Димитриев: Владата ќе покаже лидерство, со изборите треба да заврши политичката криза

Во Собранието започна расправата за избор на новите министри согласно договорот од Пржино. Во Владата ќе седнат истите министри и заменици-министри што седнаа за изборите што требаше да се одржат на 24 април. Премиерот Емил Димитриев посочи дека за кус период се формира Влада за спроведување на изборите и дека по двата неуспешни обиди очекува да бидат организирани фер и демократски избори. Тој очекува посветена работа од министрите и од замениците, што не беше случај минатиот пат. „Очекувам да покажеме лидерство во сите институции и крајно време е Македонија да…

повеќе...

Собранието денеска ќе ја избира преодната влада

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја избере преодната влада, која ќе ги организира парламентарните избори закажани за 11 декември. Седницата сè уште не е закажана, но има најави дека ќе се одржи во 17 часот. Во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици-министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство. Кандидат за министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски, Фросина Ременски е кандидатка за министерка за труд и социјална политика, Кире…

повеќе...

Оливер Андонов предлог за нов министер за внатрешни работи, Чавков нов директор на БЈБ, Владимир Атанасовски нов директор на УБК

Митко Чавков министерот за внатрешни работи поднесе оставка, а Оливер Андонов е предлог за нов министер за внатрешни работи, потврди за МИА владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. „Може да потврдам дека министерот Митко Чавков предмалку поднесе оставка на позицијата министер за внатрешни работи. Премиерот Димитриев ја прифати оставката на Чавков и согласно законските прописи ја испрати до Собранието заради нејзино констатирање. Истовремено премиерот до Собранието испрати предлог професорот Оливер Андонов да биде нов министер за внатрешни работи. Тој има долгогодишно искуство со работа во разни сфери во областа на безбедноста, а…

повеќе...

Димитриев: НАТО и ЕУ остануваат врвен приоритет на надворешната политика

Членството во НАТО и евроинтеграцијата остануваат врвен приоритет на надворешната политика на Република Македонија, порача Претседателот на Владата Емил Димитриев во своето обраќање пред амбасадорите во рамки на редовниот работен состанок на шефовите на Дипломатско-конзуларните претставништва, што од денеска до 26 август се одржува во Министерството за надворешни работи. Посочи дека од витален интерес е зачувувањето и промовирање на стратешките интереси на Македонија, а континуираната посветеност на реформите согласно Акциониот план за членство каде се заокружува 17 циклус и започнува 18 циклус е само симболична потврда на зрелоста и подготвеноста…

повеќе...

Ристовски: Заврши комплетната замена на лифтовите во студентските домови

Заврши комплетната замена на старите лифтови со нови во студентските домови во Скопје за што Министерството за образование инвестираше 15 милиони денари. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изјави дека веќе е направен технички прием на лифтовите со што тие се ставени во употреба. „Ова е исклучително значајно затоа што на овој начин ќе се подобри целокупната фреквенција и функционалност во студентските домови, а тоа пред се е во интерес на студентите“, истакна Ристовски. Во однос на сместувањето на студентите во студентските домови, Ристовски очекува целосно да бидат…

повеќе...

Спасов: Полошко ќе има постабилно снабдување со електрична енергија

Реконструкцијата на далекуводот Скопје-Тетово, прилагодувањето на сите трансформаторски станици што ги поврзува овој линиски енергетски објект и модернизацијата на трансформаторската станица „Југохром“ во Јегуновце е со цел да се одговори на растечките потреби за потрошувачка на електрична енергија на полошкиот регион како најбрзорастечки конзумен регион и да се обезбеди непречено, доверливо и стабилно снабдување на сите потрошувачи со квалитетна електрична енергија на среден рок. Ова денеска го истакна генералниот директор на АД МЕПСО Синиша Спасов при обиколката на трансформаторската станица „Југохром“ во Јегуновце заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.…

повеќе...

Над 1.300 нови вработувања во ТИРЗ, се очекуваат нови инвестиции

Нови 1.300 до 1.400 вработувања се очекуваат да се отворат во технолошко-индустриските развојни зони до крајот на годината. Заклучно со минатата година во технолошко-индустриските зони се отворени 5.100 работни места, а само годинава се креирани 1.050 работни места. Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо го информираше премиерот Емил Димитриев дека во моментот се во различни фази на преговори со седум до осум компании и оти очекува две до три компании да донесат позитивни одлуки за инвестирање до крајот на годината. „Сметам дека извештајот на ИБМ во делот на рангирањето…

повеќе...

Владата целосно ќе ги обештети граѓаните од поплавените подрачја во скопско

Владата на Република Македонија, денес усвои пакет на мерки наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите кои го зафатија скопскиот регион. „Имајќи ја во предвид големината на природната непогода, нејзината разорност и големиот број на домаќинства кои се опфатени, како и степенот на оштетеност, како влада целосно сме посветени кон овозможување на комплетна помош и поддршка на настраданите, опфаќајќи различни сегменти, кои директно или индиректно ќе бидат од полза и конкретна корист. Тоа се конкретни чекори и мерки со кои покажуваме грижа за сите наши сограѓани, на кои во…

повеќе...

Спасов: Механизацијата е целосно посветена, започна и процесот на дезинфекција

„Работиме на вадење на калта, сметот, исто уништените материјали во домовите, со цел целосно расчистување на куќите и дворовите. Процесот не е едноставен. Имаме континуирано чистење на улиците, бидејќи отпадот постојано се префрла од дворовите на улиците и тука механизацијата е целосно посветена, истакна Министерот за труд и социјална политика при денешната посета на селото Стајковци. Тој додаде дека истоверемено започна и процесот на дезинфеција. Како што рече, околу една четвртина во текот на вчерашниот ден беше покриена во Стајковци, а се очекува да бидат завршени уште три четвртини во…

повеќе...

Цените на одделни производи да се вратат на нивото пред поплавите

Владата на Република Македонија на последната седница донесе за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало, поточно на: флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитини маски и средства за дезинфекција. Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените на истите кои се применувале до 5 август 2016 година. Причина за донесување на оваа одлука се случаите на злоупотреба на дел од трговците, констатирани при проверка од страна на Државниот пазарен инспекторат, по новонастанатата состојба произлезена од поплавите во скопскиот…

повеќе...