ЕУ перспективата и предизвиците со кои се соочува Република Македонија на тој пат беа во фокусот на разговорите кои министерот за надворешни работи Никола Попоски ги имаше за време на неговата посета на Холандија со неговиот холандски колега Берт Кундерс, како и со членови на Комисијата за ЕУ во холандскиот Парламент. „Холандија, како актуелен претседавач со Советот на ЕУ и долгогдишен пријател и партнер за европската интеграција на целиот регион, сака да помогне да се придвижи македонското досие. Најдоброто сценарио е процесот на реформи да биде пресликан во рамката за…
повеќе...Tag: влада
Димитриев:Засилен ангажман за спроведување на итните реформски приоритети
Владата на Република Македонија од денеска почнува понтензивна комуникација со сите институции со цел да го зголеми фокусот на реализација на планот на активности за итните реформски приоритети, најави премиерот Емил Димитриев. „Во периодот кога беа распишани изборите ваквите активности не одеа со динамиката која беше посакувана. Сега согласно акцискиот план во кој се точно утврдени рокови за сите мерки сите институции преземаат обврски за да го реализираат она што се бара од нив“, изјави Димитриев по координативниот работен состанок во Владата на тема „Акциски план за реализација на итните…
повеќе...Спасов: 225 невработени ја почнаа обуката за дефицитарни занимања
Двеста дваесет и пет невработени лица посетуваат 20 различни обуки за побарувани занимања кај 15 сертифицирани приватни обучувачи во првата фаза на реализација на обуката за дефицитарни занимања барани на пазарот на труд кои ќе им овозможат полесно да најдат работа. „Почнува првиот циклус од обуката за дефицитарни занимања преку која се градат вештините и знаењата кај невработените лица кои им се потребни на работодавачите. На тој начин се врши полесно поврзување на понудата со побарувачката на пазарот на труд и се зголемува и подобрува вработливоста на невработените лица,“ рече…
повеќе...Доделени првите грантови за самовработување на лица со инвалидност
На 30 лица со инвалидност денеска им беа доделени грантови од по 5.000 евра за почнување сопствен бизнис. Според проектот на Владата се очекува до средината на месец јуни и останатите 70 лица кои се влезени во процесот на квалификации и имаат добри бизнис планови да ги добијат неповратните средства. Договорите за првите грантови за самовработување за лицата со инвалидност денеска им ги додели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Секој човек има свои способности, свои знаења и свои умеења. Така и лицата со инвалидност имаат свои способности…
повеќе...Германското МНР го поздрави одложувањето на изборите и бара повлекување на аболицијата
Германското министерство за надворешни работи денеска ја подзрави одлуката на Собранието за „повторно одложување“ на изборите и повика на спроведување на кредибилни реформи, како и итно повлекување на одлуката за аболиција на политичари што претседателот Ѓорге Иванов ја донесе минатиот месец. „Ја поздравуваме одлуката на македонскиот парламент за повторно одложување на парламентарните избори кои беа закажани за 5 јуни. Ова ќе им овозможи на партиите да го поправат загрижувачкиот развој на настаните од изминатите неколку месеци и да ја вратата државата на европскиот пат. Сепак, одложувањето на изборите мора да…
повеќе...Попоски: Транзитирањето на над милион бегалци е директен ефект од конфликтите на Блискиот Исток
Транзитирањето на над милион бегалци низ Република Македонија на еден масовен и неорганизиран начин е директен ефект од конфликтите на Блискиот Исток врз нашата држава. Во справувањето со бегалскиот бран Македонија одлучи да биде дел од заедничкиот европски одговор, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски во воведното обраќање на конференцијата: „Конфликтот на Блискиот Исток и Северна Африка: зголемување на транснационалните закани за безбедноста на земјите од Западен Балкан“. Конференцијата е во организација на Институт за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи, во соработка со Европскиот…
повеќе...Градежната експанзија во патната инфраструктура во сите региони во државата
Продолжува градежната експанзија во патната инфраструктура во сите региони во државата. Интензивно се работи на изградба, реконструкција и рехабилитација на 14 регионални патни правци во државата. Меѓу другите станува збор за патните делници Велес – Кадрифаково, Битола – Ресен – Буково, Тетово – Брвеница – Чегране – Гостивар, Нов Дојран – Николиќ, Делчево – Голак, Бошков Мост – Дебар и други. 14 регионални патишта на кои градежната оператива во моментот дејствува се во вкупна должина од 175 километри. Државата во нив инвестира над 80 милиони евра, а значајно е што…
повеќе...Спасов: 12 илјади евра за отворање приватни домови за стари лица
Десет нови приватни домови за стари лица ќе се отворат со помош на неповратни грантови од по 750 илјади денари обезбедени од државата. Вкупниот капацитет на домовите треба да биде од 400 до 500 легла, а ќе се отворат и педесетина нови работни места. Огласот за аплицирање е во тек. „Во оваа прилика би сакал да ги известам сите заинтересирани кои размислуваат за отворање приватен дом за стари лица дека имаат можност да ја искористат новата мерка што ја воведе Владата. Станува збор за грант неповратни стредства во висина од…
повеќе...Владини грантови од 270.000 денари за отворање на бизниси од страна на лица со инвалидитет
Државата обезбедува голема финансиска помош за отворање на бизниси од страна на невработени лица кои имаат работна способност и констатиран одреден степен на инвалидитет. Владата, преку Агенцијата за вработување, има отворен оглас на кој може да се пријават сите евидентирани невработени инвалидни лица кои активно бараат работа и своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка од државата. Заинтересираните лица кои ги исполнуваат условите од огласот може да аплицираат во едноставна постапка во која во целокупниот нејзин тек ќе имаат логистичка и стручна помош од Агенцијата за вработување. На…
повеќе...Симфони Солушнс – холандска инвестиција во ИТ секторот
Холандската ИТ компанија за висококвалитетни софтверски решенија Симфони Солушнс од денеска и официјално започна со работа во Македонија. Засега вработува триесетина ИТ експерти, а до крајот на следната година се планирани околу 200 вработувања. Компанијата има свои развојни центри во Украина и Полска, а сега и во Македонија. Нејзините главни клиенти доаѓаат од западноевропските земји, САД и Канада. Сопственикот на ИТ компанијата Симфони Солушнс, Тео Шифник истакна дека ова е особено важен ден за него и оти тој се поклопува со Денот на Европа – 9 Мај, а Холандија, од…
повеќе...