Двесте нови работни места ќе бидат отворени со инвестицијата на германската компанија German Electro-Mechatronic Systems (GES) која денеска во Владата го потпиша договорот за реализација. Компанијата ќе инвестира 15 милиони евра во изградба на производствен погон и административна зграда кои ќе се протегаат на површина од 15.000 метри квадратни во ТИРЗ Бунарџик. Ќе се произведуваат соларни панели и лед-светилки со врвна германска технологија која компанијата сега ја применува во нивниот производствен погон во Југоисточна Кина. Планирано е изградбата на фабриката да започне кон крајот на февруари или најдоцна на почетокот…
повеќе...Tag: вработување
Потпишан договор за рестартирање на „Порцеланка“, 1.000 нови вработувања
Владата на Република Македонија и индиската групација БРГ денеска во Велес потпишаа договор за реализација на инвестиција во која ќе биде рестартирана поранешна „Порцеланка“. Инвестицијата е вредна околу 31 милион евра, а планирани се илјада нови вработувања што ќе бидат реализирани низ повеќегодишен план. На потпишувањето на договорот во Велес присуствуваше и премиерот Никола Груевски. Тој истакна дека групацијата БРГ е една од најголемите и најбрзорастечки светски компании во производството на производи од челик и оти со влезот на оваа компанија во Македонија ќе се врати во живот „Порцеланка“. „Новата…
повеќе...Хајтек прва домашна компанија која инвестира во ТИРЗ
Македонската компанија Хајтек е прва домашна фирма која ќе инвестира во отворање фабрика во Технолошко индустриските развојни зони. Инвестицијата ќе изнесува над 20 милиони евра, а ќе овозможи вработување на вкупно 300 лица од кои 100 во првата година, информира сопственикот на компанијата Саво Станковиќ на прес конференција во Владата по средбата со премиерот Никола Груевски. Тој оцени дека станува збор за втор по значење историски настан во 36-годишното постоење на компанијата, бидејќи, вели, дава можност за натпревар на европско ниво во сопствената земја без какви било ограничувања. „Досега работевме…
повеќе...Ставрески:150 илјади работни места значи подобар живот за 150 илјади семејства
Намалувањето на невработеноста, според вицепремиерот и министер за финансии, е реалност и најголеми успех на Владата на РМ во овие девет години.Според вчерашниот податок што го објави Државниот завод за статистика, министерот вели, во Република Македонија има 711 илјади вработени лица што споредено со 2006 година, кога имаше 560 илјади вработени е зголемување на вработеноста, односно новоотворени се 150 илјади работни места. „Ова е резултат на добрите економски политики, пред се одржувањето на извонреден амбиент за водење бизнис каде што Македонија е рангирана на 12. место во светот, ниските даноци,…
повеќе...Монтанте груп во јануари ќе почне да гради фабрика во Бунарџик
Во јануари идната година ќе почне изградбата на фабриката на италијанската Мотанте груп во ТИРЗ Скопје 1 – Бунарџик, првична инвестиција во вредност од 10 милиони евра. Се очекува објектите да бидат готови до крајот на мај или јуни наредната година по што ќе почне монтажата на опремата и обуката на лицата што ќе бидат вработени. Ова е потврдено со договорот за реализација на инвестицијата што во Владата на Република Македонија го потпишаа Клаудија Нидро од Монтанте груп и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо. Фабриката ќе се гради…
повеќе...Спасов: Трансформиран работниот однос на 222 вработени во детските градинки
На 222 лица вработени во детските градинки денеска ќе им биде транформиран работниот однос на неопределено време согласно Законот за транформација во редовен работен однос, најави заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при денешната посета на Делчево. „Останува уште да се заврши третата и финална фаза од овој проект за трансформација на волонтерите и договорците, лицата кои се ангажирани со договор на дело или авторски договор во градинките во редовен работен однос, согласно Законот за трансформација во редовен работен однос кој е проект на Владата на Република Македонија“,…
повеќе...Почнува реализацијата на 50 милионската инвестиција на „Костал“
Германската компанија „Костал“ официјално почна со реализација на најавената инвестиција во Македонија во вредност од 50 милиони евра, а која треба да отвори илјада работни места. Стартуваат во постоечки објект како браунфилд инвестиција, а од почетокот на наредната година ќе почне и изградбата на нивната нова фабрика. Договорот за реализација на инвестицијата на „Костел“ денеска во Владата го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и извршниот потпретседател на „Костал“ Кристофер Сандерс. Фабриката на „Костал“ ќе биде лоцирана во ТИРЗ Струга/Охрид каде што ќе произведува електронски компоненти за автомобилската…
повеќе...Структурни деловни статистики за 2014 година
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во 2014 година, во рамките на структурните деловни статистики се анализирани 53 238 деловни субјекти со 345 709 вработени лица, во кои е остварен вкупен промет од 992 592 милиони денари и e создадена додадена вредност од 209 468 милиони денари. Најголем број од претпријатијата припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало (43.0%), со 26.4% од вкупниот број на вработени и реализирани 43.7% од вкупниот промет. Како втор по значење, секторот Преработувачка индустрија учествува сo 13.2% од претпријатијата, 31.0% од…
повеќе...Спасов: Проектот Македонија вработува отвори над 7.400 работни места
Според последните бројки, заклучно со денешниот ден има над 7.400 новоотворени работни места, откако започна да се реализира проектот „Македонија вработува“ информира министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Појасни дека за источна Македонија има околу 1.600 отворени работни места, од кои во Штип околу 420 нови работни места, Кочани има околу 460 нови работни места… „Ова е успешен проект кој им помага на македонските компании и на македонските граѓани кои се невработени и бараат работно место“, истакна Спасов одговарајќи на новинарско прашање за ефектот кој го дава овој…
повеќе...Наградени најуспешните бизниси отворени со грант за самовработување
Во изминатите години со помош на грант за самовработување што го доделува државата се отворени над 7.600 мали бизниси. Седумдесет проценти од нив се уште активни. Најдобрите од нив во неколку категории беа наградени денеска. Најбрзорастечка микро компанија е „Стара Фурна“ од Прилеп, чиј основач е Влатко Апостоловски, најуспешна жена претприемач Живка Костадиновска основач на „Аронија здрава храна“, најмлад претприемач е Панче Георгиовски основач на компанијата „Брајт Бокс“ и најуспешна компанија регистрирана како занаетчиска е „Студио фешн“ од Струмица, чиј основач е Дана Мицева. Наградени се и 13 најиновативни бизнис…
повеќе...