Намалувањето на невработеноста, според вицепремиерот и министер за финансии, е реалност и најголеми успех на Владата на РМ во овие девет години.Според вчерашниот податок што го објави Државниот завод за статистика, министерот вели, во Република Македонија има 711 илјади вработени лица што споредено со 2006 година, кога имаше 560 илјади вработени е зголемување на вработеноста, односно новоотворени се 150 илјади работни места. „Ова е резултат на добрите економски политики, пред се одржувањето на извонреден амбиент за водење бизнис каде што Македонија е рангирана на 12. место во светот, ниските даноци,…
повеќе...Tag: влада
Владата денес исплати 17,2 милиони денари оштета за поплавите во Струмица, Могила и Гази Баба
Владата денеска исплати 17,2 милиона денари на 364 лица како отштета од поплавите во Струмица, Могила и Гази Баба. Во Могила се исплатени 8,78 милиони денари на 255 лица, во Струмица 6,2 милиони денари на 102 лица, а на 7 жители кои претрпеа штети од поплавите во Гази Баба им се исплатени 2,2 милиона денари. Како што соопшти Министерството за финасии, заедно со претходно исплатените средства, досега се исплатени вкупно 331.691.754 на 3.225 отштетени лица од поплавите кои се случија годинава. Отштета е исплатена на граѓаните од Струмица, Могила, Новаци,…
повеќе...Груевски: Невработеноста се намали на 25,5 отсто, 13 отсто помалку од 2006
Овој квартал во Македонија се вработени речиси 12.000 луѓе. Трендот продолжува, а невработеноста се намали на 25,5 отсто што е намалување за речиси 13 отсто од периодот кога дојдовме во Владата, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „Откако сме дојдени во Владата невработеноста се намалува. Овојпат откако светската и европската криза се зад нас имаме најголемо намалување во еден кваратал, а тоа е за 1,3 отсто. Вработени се речиси 12 илајди луѓе во само три месеци и тој тренд продолжува. Тоа е во месеците јули, август и септември и невработеноста е…
повеќе...Македонија и Албанија ќе соработуваат во енергетиката
Македонија и Албанија се мали држави и имаат потреба од меѓусебно енергетско поврзување што е од интерес на двете земји. Овие проекти значат и нов регионален пазар во енергетиката што е добро за двете земји, но и за целиот регион, заклучија министерот за економија на Република Македонија Беким Незири и министерот за енергетика и индустрија на Албанија, Дамиан Ѓикнури на денешната средба во Струга, на која беше потпишан и меморандум за соработка меѓу двете држави во областа на енергетиката. Преку потпишувањето на меморандумот, според министерот Незири, се потврдуваат и продолжуваат…
повеќе...Груевски: Намалувањето на невработеноста е мотив да продолжиме со ова темпо
Намалувањето на невработеноста дава сила и мотив да продолжиме со ова темпо на работа и со овој начин на водење на економијата, создавање добра бизнис клима и привлекување инвеститори кои отвораат нови работни места, напиша премиерот Никола Груевски на својот фејсбук профил во врска со објавените статистички податоци за намалување на стапката на невработеност во третиот квартал од оваа година. „Денес сум среќен многу, навистина многу среќен. Мојот сон се остварува. Стапката на невработеност падна на историски ниски 25,5 отсто. Од околу 38 отсто во 2006-та на денешни 25,5 отсто…
повеќе...Условите за водење бизнис во Македонија поттик за израелските бизнисмени
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и владината делегација во чиј состав се и министерот за надворешни работи, Никола Попоски и министерот за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф, во рамките на посетата на Државата Изрел учествуваше и се обрати на бизнис форум во Ерусалим. На форумот на кој учествуваа претставници на израелски компании од областа на земјоделието, енергетиката, туризмот и од областа на медицината, владината делегација ги презентираше условите за инвестирање и водење на бизнис во Република Македонија. Премиерот Груевски истакна дека нашата земја направи значаен прогрес…
повеќе...Премиерот Груевски во работна посета на Државата Израел
Претседателот на Владата на Република Македонијa, Никола Груевски, денес престојува во посета на Државата Израел. Во владината делегација која ја предводи македонскиот премиер, се и министерот за надворешни работи, г-дин Никола Попоски, и министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, г-дин Џери Наумоф. Во рамките на посетата, премиерот Никола Груевски ќе оствари средба со премиерот на Државата Израел, г-дин Бенјамин Нетанјаху. Претседателот на Владата Никола Груевски и владината делегација, во Ерусалим, ќе присуствуваат и ќе се обратат и на бизнис форум на кој ќе бидат презентирани можностите за…
повеќе...Попоски-Хан: ЕК сака да види успешно спроведени избори за да даде силна поддршка за отпочнување на преговорите
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, синоќа во Брисел оствари средба со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, со кого разговарале за успешно спроведување на приоритетните мерки и организирање на успешни избори во Македонија во април идната година. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Хан бил задоволен од позитивниот развој на настаните во македонската држава и ветил дека во случај да се спроведат приоритетите и изборите на најдобар начин, дека во тој случај и Еврокомисијата и земјите-членки на Европската унија ќе дадат силна поддршка…
повеќе...Американска Кап-Кон отвори фабрика во Бунарџик, нови 400 вработувања
Во Технолошко индустриската развојна зона во Бунарџик денеска почна со работа фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња „АРЦ Аутомотив Македонија“, инвестиција од 18 милиони долари на американската компанија од автомобилската индустрија „Кап-Кон аутомотив технолоџис“. Во новата фабрика се отворени 75 работни места, а инвеститорот најавува вкупно 400 вработувања. Компанијата ќе биде извозно ориентирана, со производи примарно за европскиот пазар. „Листата на големи и мултинационални компании од светот кои имаат свои фабрики во Македонија од денеска се зголемува и со американскиот инвеститор Кап-Кон“, рече на свеченоста премиерот Никола Груевски.…
повеќе...Проширување на позитивната листа на лекови, најголем дел за малигно болните
Позитивната листа на лекови ќе се проширува, а најголем дел од лековите кои ќе се најдат на неа ќе бидат лекови коишто ги користат малигно заболените, изјави премиерот Никола Груевски. „Станува збор за т.н. прва линија лекови, односно лекови кои се прво препорачани од страна на лекарите согласно медицината базирана на докази. Процедурата веќе е започната во Министерството за здравство. За 15 до 20 дена треба да се отвори тендер за дел од нив, да започне процедурата за ставање на позитивната листа со сите потребни процедурални активности. Дел од нив…
повеќе...