Двајца прилепчани затекнати при обивање на блиндор врата во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени дванаесет казнени дела „тешка кражба“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против К.Р.(44) и Д.М(43) двајцата од Прилеп. Полициските инспектори, на 21 мај оваа година околу 12 часот, ги затекнаа двајцата пријавени при употреба на подесен алат и обивање на блиндор врата во стан на петтиот кат на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид. При личен како и претрес во нивното патничко моторно возило, пронајдени се инбус клучеви, мини метална округла шипка, една мини плосната шипка, една метална пинцета, два скалпери, еден…

повеќе...

Нови прозорци и врати во училиштето во Требеништа

Во училиштето во село Требеништа деновиве се поставуваат енергетски-ефикасни прозорци и врати. Според проектот „Енергетска-ефикасна општина“ предвидени се повеќе активности меѓу кои  и набавка и поставување  на прозорци и врати. Договорот за овој проект е склучен помеѓу општина Дебарца и  Здружение на граѓани Проактива. Исто така од буџетот на општина Дебарца издвоени се средства за поставување на ламинантни подови и фасада на училишната зграда. Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски вели дека оваа инвестиција е од големо значење за учениците да имаат подобри услови во образовниот процес.

повеќе...