Пешевски на Светски форум на бизнис ангели во Истанбул

Бизнис ангелите имаат особено големо влијание во креирањето нови работни места, овозможуваат полесен пристап до финансиски средства за компаниите и се особено значајни за имплементација на иновации добиени со претходни искуства. Инвестициите на „бизнис ангелите“ достигнаа 5,5 милијарди евра со што се создадени над 180.000 нови работни места. Тоа се заклучоците што вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски ги презентираше во завршниот дел од тркалезната маса која се одржа во рамките на „Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели“ (WBAF – World Business Angels Investment Forum) во Истанбул, Република Турција. Вицепремиерот…

повеќе...

Спасов: Продолжува грижата за старите лица

Созузот на здруженија на пензионери на Република Македонија денеска ја прослави 70-годишнината од основањето во новите простории кои државата им ги отстапи без надомест, како дел од постојаните напори за унапредување на состојбата на овие лица. „Ова беше долгододишно барање на Сојузот кое Владата на РМ го оствари. Долги години тие немаа свој простор и плаќаа кирија за нивните досегашни канцеларии,“ рече заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Додаде дека Сојузот, кој денеска го прослави својот јубилеј, е најголема невладина организација во Македонија, која, како што рече, низ…

повеќе...

Димитриев: Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите партии

Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од договорот од Пржино. Ова денеска го истакна премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев во Владата одговарајќи на новинарско прашање. „И сметам дека треба да се држиме до она што веќе го имаме договорено и изгласано во Собранието на Република Македонија“, рече Димитриев. Тој не гледа ниту една причина 24-ти април да биде дискутабилен како датум за предвремени избори.

повеќе...

Ќе се отвораат нови 10 домови за стари лица

Десет нови приватни домови за стари лица ќе се отворат со помош на неповратни грантови од по 750 илјади денари обезбедени од државата. Вкупниот капацитет на домовите треба да биде од 400 до 500 легла, а ќе се отворат и педесетина нови работни места. Огласот за аплицирање е отворен денеска. Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната прес конференција информираше дека за отворањето на десетте домови за стари лица за кои се обезбедени средства во висина од 7,5 милиони денари. Заинтересираните, домовите ќе можат да ги…

повеќе...

Владата ги разгледува инцијативите од проектот „Учиме од бизнис заедницата“

Продолжува континуираниот дијалог помеѓу Владата со бизнис заедницата. 154 домашни компании се опфатени со петтиот циклус на владиниот проект “Учиме од бизнис – заедницата”, кој е фокусиран на унапредување на деловната клима, бизнис опкружувањето и конкурентноста преку директна комуникација и континуиран дијалог на државните институции со приватните компаниите. За реализацијата на петтиот циклус од овој проект, по добиените иницијативи веќе се формирани тимови од голем број на државни институции, согласно наведените проблематики од страна на компаниите и од страна на истите веќе се реализираат посетите на компаниите каде детално се…

повеќе...

Груевски: „Купи куќа за млади“ им се доближува на граѓаните со низа активности

„Кога зборуваме за индустриските зони во општините зборуваме за создавање услови за вработување, создавање услови каде некој би изградил свои капацитети и би вработил невработени луѓе. Кога зборуваме за проектот „Купи куќа за млади“ станува збор за можност која овозможува доаѓање до сопствен дом под екстра поволни услови кои според едниот модел во првите 8 години државата покрива 80 проценти од трошокот за отплата на кредитот. Вториот дел каде се помага во делот на учеството каде се гарантира значително учество со поддршка на државата,“ истакна Груевски. Тој истакна дека за…

повеќе...

Грантови од по 600.000 денари за отворање приватни градинки

Со грантови од по 600.000 денари државата стимулира отворање приватни градинки. Со огласот што го објави денеска Агенцијата за вработување се предвидува распределба на средства за отворање 10 приватни градинки. Се очекува да бидат отворени 40 до 50 нови работни места и дополнителни капацитети за згрижување на 400 до 500 деца. Огласот ќе биде отворен 20 дена. Во центрите на Агенцијата за вработување можат да се пријават физички и правни лица, а приоритет ќе имаат невработените активни баратели на работа. „Оние кои ќе ја искористат финансиската поддршка од 600 илјади…

повеќе...

Димитриев: Носителите на државни и јавни функции да обезбедат слободно право на глас

Во функција на одржувањето на фер, кредибилни и демократски избори на 24 април 2016 година и со цел унапредување на довербата во изборниот процес од страна на сите субјекти и заради превенција и оневозможување на каков било притисок врз граѓаните во поглед на нивното гласање на изборите, претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев испрати инструкција и писмена изјава до сите носители на државни и јавни функции во која повикува на обезбедување на слободата на правото на глас на граѓаните на Република Македонија, информираат од…

повеќе...

Околу три милиони евра за регионални проекти од Владата

Околу 180 милиони денари или три милиони евра за 28 проекти, доставени од Центрите за развој на осумте плански региони, распределени се на повикот за финансирање на проекти за развој на планските региони. Ова денеска го соопшти вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски. Тој информира дека се одржа 16. седница на Советот за рамномерен регионален развој. „Запазен е законскиот критериум со кој најразвиениот, Скопскиот регион доби 7,2 отсто од вкупните финансиски средства. Најнеразвиениот, Североисточниот регион доби 17,3 отсто од вкупните финансиски средства или околу 500.000 евра“, изјави Пешевски. На…

повеќе...

Општествено корисна работа во општините за 200 лица од ранливите категории

Двесте невработени лица од социјално ранливите категории, приматели на социјална помош, лица во социјален ризик и потешко вработливи лица годинава ќе можат да бидат ангажирани за општокорисна работа во општините за период од шест месеци за што ќе добиваат месечен надомест од 6.200 денари. Во периодот на ангажманот лицата кои примаат било каква парична помош од државата нема да ја изгубат. Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов појасни дека на овој начин се овозможува ангажирање на лицата од овие категории кои потешко доаѓаат до работа, со кое, како…

повеќе...