Завршија градежните работи на објектот на Јавната здравствена установа Универзитетски институт ПЕТ-Центар, кој се наоѓа во близина на ГОБ „8 Септември“. Инвестицијата чини 16 милиони евра. Сите процеси во Центарот се одобрени од Меѓународната агенција за атомска енергија и целото производство треба да биде валидирано и сертифицирано од неа. Овој процес на валидација веќе почна со првото производство на изотоп кое се случи на 11 декември 2015 година и ќе трае најмалку девет месеци по што ќе следи финална проверка од Агенцијата закажана за последниот квартал од годинава, која ќе…
повеќе...Tag: влада
Премиерот Димитриев е против одложување на изборите
Премиерот на преодната влада, Емил Димитриев, изјави дека нема основа за одложување на предвремените парламентарни избори и дека тие ќе се одржат на 24 април. Ова Димитриев го изјави при посетата на новата здравствена установа „Пет центар“ на која беше придружуван од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и министерот за здравство, Никола Тодоров. Димитриев рече дека во овој момент нема потреба од лидерска средба. „Сега во моментов не ценам дека има некоја потреба за лидерска средба, бидејќи ние како политички партии имаме секојдневна комуникација и денеска тимовите разговараат по отворените…
повеќе...Дебата за сообраќајна инфраструктура и безбедност во сообраќајот
Регистрираните 148 жртви на сообраќајни незгоди во Македонија во минатата година, што е за 13,8 проценти повеќе во однос на 2014 година, може да се намали со продолжување на инвестициите во изградба и обнова на сообраќајната инфраструктура и истовремено подигнување на свеста за одговорно однесување во сообраќајот. Тоа беше истакнато на отворањето на денешната конференција „Унапредувањето на сообраќајната инфраструктура-фактор за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата“, во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека Владата презема голем број мерки,…
повеќе...Груевски: На 24-ти април доаѓа казната и одмаздата на народот
Поминавме година во која некој користејќи го СДСМ сакаше на најможно валкан начин да го сруши ВМРО-ДПМНЕ, да ја дестабилизира Македонија, и да ја промени по терк како што налагаат неговите интереси, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на Годишната конференција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ. „Се беше совршено подготвено, но како што знаеме не постои совршен злочин. Во овој случај недостасуваше една сериозна финеса, која како и многупати низ историјата се покажа клучна за нашиот опстанок, која ја заборавиле, или во најмала рака ја потцениле, а тоа…
повеќе...Владата и наложи на СОЗР да ја поништи набавката на стилски мебел
Владата не е информирана и не побарала мебел и опрема какви што се наведени во јавната набавка објавена од страна на Службата за општи и заеднички работи која е предмет на актуелен интерес во медиумите. Спецификацијата за јавната набавка е направена од Службата за општи и заеднички работи, без да се консултира Владата. Владата нема потреба од мебел каков што е наведен во спецификацијата и не се согласува со спецификацијата на јавната набавка. Владата и наложи на Службата за општи и заеднички работи да ја поништи јавната набавка.
повеќе...Пуштен во употреба нов далекувод за енергетско поврузање на Македонија и Србија
Нов 400-киловолтен далуковод во должина од 70 километри кој ги поврзува преносните електросистеми на Македонија и Србија на потегот Штип – Врање пуштен е денеска во употреба. Инвестицијата вредна 11 милиони евра е стратешки проект на МЕПСО-Македонскиот електропреносен систем оператор, кој ќе придонесе за зголемена сигурност на електроенергетсакта мрежа и зголемена размена на електричната енергија во регионот. На свеченото пуштање на 400-киловолтниот далуковод од трафостаницата во Штип до трафостаницата во Врање, Србија беа присутни диркторот на МЕПСО Синиша Спасов, извршниот директор на ЕМС – Србија Бранко Шумања, вицепремиерот за економски…
повеќе...Средба Влада – ДИК
Во функција на подготовка на изборите на 24 април 2016 година, денес, се одржа работна средба на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите и Државната изборна комисија. Двете страни ја истакнаа својата посветеност и заложба за организација на фер, кредибилни и демократски избори. Владата за спроведување на избори и Државната изборна комисија, согласно законските прописи и изразената волја се согласија за координирана соработка во функција на спроведување на фер, кредибилни и демократски избори, интензивна комуникација во насока на креирање на решенија за реализација на изборниот процес согласно законските…
повеќе...Уште најмалку 1.000 здравствени работници на едукација во странство
Најмалку 1.000 здравствени работници годинава ќе бидат испратени на едукација во странство. Eдукацијата на медицинскиот кадар во странство е уште една фундаметална мерка во насока на унапредување на здравствениот систем, со што овозможуваме и подостапни здравствени услуги за граѓаните, подобар квалитет на здравствените услуги, како и зајакнување на здравствената заштита на сите нивоа. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека со Законот за медицински студии и континуирана медицинска едукација на лекарите и друг здравствен персонал, едукацијата на медицинскиот кадар во странство е предвидена…
повеќе...Ристовски: По реновирањето на Блок Б, продолжува целосна реконструкција на „Гоце Делчев“
По реновирањето на 135 соби во Блокот Б од студентскиот дом „Гоце Делчев“, каде што се сместени 315 студенти, следна фаза од целосната реконструкција на најголемиот студентски дом ќе биде реновирање на блокот А, а потоа и В и Г. За комплетното реновирање на Блокот Б беа инвестирани 85 милиони денари. Променети се вратите, прозорците, подовите, во собите се заменети тоалетите, ставен е дополнителен мебел – кревети, плакари и биора. Реновирана е и библиотеката на овој студентски дом, која се наоѓа во Блокот Б и е опремена со литература од…
повеќе...Отворен дерматовенеролошки специјалистички кабинет во поликлиника Драчево
Во поликлиниката Драчево денеска е отворен нов дерматовенеролошки специјалистички кабинет, што е деветти по ред. Министерот за здравство Никола Тодоров за време на денешната посета на поликлиниката Драчево нагласи дека веќе се креирани 21 термин дневно во „Мој термин“, кои од утре ќе бидат потврдени и видливи за сите матични лекари, со што ќе можат да закажуваат пациенти кои што имаат потреба од ваква специјалистичка услуга од областа на дерматологијата. Тодоров истакна дека наспроти растот на бројот на пациенти од 28 илјади во 2014 на 33 илјади во 2015 година,…
повеќе...