26 годишен жител од Велгошти загина во сообраќајна несреќа на улицата „Питу Гули“

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што утрово во 05 часот и 25 минути се случи на улицата „Питу Гули“ во Охрид. На местото на сообраќајната незгода, животот го загуби Д.Ј. (26) од охридското село Велгошти кој, по улицата управувал патничко моторно возило марка „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки и се движел од „Стара бензиска“ во правец кон кружната крстосница кај Општата болница. Во критичниот момент, сега починатиот, изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната-лева сообраќајна лента, излетал од коловозот и директно удрил во дрво. Неговата…

повеќе...

Опожарено возило во Охрид

СВР Охрид презема мерки за расветлување на сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“ и пронаоѓање на сторител кој предизвикал опожарување на патничко моторно возило марка „Голф“ со охридски регистарски таблици. Казненото дело е сторено на ден 31 март оваа година околу 01 часот на улицата „Климентов Универзитет“ во Охрид. Од извршениот увид на местото на настанот, извршен по овластување на јавен обвинител, констатирано е дека од предизвиканиот оган, запален е задниот дел на возилото, целосно е оштетено задното стакло, задната клупа, задното седиште, кровот и задниот лев трепкач. Пожарот е…

повеќе...

СВР Охрид со безбедносни мерки за Водици

Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод верскиот празник Богојавление-Водици, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план. Мерките на СВР Охрид ќе бидат насочени за зачувување на стабилната безбедносна состојба на целото подрачје во областа на јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и регулирање на сообраќајот. Денес, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, во Охрид врши известување до сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг местата на улиците…

повеќе...

Оштетено возило на охриѓанец

На 14.01.2017 година во 02.05 часот во ПС ОН-Охрид, од страна на Н.С.(25) било пријавено дека неговото ПМВ „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки кое било паркирано во импровизирана лимена гаража било оштетено. Од страна на полициски службеници извршен е увид при што било констатирано дека истата вечер во периодот од 22.00 до 02.00 часот, засега непознато лице со огнено оружје, од проектилите го оштетило задното ветробранско стакло, стаклото на предна лева врата, задната лева врата, задното лево крило. Додека, пак, на лимот од гаражата имало повеќе отвори кои наликувале…

повеќе...

Општа болница – Охрид доби санитетско возило од Здравствен дом Скопје

Здравствен Дом Скопје за потребите на ЈЗУ Општа болница Охрид, отстапи комплетно опремено со медицинска опрема санитетско возило од Итна медицинска помош. Од Здравствен дом Скопје соопштија дека ова е резултат на нивната политика за соработка со сите здравствени установи во Републиката со цел за успешно спроведување на здравствена заштита на населението. Извор: Нет Прес

повеќе...

Со украдено возило тргнал да патува до Охрид

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(18) од Скопје поради постоење основано сомнение за извршено кривично дело „одземање моторно возило“ за што од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Истиот на 27/28.11.2015 година се упатил на ул. „Македонска Преродба“и откако се уверил дека нема да биде забележан од никого влегол преку незаклучената врата во дворот, се доближил до ПМВ марка „Ауди А4“ караван со скопски регистерски ознаки и забележал дека на контакт бравата се оставени клучеви од возилото, по што ја…

повеќе...

Грчки цариник со син спреј оштетил скопска регистарска табличка и ознаката „МК“

Вчера (15.10) на ГП „Богородица“ од страна на скопјанецот С.И. е пријавено ново оштетување на возило во соседна Грција. Овојпат, станува збор за оштетување на TМВ марка „ERF EC 11“ со полуприколка во Солун. Имено, додека С.И. службено бил во солунското пристаниште со товарното моторно возило, во текот на извршувањето на царинските формалности од страна на цариник при грчката царина со син спреј испрскана била задната регистарска табличка на полуприколката пришто целосно била покриена ознаката „МК“. Настанот не е пријавен во грчката полиција. Инаку во текот на годинава на ГП…

повеќе...

Оштетено уште едно возило во Грција

Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во Р.Грција. Имено, на 12.09.2015 г. на ГП „Богородица“, од страна на лицето К.М. од Штип пријавено е дека на 06.09.2015 г. во туристичкото место Калитеа, му бил oштетен задниот браник така што каде што имал МК налепница истата е одлепена и на 5-6 места со остар предмет му е пробушено возилото – марка „Пежо 206“ со штипски регистарски ознаки. Случајот не бил пријавен во грчката полиција. Ова е единаесетти случај во оваа туристичка сезона каде…

повеќе...

Оштетено возило во Грција

На 14-ти јуни на влез во Р.М. на ГП Меџитлија Б.М.(35) од Охрид пријавил дека на 13-ти јуни во Метаморфози, Р.Грција му била оштетена предната хауба и задната лева гума на ПМВ „Мерцедес” со охридски регистарски ознаки. Од страна на оштетениот случајот бил пријавен во грчката полиција, за што на лицето не му бил издаден записник. Инаку, ова е второ оштетување на возило на македонски државјанин во Р.Грција годинава.

повеќе...

Заштитени гуми

Временските услови и тоа како влијаат врз гумите на возилата. Со оглед на тоа што нема гаража, поаѓајќи од изреката: „Добра гума глава чува!“, сопственикот на ова Југо се решил на ваков начин да ги заштити гумите. WebOhrid

повеќе...