Нови 12 наслови од проектот на Владата за превод на илјада стручни книги од кои се учи на 10-те највисокорангирани универзитети во светот беа промовирани денеска, со што вкупно 957 книги од стручна литература досега се преведени и отпечатени. Новите наслови се од областа на фармацијата, медицината и стоматалогијата, земјоделството и ветерината, туризмот, биотехничките науки, архитектура и градежништво, машинство и електротехника. Заменик-министерот за образовавание и наука Спиро Ристовски на денешната, 59-та промоција од почетокот на проектот во 2009 година, истакна дека Владата и МОН го продолжуваат проектот се додека, како…
повеќе...Tag: влада
Германската STS Textiles инвестира во Демир Хисар, над 1000 вработувања
Германската текстилна компанија STS Textiles денеска најави браунфилд инвестиција во Демир Хисар. Во капацитетите на поранешна „Застава“ првично ќе вложи четири милиони евра и ќе отвори 150 работни места. Плановите на компанијата, според сопственикот Маркус Туч, се бројот на вработени долгорочно да достигне 1000. „Ние сме високо технолошка компанија од текстилната индустрија. Македонија е второто место каде ќе имаме производство. Посетивме неколку држави, Холандија, Бугарија, Романија и Македонија, но по напорите што ги вложи македонскиот тим одлучивме да инвестираме тука, “изјави Туч. Новата компанија во Македонија, најави, ќе биде регистрирана…
повеќе...Од утре еходијагностика на абдомен и тироидеа во Поликлиниката во Драчево
Во Поликлиниката Драчево утре почнува да функционира Кабинетот за еходијагностика на абдомен и тироидеа. Двајца специјалисти ќе ги прегледуваат пациентите од населбата Драчево и околината, кои досега беа препраќани или во други поликлиники или во терцијално здравство. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Поликлиниката и најави дека од утре таму се воведува нова дијагностика за околу 80.000 жители кои гравитираат во овој дел на Скопје. „Станува збор за еходијагностика којашто досега воопшто не беше овозможена на пациентите од овој регион на градот. Станува збор за ехо на абдомен…
повеќе...Груевски: Само во месец јануари странските инвеститори вработиле 400 лица
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање потенцираше дека само во месец јануари странските инвеститори во Македонија вработиле 400 лица. „Во странските инвестиции имам податок за месец јануари дека се вработени 400 лица. Значи 400 нови вработувања има само за месец јануари, што е одличен почеток. Оваа година ќе се вработува и од оние инвеститори кои веќе инвестираа во минатата или претходните години, но и од новите инвеститори кои сега ги градат своите капацитети или, пак, сега ги почнуваат своите инвестиции. Минатата година се вработија 6700 луѓе во…
повеќе...Ќе започне изградбата на две гасоводни мрежи – инвестиција од 46 милиони евра
Во мај или најдоцна во јуни се очекува да почне изградбата на гасоводната мрежа од Штип до Неготино и од Скопје до Тетово. Двете гасоводни мрежи ќе бидат во должина од 110 километри и за нив ќе бидат инвестирани 46 милиони евра. Ќе започне изградбата на две гасоводни мрежи инвестиција од 46 милиони евра Тендерот за гасоводната мрежа од Штип до Неготино, како што информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е веќе завршен и во тек е процесот на евалуација на понудите, а тендерот од Скопје до Тетово е во…
повеќе...Драстично поевтинува испитувањето на влијанието на лековите врз пациентите
Над 30-тина типови испитувања за влијанието на лековите кои ги примаат пациентите и тоа пред се со малигни заболувања, но не ограничувајќи се само на нив, ќе се прават во лабораторијата за биомолекуларни фармацевтски анализи при Фармацевтскиот факултет. За тие испитувања пациентите досега плаќаа многу средства, некои од нив и до 11.000 денари, а сега тие ќе се прават само со партиципација, што значи многукратно се намалува износот кој тие треба да го платат за нив. Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе плаќа најголем дел од сумата потребна за…
повеќе...Димитриев: Има повеќе од доволно време за прочистување на избирачкиот список до 5 јуни
Има повеќе од доволно време за ДИК да го прочисти избирачкиот список до 5 јуни, изјави премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев по денешната посета на Државната изборна комисија. „Апсолутно има услови да се постигнат сите рокови за спроведување фер и демократски избори на 5 јуни,“ рече Димитриев по средбата оценувајќи ја за конструктивна. Тој посочи дека од членовите на ДИК добил уверување дека дополнителното време кое што е добиено со поместување на рокот за одржување на изборите е доволно да се постигне се што е обврска на ДИК.…
повеќе...МНР Попоски: Од нашето членство во НАТО „колку добива Македонија, толку добива и Алијансата“
Безбедносна конференција во Будимпешта Колку добива Македонија, толку добива и НАТО од членството на нашата држава во Алијансата е главниот заклучот од дискусијата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски во рамки на Конференција за безбедност организирана во пресрет на НАТО Самитот во Варшава, што се одржа денес во Будимпешта. Министерот Попоски констатираше дека во поглед на регионалната безбедност, исто како и во поглед на безбедносните ризици поврзани со тековната криза околу приемот на мигранти во Европа, одложувањето на одлуките повлекува цена. „Оваа цена со сигурност ја…
повеќе...Колумна на Попоски за „Катимерини“
Една шанса Граница. Еднo од оние нешта што никогаш не можетe да ги замислитe во позитивен контекст. Прво на памет ни доаѓа слика зa непријатна бирократија, печати, чекање во колони, царина, безбедносни контроли… дури и огради. За голем број Европејци границите сe минато. Нивното исчезнување е најголемото достигнување на Европа. Ова е вo суштината зa една цела, слободна и просперитетна Европа. Oвaa замисла ги инспирира главно оние што се оставени надвор од Шенген. За грчко-македонските односи – границата – имала многу поголемо значење во текот на децениите. Гледано од Атина,…
повеќе...Македонската Влада со награда за најдобра во ЈИЕ за поддршка на претприемништвото
Владата на Република Македонија ја доби наградата за најдобра влада во ЈИЕ за поддршка на претприемништвото на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели што се одржува во Истанбул, а на кој учествува вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Наградата ја врачија Џонатан Ортманс, копретседателот на Глобалната мрежа на бизнис ангели и Бајбарс Алтунташ, заменик- претседател на Европската трговска асоцијација за пазарни инвестиции на компании во рана фаза на развој и бизнис ангели и претседател на Асоцијацијата на бизнис ангели во Турција, кои се и организатори на овој Форум. „Владата на…
повеќе...