Проектот „Македонија вработува“ ја одбележа оваа година во делот на отворањето нови работни места и во делот на намалувањето на невработеноста, истакна денеска заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов по посетата на фабриката за месо и производи од месо „МИК Свети Николе“. Според Спасов, до крајот на 2015-та проектот отвори 11.000 работни места. Вкупно 11.000 семејства добија поголема помош, поддршка, вработено лице, редовни средства за егзистенција, редовни приходи и редовно работно место, а поволностите ги искористија и над 6.600 компании. Проектот продолжува, нагласи, како и заложбите за доближување…
повеќе...Tag: влада
Македонија ќе добие Универзитет за национална безбедност
Владата планира да отвори Универзитет за национална безбедност, најави денеска премиерот Никола Груевски. Во состав на универзитетот, како што рече, ќе влезе Воената академија, но и некои други факултети и институти. Со отворањето на новиот универзитет, нагласи, ќе придонесе за зголемување на безбедноста во земјава. „Откако пред неколку години ја возобновивме Воената академија и на неа започнаа да работат повеќе студии кои продуцираат квалитетни кадри, сега се размислува да се формира универзитет за национална безбедност кој ќе биде составен од Воената академија, но ќе има и други факултети и институти“,…
повеќе...Имотен лист од дома, нов дистрибутивен систем на Катастарот
Граѓаните и правните лица од денеска може да нарачаат податоци од Катастарот преку интернет на веб страницата http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP. – Со дистрибутивниот систем што го воведе Катастарот корисниците на многу едноставен начин, со само три чекори, ќе можат да добијат имотен лист од каде било, од својот дом, од работното место, дури и кога се во движење… Овој систем ќе може да го користат сите граѓани во државава и во странство, како и градежни и геодетски компании, јавни институции, општини, министерства, информира на прес-конференција министерката за информатичко општество и амдинистрација Марта…
повеќе...Ставрески: Трендот на раст на индустријата ќе помогне да се реализира планираниот раст на економијата од 4 отсто во наредната година
Трендот на раст на индустријата во последните четири месеци е извонреден и двоцифрен и покажува дека имаме добар влез во следната година и ќе помогне не само да се оствари планираната стапка на раст од 3,5 проценти за годинава, туку и да имаме добар старт на 2016 година и да го реализираме растот од 4 проценти. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во одговор на новинарско прашање по потпишувањето на договорот за заем со КФВ банката за реализација на системот за топлификација на Битола. Ставрески нагласи…
повеќе...Потпишани договори за реализација на проектот за топлификација на Битола
Владите на Република Македонија и на Сојузна Република Германија, ЕЛЕМ и КфВ банката денеска потпишаа една спогодба и три договори за реализација на проектот за изградба на нов систем за централно греење во Битола, Новаци, Могила и Логоварди. Со договорот КфВ на ЕЛЕМ му дава заем од 39 милиони евра за реализација на проектот со фиксна каматна стапка од 1,5 отсто, што е историски најмала камата за изградба на инфраструктурен објект во Македонија, рок на отплата од 15 години со вклучен грејс-период од четири години. Ниската каматна стапка ќе значи…
повеќе...Домашната компанија „Технопласт“ ќе инвестира 10 милиони евра во Бунарџик
Технопласт е првата домашна компанија која денеска потпиша договор за инвестирање во Технолошко индустриска развојна зона (ТИРЗ) Скопје 1 – Бунарџик. Станува збор за инвестиција од 10 милиони евра со која ќе се отворат 200 нови работни места. Инвестицијата ќе се реализира во две фази, при што во првата фаза ќе бидат инвестирани шест милиони евра за изградба на објектот и за набавка на нова опрема, а во втората фаза ќе бидат вложени четири милиони евра и ќе се инвестира во развој на технологии. Во двете фази ќе бидат вработени…
повеќе...Груевски: ИТ зоните ќе отворат неколку илјади работни места
Со основање ИТ зони во наредните години очекуваме да отвориме неколку илјади работни места за информатички инжинери и да овозможиме вработување на невработениот кадар од оваа област, изјави премиерот Никола Груевски. Со Законот за слободни ИТ зони што го усвои Владата пред неколку дена се овозможува влез во зоните на компании од областа на информатичката технологија, кои ќе користат бенефиции и ќе отвораат нови работни места. Остварени се контакти со повеќе компании од различни држави кои пројавиле интерес по стапувањето во сила на Законот да инвестираат во Македонија односно, посочи…
повеќе...Владата донесе заклучоци и препораки во врска со аерозагадувањето
Владата на Република Македонија денес на вонредна седница расправаше во врска со зголеменото ниво на загаденост на воздухот, при што донесе повеќе заклучоци и препораки. Владата усвои заклучок со кој се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) во Градот Скопје и Општината Тетово (каде беше констатирано дека во десет последователни дена ПМ-10 честичките се над дозволените граници), да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лица над 60 годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 годишна возраст со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест…
повеќе...Промовирани 12 нови дела од три капитални проекти
Нови дела од капиталните едиции „Антологија на светската поезија“, „Превод на антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и „Македонски искушенија“ денеска беа промовирани во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје. На промоцијата се обратија премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. „Онака како што работевме цела година, така ја заокружуваме и оваа 2015 година, со нова промоција на два тома од проектот „Антологија на светската поезија“, седум дела од едицијата „Антологија на македонската книжевност на шест странски јазици“ и три книги од проектот…
повеќе...Изградени 40 мали хидроцентрали, инвестирани околу 130 милиони евра
По донесената одлука за изградба на 65 мали хидроцентрали, досега целосно се изградени и ставени во функција 35, а пет ќе бидат завршени и пуштени во работа во јануари. Досега во изграбата на малите хидроцентрали се инвестирани околу 130 милиони евра. Како што информираше денеска премиерот Никола Груевски во тек е изградба на уште 15 мали хидроцентрали кои треба да проработат во текот на наредната година, а уште 10 се подготвуваат со документација, проектирања … „Можам да кажам дека досега од сите овие 40 изградени, во кои ги сметам и…
повеќе...