Земјите од ЈИЕ бараат поддршка од ЕУ за коридорите 8 и 10

До 2020 година на Република Македонија и се потребни околу 1,7 милијарда евра за проектите што моментно ги реализира и за оние кои се планирани, а за кои немаме обезбедено финансиски средства. За овој период од Европската унија ни стојат на располагање само шест проценти од потребните средства или околу 108 милиони евра, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во обраќањето на 10. Годишен состанок на транспортната опсерваторија на ЈИЕ – СЕЕТО. Јанакиески потенцира дека сите проекти што ги реализира Македонија се на европските коридори, нагласувајќи дека како…

повеќе...

Закажани датумите за полагање на испити за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај

Соглaсно член 8б од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на РМ број 68/04, 127/06,114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14 и 112/14) и член 4 од Правилникот за начинот, постапката и програмата за полагање на испит за добивање на сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот (Службен весник на РМ бр. 39/07,4/08, 20/09, 149/09, 88/12 и 127/14), Министертвото за транспорт и врски закажува датуми за полагање на испити на испитот…

повеќе...

Реконструкција на 10 железнички станици на коридор X

Започнa реализацијата на проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција на железничките станици долж пан-европскиот коридор 10, вклучувајќи го и кракот 10-д во Македонија, согласно најдобрите практити во Европската Унија. По објавениот оглас на интернет-страницата на Европската Комисија на кој се бараа компании кои директно ќе го имплементираат проектот, до крајниот рок за поднесување на понудите се пријавија вкупно 9 компании. Во тек е постапката за евалуација на пристигнатите понуди. Согласно динамиката на реализација на проектот се очекува евалуацијата да се заврши до крајот на годината и веднаш потоа да се…

повеќе...

Уште 15 дена пријавување за обуки по англиски за таксистите

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во тек е пријавувањето на такси возачи за посетување на обука за изучување на англиски јазик. Рокот за пријавување е до 25.10.2014 година. Јавниот повик е објавен од страна на Министерството за транспорт и врски и Заедницата на единиците на локалната самоуправа и истиот се однесува на пријавување на такси возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси дејност од општините во Република Македонија, за посетување на обука за изучување на англиски јазик. Обуката за изучување на англиски јазик опфаќа посетување на предавање…

повеќе...

Соопштение до превозниците кои вршат меѓународен превоз на стока

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во периодот од 10.10.2014 година (петок) со почеток од 00:00 часот заклучно до 15.10.2014 година (среда) до 24:00 часот ќе се врши годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЦЕМТ дозволи за 2015 година и изготвување на поединечен план како резервација на поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2015 година. Трговските друштва кои имаат лиценци за меѓународен јавен превоз на стоки (за сите видови меѓународни транспортни дозволи) и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени…

повеќе...