Од денес до среда врнежи од дожд

Од Управата за хидрометеоролошки работи од денес, до среда, најавуваат повремени врнежи од дожд кои на места ќе имаат пообилен карактер. Во Охрид времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата  ќе се движи до максимални 10 °С. За понеделник и вторник метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд, во среда врнежи од снег и веќе од четврток ќе имаме сончево време. Температурите ќе се движат од -1 °С до 10 °С.

повеќе...

УХМР: Не очекува променливо облачно време со услови за врнежи од дожд и снег

Времето денеска вo Охрид ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините само снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Tемпературата ќе се движи од -5 до 7 °С. Според метеоролозите, во текот на оваа недела ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Температурите ќе се движат од 0 до 10 степени. Веќе од понеделник не очекува сончево време, каде што температурата ќе достигне до 16 степени. Според најновите информации добиени во АМСМ од ЈП Македонијапат, сообраќајот на сите…

повеќе...

Викендов променливо-облачно со услови за дожд и снег

Според Управата за Хидрометеоролошки работи за време на викендот во Охрид ќе имаме променливо облачно време со можни врнежи од дожд, а на повисоките места врнежи од снег. Денес температурата ќе достигне до 7 степени, а утре (недела) до шестиот степен. Во текот на наредната недела се очекува променливо облачно време со услови за врнежи од дожд и снег. Утринските температури ќе бидат под нулата, но во текот на денот ќе се зголемуваат и ќе достигнат температура до 8 степени, најавуваат од УХМР.

повеќе...

Од утре дожд и снег

Од Управата за хирометеоролошки работи за текот на денешниот ден најавуваат променливо облачно време, а веќе од утре, четврток, па се до понеделник под влијание на влажен бран се очекуваат врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. Во петок ќе имаме понтензивни врнежи од снег, каде што ќе се формира снежна покривка. За време за викендот како што информираат од УХМР, ќе има и намалување на температурите, кои ќе се движат од -6 до 5 степени.

повеќе...