Од вторник се враќа топлото време

По малиот пад на температурите, од вторник се враќа топлото време. Како што информираат од УХМР, од вторник до петок (15-ти до 18 септември) подрачјето на Македонија ќе биде под влијание јужно воздушно струење и доста топла и сува воздушна маса од Медитеранот која ќе предизвика и доста топло време за овој дел од годината. Извор: Нет Прес

повеќе...

Топлотен бран во Македонија: Температури од жолта фаза

Повторно топлотен бран во Македонија. Согласно најавата од метео-алармот на Управата за хидро-метеоролошки работи, се очекува денес и утре целата територија на државата да биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза. Станува збор за температури повисоки од вообичаените за овој период од годината. Да се почитуваат препораките! Граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури. Министерството за здравство повторно излезе со препораки во однос на најавениот топлотен бран во земјава. – Престој во затворени (климатизирани) простории, а при неопходен престој на…

повеќе...

Викендов не очекува дожд

Денес во Македонија ќе има сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 31 до 38 степени. Според прогнозите на Управата за хидрометеролошки работи, во петок ќе имаме сончево и топло време, во попладневните часови со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. За време на викендот и во понеделник времето се очекува да биде нестабилно на повеќе места, со интензивен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

повеќе...

Денес неповолно биометео – главоболки и општа слабост

Неповолно биометео имаме денес во земјава – општа слабост, деконцентрација и чувство на тежина во главата се само некои од симптомите кои можат да се јават попладнево кај метеопатите. Подолготрајни ќе бидат болките од ревматски карактер и оние од артритични промени. Утрешното биометео прогнозира појава на главоболки, болки во колената, грбот и на вратот, особено попладне. Кај поголем број луѓе можна е општа слабост, а кај некои и чувство на тежина во главата. Во вечерните часови болките од ревматски карактер и оние од артритични промени ќе бидат поизразени, соопштуваат од…

повеќе...

Пороен дожд и град ја зафати Македонија

Во Македонија од пладневните часови почна развој на нестабилна облачност, најпрво во планинските подрачја во западна Македонија, околу Јакупица и крајниот североисточен дел. „Во моментов поинтензивна нестабилност има во прилепскиот дел, на потегот од Охрид кон Крушево и во североисточните делови. Според радарската слика од Тополчани југоисточно од Прилеп, има појава на невреме со поинтензивни процеси“, информира Управата за хидрометеоролошки работи. До крајот на денот, на повеќе места ќе се задржи нестабилно време. Ќе биде облачно со порoен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни…

повеќе...

Утре дожд и грмежи

Утре и задутре земјава ќе биде под влијание на влажна и нестабилна маса односно не очекуваат дожд и грмежи. Поизразена нестабилност ќе има утре, особено во северните и југозападните делови, каде локално се очекува да има обилен пороен дожд и грмежи, како и засилен ветер. Не се исклучува и можноста за изолирана појава на град. „Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Врнежливо време и пониски температури не очекуваат и…

повеќе...

Дополнителни препораки за заштита од топлото време

Од Министерството за здравство информираат дека на вчерашната седница на Владата на Република Македонија, на предлог на Министерството за здравство, беа донесени дополнителни препораки за заштита на населението од високите температури, поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за температури од портокалова фаза во вкупно три од шест региони низ државата во текот на утрешниот ден, како и високи температури низ целата држава кои траат континуирано изминатиот период. Владата донесе препорака за ослободување од работните обврски на сите лица кои работат со скратено работно време поради здравствени причини. Воедно, се препорачува да…

повеќе...

Два региони утре во портокалова фаза, останатите во жолта

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, утре два региони од територијата на државата ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза. Два региони утре во портокалова фаза, останатите во жолта Во текот на утрешниот ден температури од портокалова фаза ќе има во охридско –преспанскиот и јужно-вардарскиот регион, каде се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината. Како што информираат од Министерството за здравство останатите региони ќе бидат зафатени со температури од жолта, односно алертна фаза. Почитувајте ги препораките Бремените жени и хронично болните лица…

повеќе...

Бремените и болните над 60 години ослободени од работа до 4-ти август поради топлото време

До 4-ти август ќе продолжат да важат донесените препораки за ослободување од работни обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, како и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот, соопшти синоќа Министерството за здравство. Продолжувањето на препораките, кои важеа и деновиве (од 22-ри до денеска) е поради најавата на метеоалармот од Управата за хидрометеоролошки работи – дека до крајот на неделата ќе продолжат високите температури над 40 степени. Министерството наведува дека во претстојниот период континуирано…

повеќе...