Агенцијата за храна и ветеринарство ја информира јавноста дека 250 илјади дози од вакцината за превенција од болеста Чвореста Кожа кај говедата денеска пристигна во Република Македонија. Дистрибуирањето на вакцината до надлежните ветеринарни друштва, ветеринарните амбуланти и матичните ветеринари е во тек. Според веќе изготвениот акциски план за превентивна вакцинација Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започне со превентивното вакцинирање на сите говеда на територијата на цела Македонија за спречување на ширење на болеста Чвореста Кожа.
повеќе...Tag: ветеринарство
Почна вакцинацијата против болеста чвореста кожа кај говедата
Агенцијата за храна и ветеринарство обезбеди 50 илјади дози од вакцината против болеста Чвореста кожа кај говедата, за итна вакцинација на добитокот во 19 општини во Источна и Југоисточна Македонија (Демир Капија, Штип, Василево, Радовиш, Босилово, Делчево, Виница, Пехчево, Берово, Ново Село, Струмица, Валандово, Дојран, Македонска Каменица, Гевгелија, Кратово, Конче и Зрновци, Богданци). Со цел сузбивање и искоренување на болеста и намалување на ризикот од нејзино ширење, согласно подготвениот план, со вакцинацијата ќе бидат опфатени зоните под надзор и заштитните зони во општините каде има потврдени позитивни грла, како и…
повеќе...АХВ: Во 14 општини 62 говеда болни од јазлеста кожа
Од појавата на болеста Јазлеста кожа кај говедата кон крајот на минатиот месец, во земјава, досега евидентирани се 53 жаришта на болеста во 14 општини, главно во источниот дел на Република Македонија ( Демир Капија, Штип, Радовиш, Делчево. Босилово, Василево, Дојран, Ново Село, Валандово, Пехчево, Берово, Виница, Гевгелија, Македонска Каменица). „Во жариштата, позитивни се 62 грла, односно кај нив болеста Чвореста кожа е лабораториски потврдена, а афектирани или сомнителни се 829 говеда. Заклани и нештетно уништени досега се 362 говеда,“ велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Бројот на заболени…
повеќе...АХВ го одбележа почетокот на Регионалната кампања на ОИЕ за подигнување на свеста за одговорното сопствеништво
Со промотивен настан за актуeлизирање на прашањето за одговорно сопствеништво и за правата и обврските на сопствениците на домашни миленици, денес, под мотото “Биди неговиот херој”, пред спомен фонтаната на Тоше Проески на Детската улица во населбата Ново Лисиче, Агенцијата за храна и ветеринарство го одбележи почетокот на регионалната кампања на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ за подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и за контролата на бездомните кучиња во балканските земји. За прв пат годинава, Република Македонија е дел од унифицираната кампања на Светската организација…
повеќе...Македонија прва во регионот ќе спроведе целосна вакцинација против „јазлеста кожа“
Македонија прва во регионот целосно ќе ги заштити говедата од „јазлеста кожа“. Како што пренесува МИА, вакцинирани ќе бидат сите, вкупно 225.000 грла, за најмногу две до три недели од пристигнувањето на веќе набавените 250.000 вакцини. Како што соопштија денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, засега се регистрирани 34 жаришта на „јазлеста кожа“ во 14 општини, главно од источна Македонија. Заболени се 39 животни, а 524 се потенцијално афектирани, односно биле во контакт со заболените, поради што…
повеќе...Болеста чвореста кожа кај говедата засега само во Источна Македонија
Заклучно со денеска, болеста „јазлеста кожа“ е потврдена во осум општини. Вкупно 12 животни во 10 одгледувалишта манифестирале клиничка слика и за нив е добиена лабораториска потврда дека се заболени, а 235 се афектирани, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски на денешната прес конференција. Како што рече Поповски, покрај усмртувањето и нештетното отстранување на заболените грла, превентивно се формирани и заштитни зони со радиус од три километри околу жариштата каде болеста е потврдена, зони под надзор со радиус од 10 километри околу жариштата и зони под…
повеќе...АХВ: Мерките за справување со болеста навреме се преземени
До 20ти мај треба да пристигнат вакцините против „јазлеста кожа“ кај говедата за што се обезбедени еден милион евра. Надлежните засега успешно се справуваат со појавата на оваа болест, делувајќи секојдневно на терен заедно со сточарите и ветеринарните служби, истакна на прес-конференција заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, отфрлајќи ги како невистини обвинувањата на дополнителниот заменик Љупчо Николовски дека Агенцијата за храна и ветеринарство навреме не реагирала и не презела соодветни мерки за справување со болеста. Уште еднаш, во недостиг на идеи и конкретни проекти, рече тој, Николовски…
повеќе...АХВ со честитка за Велигден
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија на сите верници од православна вероисповест, им ги честита големите Велигденски празници. „Во сплотеност, со верба во Бога, на здрава и богата трпеза, нека бидат пристутни доброто здравје, љубовта и искреноста. Нека Христовото воскресение го исполни Вашиот дом со благосостојба и мир. Честит Велигден!“- стои во честитката.
повеќе...АХВ ги зголеми дневните максимално дозволени вредности за креатинот и Л- Карнитинот
На последниот одржан состанок, Комисијата за посебни видови храна донесе одлука со која се изврши зголемување на досегашните максимални дозволени вредности за дневна употреба на Креатинот од 3 на 5 грама и на Л- Карнитинот од 1 на 2 грама. Со новата одлука се елиминираат тешкотиите со кои беа соочени операторите со храна при увоз, односно им се дава можност на пазарот на Република Македонија да ги пласираат производите кои се продаваат и на европскиот пазар. Овој тип на производи најчесто го употребуваат спортистите при интензивен мускулен напор.
повеќе...АХВ доби награда од Стопанската комора на Македонија за најдобар партнер од државните институции за 2015
Награда за најдобар партнер на Стопанската комора на Република Македонија од државните институции за 2015 година доби денес Агенцијата за храна и ветеринарство од Стопанската комора на Македонија, во рамки на свеченото одбележување на 94 години од формирањето на Комората. Во име на Агенцијата, од првиот човек на Комората Бранко Азески, наградата ја прими директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски. Горд сум, рече директорот Поповски што Стопанската комора на Македонија ја одбра Агенцијата за храна и ветеринарство за најдобар партнер од државните институции. Минатата година со бизнис…
повеќе...