Денес календарски започнува летото

На северната Земјина полутопка денес 21-ви јуни календарски започнува летото и ќе трае до 22-ри септември кога почнува есента. Во исто време за жителите на јужниот дел на Земјината полутопка почнува зимата. Летото почнува во 18:39 чaсoт, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. За првиот летен ден метеоролозите најавуваат променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, со температура до 22 Целзусови степени.

повеќе...

Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи наместа во форма на невреме. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта особено во јужните делови од земјата. Утринската температура од 10 до 19 степени, а дневната од 24 до 31 степени.

повеќе...

Македонија од утре во жолта алертна фаза

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, целата територија на Република Македонија, од утре ќе биде зафатена со повисоки температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза. Станува збор за температури до 37 степени целзиусови, кои се повисоки за овој период од годината и потребна е посебна внимателност за заштита на здравјето на населението и адаптација кон повисоките температури. Од Министерството за здравство соопштуваат дека потребно е да се почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, одбегнување на директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17…

повеќе...

Топлотен бран, температурите ќе се искачат до 38 степени

Подрачјето на Македонија од денеска постепено ќе потпадне под влијание на многу топла воздушна маса од југ, која во наредните денови ќе услови повисоки дневни температури од просекот за овој период од годината, соопшти УХМР. Како што информираат хидрометеоролозите особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога на повеќе места температурата ќе надмине 34, а во југоисточните делови можно е да достигне и до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност меѓу 8 и 9.

повеќе...

Од утре тропски температури

Подрачјето на Македонија од утре постепено ќе потпадне под влијание на многу топла воздушна маса од југ, која во наредните денови ќе услови повисоки дневни температури од просекот за овој период од годината, соопшти УХМР. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога на повеќе места температурата ќе надмине 34, во југоисточните делови можно е да достигне и до 38 степени. УВ индексот за овој период ќе има многу висока вредност меѓу 8 и 9.

повеќе...

Какво време не очекува наредните денови?

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, при што за време на викендот и во почетокот на следната недела дневната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината. Во попладневните часови се уште на некои места ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.

повеќе...

Претпладне сончево, попладне краткотраен дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за појава на краткотраен дожд претежно во западните планински делови и сосема на југоистокот од земјава. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 22 до 29 степени. Во среда времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд особено во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер.…

повеќе...

Балканот го очекува силно невреме

По неколку “пеколно” топли денови, доаѓаат силни врнежи проследени со грмотевици и обилни дождови, пренесува Телегрф.рс. Според прогнозите на метеоролозите, Балканот го очекува уште еден студен бран, со врнежи за време на викендот. Покрај Балканот, погодени ќе бидат и Италија и Австрија. За невремето посебно треба да се подготват Словенија и Хрватска, бидејќи таму студениот бран ќе погоди најсилно. Најголемо количество на дожд се очекува во сабота навечер. Наредната седмица во балканскиот регион се очекува нестабилно време со врнежи, што не е невообичаено за овој период од годината. Извор: Нет…

повеќе...

Дожд, ветер и грмотевици за време на викендов

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови,  додека утре (недела), во попладневните часови не очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

повеќе...

Сончево и топло време во наредните денови

Стабилно и топло време со слаб до умерен јужен ветер не очекува во наредните два дена. Во сабота кон крајот на денот ќе има услови за локален краткотраен дожд, а во недела, особено попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

повеќе...