Дебарца да биде депониран…

повеќе...

Исчезнатото девојче од Лешани пронајдено е мртво во атарот на Велмеј

На 02.01.2014 година од страна на увидна екипа од СВР Охрид во содејство со ОЈО извршен е увид во атарот на село Велмеј, охридско, во врска со пронајден леш на 01.01.2013 година при што утврдено е дека се работи за четиринаесет годишното девојче од село Лешани кое на 12.11.2013 година беше пријавено за исчезнато.

повеќе...

Претставници од Центарот за социјална работа и од Општина Дебарца ќе остварат средби со жителите од Велмеј и Лешани

Претставници од Центарот за социјална работа Охрид и претставници од Општина Дебарца утре ќе остварат средби со жителите на село Велмеј и село Лешани. На средбата жителите ќе бидат запознаени за проектот на отворени денови за социјалната заштита во руралните средини.  Овој проект има за цел да обезбеди информирање на жителите од руралните средини за правата и услугите од социјалната заштита. Со проектот ќе се овозможи рано откривање и ран третман за жителите, кои се изложени на социјален ризик како и ублажување на штетните последици, се со цел поголема достапност…

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски оствари средба со жителите на с.Велмеј

Градоначалникот Игор Трајкоски продолжува со своите средби со жителите по населените места низ општина Дебарца. Овој пат се сретна со жителите на с.Велмеј. На средбата беше разговарано за повеќе работи кои им се од приоритет на жителите во с.Велмеј. Од страна на Градоначалникот беа запознати за планираните активности за с.Велмеј меѓу кои завршувањето на каптажата на изворите ИСТОК каде што имаше понирање на водата и дека се планира во наредна фаза партерно да се уреди просторот околу изворите, беше разговарано за тампонирање на полски пат кој им е од витално…

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски денес го посети с.Велмеј каде се врши реконструкција на изворите „Наисток“

Градоначалникот Игор Трајкоски денес беше на увид во с.Велмеј каде што се врши реконструкција на изворите „Наисток“, која треба да приврши деновиве. Имено се работи за средства доделени од ИПАРД програмата во висина од 508.000,00 денари. Во реконструкцијата предвидено е санирање на каптажата поради која изминативе години имаше понирање на водата, поради што немаше прелив на вода преку дулците. Од страна на градоначалникот беше увиден и теренот пред старата воденица каде што ќе се уреди просторот и ќе се добие еден современ простор уреден со клупи и зелена површина.

повеќе...