Груевски: За еден месец од проектот „Македонија вработува“ вработени 1.216 лица

Вкупно 1.216 лица се вработиле во првиот месец од спроведувањето на проектот „Македонија вработува“. Очекувам оваа динамика на вработувања уште повеќе да се забрза во следниот период, истакна премиерот Никола Груевски „Проектот „Македонија вработува“ оди одлично. Со првиот месец вработени се 1.216 луѓе кои претходно биле невработени. Тоа е идентично како четири фабрики со по 300 и неколку луѓе или една голема од 1.216 луѓе. Се обидувам пластично да пренесам што значи за еден месец да бидат вработени 1.216 лица. Овој проект го најавивме во март, веднаш потоа следуваа законски…

повеќе...

Потпишани договори за реализација на Програма за инвестирање во животната средина за 2015 година во делот на подобрување на квалитетот на водите

Заштита и подобрување на квалитетот на водите останува еден од главните приоритети на Министерството за животна средина и просторно планирање кои ги реализираме и преку активна финансиска поддршка на единиците на локална самоуправа со инвестиции во доменот на водоснабдување, собирање и третман на отпадни води – истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири во воведното обраќање на потпишувањето на првите 5, од вкупно 30 договори за средства кои ги доделува Министерството согласно Програмата за инвестирање во животната средина и Конкурсот за распределба на средства за финансирање и…

повеќе...

Општина Охрид доделува бесплатни курсеви за 20 невработени охриѓани

Со цел стимулирање на социјалната интеграција и побрзо вклучување на пазарот на трудот, општина Охрид доделува бесплатни курсеви за 20 невработени лица од Охрид за заварувачи, готвачи и машинисти- фини подесувачи на машини . За таа намена од својот буџет општина Охрид издвои 128 000 денари со што покажа дека во континуитет ја реализира обемната социјална политика. Изборот на струките и професиите за кои се наменети курсевите е определен по претходно направено анкетно истражувања во 25 фирми во Охрид, кои покажале дека најмногу потреба имаат од горенаведените профили. Бесплатни курсеви…

повеќе...

Вработени 135 лица преку проектот „Македонија вработува“

Преку проектот „Македонија вработува“, кој почна со релизација минатата недела, заклучно со вчера се вработени 135 лица. Досега интерес покажаа над 160 приватни компании кои веќе поднесоа барање за вработување на над 200 невработени лица. Ова денеска го истакна министерот за труди социјална политика Диме Спасов, кој рече дека по нешто повеќе од една недела им помогнале на над 135 семејства или пак 135 лица, кои преку проектот побрзо дојдоа до работа. Тој изрази задоволство од реализацијата на проектот и од интересот кој го имаат приватните компании за искористување на…

повеќе...

МСО организира локална дискусија за подобрување на актуелните политики за младинско вработување

Младински Совет Охрид, како регионална канцеларија на коалицијата на младински организации СЕГА, денес организира локална дискусија за подобрување на актуелните политики за младинско вработување. Локалната дискусија е дел од проектот „Креирање Ефективни Можности за младинско вработување“. На дискусијата ќе се работи врз основа на согледувањата од истражувањето за актуелните политики за младинско вработување на ЕУ и РМ, кое дава осврт и насоки за локалните дискусии за подобрување на системот за премостување на транзицијата од образование до вработување на младите. Петте насоки кои произлегуваат од истражувањето ќе бидат дискутирани од претставници…

повеќе...

Спасов: Мерките за вработување стимул за компаниите за нови работни места

Компаниите членки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска во рамките на Форумот со работодавачи насловен „Со подобри политики на поддршка до повеќе вработувања во бизнис секторот“ имаа можност да се запознаат со активните мерки и политики за вработување кои се во тек и оние кои се планира да се реализираат во текот на годинава. „Министерството за труд и социјална политика во соработка со Агенцијата за вработување (АВРМ) досега организираше 15 форуми за работодавачи. Цел ни е во текот на годинава да ги посетиме сите општини и на…

повеќе...

Со швајцарска помош до поголема вработеност на младите во Охрид

Зголемување на вработеноста во приватниот сектор, е целта на проектот кој е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ќе биде имплементиран преку Швајцарската фондација за техничка соработка во наредните пет години во Охрид, Маврово и Крушево. Градоначалникот Никола Бакрачески, по тој повод, денеска имаше работна средба со директорката на проектот Розанди Лоу, на која се разговараше за модалитетите под кои општина Охрид и институции и компании од градов ќе бидат вклучени во сроведувањето на проектот. Проектот ќе делува во секторите туризам и угостителство, еко – економија и…

повеќе...

Груевски: Повеќе од ветувачки ефектите од странските експерти во домашните фирми

Повеќе од ветувачки се резултатите од ангажирањето на странските експерти во македонското стопанство. Вкупно 45 проценти од домашните фирми ги подобриле производниот процес и маркетингот, а 10 отсто имаат придобивки во анализата на работењето и планирањето на идните активности, соопшти денеска премиерот Никола Груевски. Според премиерот, 87 проценти од компаниите изразиле очекување дека ќе отворат нови работни места, додека 86 отсто повторно најавиле потреба и желба од ангажирање странски експерти. „Еден од основните интереси на Владата е македонските фирми да бидат што поуспешни, со поголема заработувачка. Тоа носи придобивки за…

повеќе...

Груевски: Проектот за самовработување со грантови ќе отвори нови работни места

Проектот за самовработување со кој за започнување на сопствен бизнис се доделуваат грантови од 3.000 евра ќе отвори нови работни места, оцени денеска премиерот Никола Груевски. Одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на новите дела од едицијата „Македонски искушенија“, Груевски истакна дека конкурсот е веќе објавен и ќе заврши на 10 март. „Овој јавен повик до сите невработени предвидува доделување грантови од 3.000 евра за опрема и репроматеријали за отпочнување бизнис и 250 евра за бизнис план и за сметководствени работи поврзани со отворањето на фирма. Ова е еден од…

повеќе...

РеСПА објави огласи за вработување во организацијата

Регионалната школа за јавна администрација, РеСПА, објави огласи за позициите програмски менаџер (2 лица) и Национален експерт (2 лица). Огласите се објавени на веб страната на РеСПА http://www.respaweb.eu/24/pages/10/employment. Регионалната школа за јавна администрација, РеСПА, со седиште во Даниловград, Црна Гора, претставува меѓународна организација на која и е доделена мисијата за развојот на регионалната соработка во полето на јавната администрација во Западен Балкан. Таа го подржува креирањето на одговорна, ефективна и професионална јавна администрација во земјите на Западен Балкан, во фазата на евро-интегративните процеси. РеСПА ја остварува својата мисија преку организација…

повеќе...