Потпишана 4.Програма за соработка во областа на културата, образованието и науката меѓу Македонија и Италија

Четврта по ред Програма за соработка во областа на културата, образованието и науката меѓу Република Македонија и Република Италија за периодот 2016-2019 година, потпишаа денеска министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и италијанскиот амбасадор, Ернесто Масимино Белели. Потпишувањето на овој значаен билатерален документ, истакна министерката Канческа Милевска, е уште една потврда дека Република Македонија и Република Италија, која е наш голем пријател и поддржувач, негуваат одлични односи и исклучителна соработка во областа на културата, науката и образованието. Посочи дека бројните културни случувања кои низ годините се реализирале во Македонија и…

повеќе...

Помалку документи за услуги од администрацијата

Граѓаните и компаниите од 1 август годинава при барање услуги од администрацијата нема да одат од шалтер на шалтер и да носат документи и докази освен оние кои државата не ги поседува во својата евиденција. Тоа во нивно име ќе го прават административните службеници кои службена должност се обврзани да ги обезбедат во рок од три дена. Таа новина е предвидена со новиот Закон за општа управна постапка (ЗОУП) и усогласените со него 168 материјални закони од областите што уредуваат управни постапки и јавни услуги, што треба да стапат во…

повеќе...

Груевски: Преку „Купи куќа за млади“ досега остварен сонот на 13 семејства

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес истакна дека преку проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“ над 900 семејства кои претходно немаа свој дом, обезбедија кров над глава. „Досега се одобрени субвенции во износ од скоро 6 милиони евра за двата проекти, од кои за „Купи куќа за млади“ кој стартуваше неодамна и со кој за млади луѓе до 35 години се овозможува до две третини покривање на трошоците за градба или купување на куќа, досега се одобрени 261.000 евра – проект кој започна оваа година и…

повеќе...

Владина инвестиција во туристички содржини во Преспа

Владата продолжува со инвестирање во туристичките содржини во македонските туристички места. Заедно со субвенциите за привлекување на странски туристи, поддршката на евтините авио линии, оваа компонента на инвестирање во создавање на содржини од значење на туризмот претставува сериозен придонес во развојот на туризмот. Во текот на јули Владата преку Министерството за транспорт започнува со реализација на еден крупен и сериозен проект. „Растот на туризмот е една од стратешките определби на Владата за која цел се реализираат поголем број на мерки и проекти, како што се субвенционирањето на домашните туристички агенции…

повеќе...

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот за 2016

Владата на Република Македонија вчера на седница го усвои Предлог ребалансот на буџетот за 2016 година, со кој има пари за плати, пензии и социјални трансфери, а капиталните расходи остануваат на високо ниво. Како што образложи на прес-конференција министерот за финансии Кирил Миноски, потребата од носење на овој ребаланс се должи на промена на проекцијата за растот на БДП од првично предвидените 4 проценти на 2,3 проценти. Појасни дека како резултат на промените на проекциите во растот на БДП неопходно е да се изврши соодветна корекција на проекциите на вкупните…

повеќе...

Попоски: Кризата има цена на чинење, потребно е одговорно однесување

Политичката криза има цена на чинење, но доколку го одржиме фокусот на спроведување на идните реформски приоритети без оглед на напредокот на политичкиот дијалог ќе докажеме дека Македонија има капацитет да води преговори со ЕУ. Оценката за тоа сепак ќе ја донесе Европската комисија, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. „Остатокот е политичко прашање и Советот носи одлука врз основа на политичка проценка. Тука не би можел да навлегувам во шпекулации бидејќи има 28 политички интереси кои треба да се преточат во едно решение,“ рече Попоски на средбата…

повеќе...

Започнаа теренските мерења на проектот „Купи куќа за млади“

Геодетски тимови на Катастарот денеска почнаа теренски активности на повеќе локации за подготовка на ажурирана геодетска подлога со што стартува урбанизацијата на парцелите коишто ќе се продаваат преку проектот „Купи куќа за млади“ со почетна цена од евро за метар квадратен. Геодетски подлоги Катастарот ќе изготвува за локации во 36 општини на површина од 700 хектари, од кои најголемиот дел планира да ги заврши до средината на следниот месец, а целосно до крајот на август годинава. Ажурираните геодетски подлоги ќе бидат доставени до Агенцијата за просторно планирање која понатаму треба…

повеќе...

Димитриев: Миновски е одличен избор за министер за финансии

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев во своето обраќање пред пратениците во Собранието кои денеска треба да го констатираат досегашниот прв човек на УЈП, Кирил Миновски за нов министер за финансии, рече дека Владата и покрај контекстот на политичката ситуација останува максимално посветена во работата поради огромната поддршка од граѓаните. „Сметам дека Миновски располага со соодветен капацитет да работи на оваа функција. Има работено на голем број различни позиции во приватниот и јавниот сектор, директно бил вклучен во проекти во областа на финансиите, подобрување на конкурентноста, банкарството итн.…

повеќе...

Вицепремиерот Ставревски се повлекува поради здравствени причини

Поради здравствени причини Зоран Ставревски поднесе оставка од позицијата вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија. „Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, заради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата министер за финансии и потпретседател на владата на Република Македонија”, истакнува Зоран Ставрески, наведува во оставката. Инаку, Ставрески е дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година на позицијата потпретседател задолжен за економски прашања, а од 2009-та…

повеќе...

Потпишан договор за заеднички развој на ИТ проекти со „Нетгруп“ од Естонија

Договор за соработка меѓу македонски и естонски ИТ компании денеска на иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација, потпишаа македонските компании „Инфинит солушнс“ и „ИТ Лабс“ со „Нетгруп“ од Естонија. Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска рече дека овој вид на соработка е релативно нов начин на соработка на македонската Влада со останатите влади и компании. „Се работи за дополнителна вредност на соработката, а тоа е дека македонските и естонските ИТ компании заедно ќе работат на развој на производи и на пласман на овие производи на…

повеќе...