Можности за вработување и во Струга: Стружани во потрага по нови работни места

Финансиската состојба на граѓаните се здобива со градација на позитивен тренд на раст, благодарејќи на новиот караван за саеми за вработување низ Македонија, кој на 30-ти септември започна во Прилеп, по реализираниот успешен прв караван кој за прв пат од тој вид се претстави на македонската јавност минатата година. Илјадници граѓани пронајдоа шанса за нови работни места, со подобри услови кои се поклопуваат со очекувањата на активните баратели на работа. Саемите за вработување се уникатен вид на барање на нови соодветни кадри и за работодавачите низ државата, кои сакаат да…

повеќе...

Германски „Маркарт“ отвори фабрика во Велес, ќе вработи 600 лица

Германската компанија „Маркарт“ официјално ја отвори својата фабрика во Македонија во индустриската зона Караслари во Велес. Во фабриката, која се протега на 15.000 метри квадратни, веќе работат 170 од планираните 600 вработени. Досегашната инвестиција е 25 милиони евра, а се планира да достигне над 35 милиони евра. Новата фабрика ја отворија премиерот Никола Груевски, сопственикот на „Маркарт групацијата“ Харалд Маркарт, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за странски инвестиции Веле Самак, градоначалникот Славчо Чадиев… „Ова е првата поголема странска инвестиција во Велес и воопшто првата поголема фабрика која по…

повеќе...

Ставрески: „Македонија вработува“ се користи и од најмалите фирми во руралните општини

Преку проектот “Македонија вработува“ во Босилово има отворено 70 нови работни места, а вкупно 38 од 180 фирми во општината го користеле проектот, што е задоволителна бројка и кажува дека и во руралните, помалите општини и од малите семејни фирми се користи проектот, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески при денешната посета на општина Босилово. Во рамки на редовните средби со бизнис заедницата Ставрески денеска посети две фирми кои го користат проектот „Македонија вработува“, „Паралидови“ и „Мајстор компани“. „Сакаме на терен да видиме како се реализираат владините мерки…

повеќе...

Изедначени и зголемени платите на вработените во АВРМ

Министерството за труд и социјална политика и Синдикатот на администрацијата и државната управа првпат по 30 години потпишаа Колективен договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работен однос во Агенција за вработување на Република Македонија. Со Договорот, меѓу другото се исправа и триесетгодишната нееднаквост и разликата во платите на вработени на исти работни позиции и со исти задачи. “Тоа значи дека од сега вработените на исто работно место од исто ниво ќе имаат ист број на бодови на плата со иста вредност. На тој начин анулираме еден недостиг…

повеќе...

Преку „Македонија вработува“ досега вработени над 5.000 лица

За четири месеци 5.240 лица се вработиле преку проектот „Македонија вработува“ во 3.525 приватни компании. Од нив, како што информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, дури 3.006 компании се до 10 вработени. „Мерките од проектот „Македонија вработува“ ги искористиле 424 мали компании од 10 до 50 вработени, 76 компании со од 50 до 250 вработени и 19 компании со над 250 вработени. Најголемо учество имаат помладите генерации, односно до 29 години кои се вработуваат преку мерката една плус една година ослободување од персонален данок и социјални…

повеќе...

Царинската управа објави оглас за слободно работно место

Твининг проектот „Завршување на подготовката за пристапување кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка (КЗТ) и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговијата со стока“ објавува оглас за слободно работно место. Повеќе информации за пријавување ќе најдете тука.

повеќе...

Успешно се реализира проектот за вработување 300 лица со инвалидност

Проектот со кој се предвидуваше вработување 300 лица со инвалидност се реализира успешно. Голем дел веќе се вработени и овој проект наскоро треба да биде завршен, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. „Владата во континуитет реализира проекти со кои им се помага на ранливите категории граѓани со особен фокус на инвалидните лица. Токму поради тоа се реализира и проектот за вработување лица со инвалидност во јавната и државната администрација. Овој проект е во завршна фаза на реализација. Со него им се помага на голем број граѓани…

повеќе...

Спасов: Над 3 500 лица вработени преку проектот „Македонија вработува“

Преку проектот „Македонија вработува“ вработени се над 3.500 граѓани во сите општини низ земјава, со што овој проект има голем ефект, истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов при денешната посета на штипскиот Центар за социјални работи. „Во Штип преку овој проект досега се имаат вработено 202 лица, што е вистински показател за успешноста на овој проект и токму тука во Општина Штип да се помогне на 202 семејства во период од два и пол месеца за да стигнат побрзо и полесно до работа, да стигнат до егзистенција…

повеќе...

Оглас за четири мерки за кредитирање за отворање нови работни места

Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија објавија оглас за четири мерки за кредитирање за отворање нови работни места, кој ќе трае до крајот на јули. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов изјави дека станува збор за поволен кредит, кој што може да го земат сите оние кои имаат бизнис идеја за да формираат сопствена компанија или пак постоечките компании да отворат нови работни места. Според него, насекаде во светот и во Европа не е лесно да се стигне до поволни финансиски…

повеќе...

Обука за напредни ИТ вештини за 220 невработени лица

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот на Агенција за вработување на Република Македонија Влатко Поповски на прес конференција за медиумите информира за Јавниот оглас за долгорочно невработени лица за учество во Обуки за напредни ИТ вештини. „Министерството за труд и социјална политика во соработка со Агенцијата за вработување и министерството за информатичко општество и администрација ја овозможуваат оваа обука за напредни ИТ вештини коишто се побарувани на пазарот на трудот, односно од коишто имаат потреба работодавачите од вакви…

повеќе...