Владина делегација на средба со дијаспортата во Колумбус

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и владина делегација, вчера, остварија средба со македонската дијаспора во Колумбус, Охајо, Соединетите Американски Држави. Во своето обраќање премиерот Груевски ги истакна континуираните заложби на Владата за остварување на конкретна соработка со македонската дијаспора во сите сфери од заеднички интерес, потенцирајќи дека иселениците се значаен сегмент од македонската нација кои служат како мостови за соработка во земјите во кои живеат. Потсетувајќи дека Владата го втемели правото на глас на иселениците, тој се осврна и на проектите кои се спроведуваат, а во чиј…

повеќе...

Ставрески: 21 милијарда денари за патишта следната година

Следната година 21 милијарда денари ќе се издвојат за изградба на патишта, како изградба на трите автопати Скопје – Штип, Кичево – Охрид и Демир Капија – Смоквица, како и бројни регионални патишта меѓу кои патот од Радовиш до Штип и од Штип кон Кочани кој ќе почне да се гради следната година и ќе овозможи подобрување на конкурентноста на македонската економија. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансиии Зоран Ставрески, кој денес е во посета на општина Босилово. Вицепремиерот истакна дека буџетот за 2016 има силна развојна компонента…

повеќе...

Вработени 9.944 млади преку мерката 1+1, распишан оглас за 700 практиканти

Седумстотини невработени млади лица од утре можат да се пријавуваат на оглас за практикантство, за што во траење од три месеци ќе добивааат надомест од државата во висина од по 6.200 денари. Тие подоцна би можеле да бидат вработени во приватните компании со искористување на некоја од мерките кои се нудат преку проектот „Македонија вработува“, иако за тоа не постои обврска кај работодавачите кои примаат практиканти. Досега само преку мерката 1+1 за млади до 29 години во рамки на овој проект се вработени 9.944 лица. „Денеска со Агенцијата за вработување…

повеќе...

Ставрески: „Македонија вработува“ се користи и од најмалите фирми во руралните општини

Преку проектот “Македонија вработува“ во Босилово има отворено 70 нови работни места, а вкупно 38 од 180 фирми во општината го користеле проектот, што е задоволителна бројка и кажува дека и во руралните, помалите општини и од малите семејни фирми се користи проектот, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески при денешната посета на општина Босилово. Во рамки на редовните средби со бизнис заедницата Ставрески денеска посети две фирми кои го користат проектот „Македонија вработува“, „Паралидови“ и „Мајстор компани“. „Сакаме на терен да видиме како се реализираат владините мерки…

повеќе...

Министерот Цветков ги презентира можностите за инвестирање во земјоделско-прехранбениот сектор

„Македонија, во делот на земјоделството и индустријата за храна, на располагање на идните инвеститори им нуди земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп за примарно производство, парцели за изградба на откупни центри за овошје и зеленчук и винарски визби, како и целосна поддршка за реализација на деловните идеи.“ Ова денеска го истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на Форумот за земјоделство, трговија и економска соработка помеѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина што се одржува во Будимпешта, Унгарија, презентирајќи ги деловните можности за трговска…

повеќе...

Груевски: Ново покачување на пензиите и социјалната помош и во 2016-та

Премиерот Никола Груевски денеска најави зголемување на пензиите и социјалната помош од пет отсто и во 2016 година. „На последната седница Владата одлучи да поминат законските измени со кои за социјално најзагрозените граѓани, примателите на социјална и постојана парична помош, покрај тоа што оваа година помошта која ја добиваат ја зголемивме за 10 проценти, предвивуваме ново дополнително зголемување за наредната 2016-та година од нови 5 отсто. Истовремено, донесовме одлука и за ново зголемување на пензиите. Оваа година, додека пензионерите ја чекаат исплатата на септемвриската пензија која ја покачивме за 5…

повеќе...

Честитка од премиерот Груевски по повод Курбан Бајрам

По повод празникот Курбан Бајрам, премиерот Никола Груевски упати честитка до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија. „Почитуван претседателе на Исламската заедница во Република Македонија, господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија да Ви го честитам големиот муслимански верски празник КУРБАН БАЈРАМ. На овој…

повеќе...

Груевски: Владата планира подобрување на концептот за екстерното тестирање

На денешната седница наменета за пратенички прашања, Премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека владата планира подобрува на екстерното тестирање со цел добивање на квалитет и остварување на целта. Тој потенцира дека тестирањето беше подобрувано секоја година, а во разговори со МОН се планираат нови измени кои ќе ги зголемат стандардите од што корист ќе имаат и учениците и нивните наставници и професори. Груевски ја образложи уште еднаш огромната потреба од екстерното тестирање со кое вели дека ќе се избрише ставањето на нереални оцени и ќе се избегне…

повеќе...

Ставрески: Економијата расте, буџетските приходи над очекувањата

Буџетот е во добра кондиција и има одлични остварувања во првите осум месец од годината. Приходите заклучно со 18 септември 2015 година се над очекувањата со раст од 12,9 проценти во однос на истиот период лани. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска на собраниската седница посветена на пратенички прашања. Додаде дека заклучно со 18 септември вкупните приходи се реализирани со 112,823 милијарди денари, што претставува зголемување за 12,901 милијада денари во однос на овој период лани. Даноците се остварени со 64,424 милијарди денари каде има…

повеќе...

Средба на премиерот Груевски со шефот на дипломатијата на БиХ, Црнадак

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црнадак. На средбата, премиерот Груевски и министерот Црнадак позитивно го оцениле досегашниот развој на односите меѓу двете земји, со заедничка заложба за нивно натамошно интензивирање и надоградување со нови форми на соработка. Двајцата искажале подготвеност за интензивирање на економската соработка, преку засилување на инвестициската активност и трговската размена. Груевски и Црнадак се заложиле за зголемување на регионалната соработка како начин за интегрирање на регионот и градење пријателски односи меѓу…

повеќе...