Традиционално во последните денови од старата година време е да се присетиме на ланските желби и на нивното обвистинување, а оттука и да си ги посакаме новите убавини на новата година која ни претстои. Колку сме задоволни од оствареното и колку бараме повеќе од возможното секој од нас си знае или дознава токму на крајот од секоја година. Но колку и да (не) сме задоволни, тоа е и човечки да си посакаме уште нови и нови остварени желби. За нас и за нашите блиски и за нашиот град и за…
повеќе...Tag: веб охрид
Еве како украсуваат велосипедистите!
И велосипедистите заслужуваат малку одмор, барем додека трае зимата, студот и снегот, а велосипедот може да послужи и како новогодишен украс… Идејата е интересна и уникатна, но не е препорачливо овој пример да го следат љубителите на моторциклизмот, а уште помалку автомобилизмот. WebOhrid
повеќе...„Опери ме“ – но, не сфаќајте го тоа буквално!
Деновиве по охридските улици можевме да забележиме комбе со двосмислена порака – „Опери ме“. Ова комбе кое имаше тетовски таблички сигурно претходно било кај некој од нашите северни соседи, а тешко возачот доколку кај нас оваа порака некој ја сфати буквално. WebOhrid
повеќе...Камуфлирано фиќо
Олдтајмер или…!?! Најважно е тоа што ова фиќо е сè уште функционално и тоа како корисно. Неговиот товар надвиснал над него како камуфлажа. Но, важно е тоа што камуфлажата не ја попречува видливоста при возењето, а за тоа колку товар може да издржи, проценете сами. WebOhrid
повеќе...Мини-плоштад се гради кај Музичкото училиште
Наскоро, во непосредна близина на основното Музичко училиште „Методи Патче“ ќе никне мини-плоштад. На овој простор до неодамна беа поставени незаконски времени објекти кои го нагрдуваа овој централен дел од Охрид. Градежните активности за уредување на просторот започнаа денес, а градоначалникот Никола Бакрачески кој беше на лице место во истакна дека овој дел од градот ќе стане привлечно катче за одмор на возрасните и забава на помладите. „Просторот партерно и хорти-културно ќе го уредуваме, а предвидени се и поплочени пешачки површини на кои ќе бидат поставени елементи од урбана опрема: клупи,…
повеќе...Декемвриски сончев викенд
Убавото сончево време денес го раздвижи Охрид. Охриѓани, но и бројните посетители го искористија времето за прошетка низ охридската чаршија, покрај кејот, кафулињата и рестораните. Според метеоролозите, сончево време ќе имаме и утре со максимална температура до 11 степени. WebOhrid
повеќе...Свети Климент, архиепископ Охридски
За свети Климент Охридски, патронот на нашата Црква, првиот словенски епископ со Дух напоен од Бога, нашиот Старец, молитвеник, духовник, беседник, просветлител, учител… речиси и да немаме конкретни биографски податоци. Не се знае кога е роден, каде се школувал, кои се неговите родители и сл. Изворите молчат, но житијата никогаш немале за цел да ги изнесуваат личните моменти од животот на светителите, туку нивните богоугодни дела, нивните подвизи и жртви. Со иста таква цел и во спомен на овој голем наш светител и Божји угодник се напишани и овие редови.…
повеќе...Една, сепак, успешна приказна на македонска ѕвезда во Ѕвездите на Гранд
Во последно време македонската јавност, особено онаа музичката, е преокупирана со учество на македонски таленти и ѕвезди на разни музички национални и интернационални фестивали и натпревари од типот на „Јас имам талент“, …. „Ѕвездите на Гранд“ и слично. Токму последно спомнатиот музичко реалити шоу „Ѕвездите на гранд“ е мегдан каде учествуваат и македонски надарени музички пејачи. Еден од нив кој успеа делумно да ги оствари своите музички желби и сни е кичевчанецот Христијан Тришоски… WebOhrid: Како почна приказната на Христијан? Кој е Христијан Тришоски и од каде кичевчани во „Ѕвездите…
повеќе...Повторно почувствуван земјотрес во Охрид
Денес во 12 часот и 32 минути во Охрид повторно беше почувствуван земјотрес. Епицентарот повторно е во близина на двата потреси почувствувани пред два дена, овој пат на 12 километри североисточно од Охрид, на длабочина од 1 километар со интензитет од 3,6 степени според Рихтер. WebOhrid
повеќе...Повторно се тресе тлото во Охрид
Повторно се затресе тлото во Охрид. По почувствуваниот земјотрес во 17:18, кој беше со епицентар во Охрид, овој пат во 19 часот и 30 минути беше почувствуван нешто посилен земјотрес. Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет – Скопје, епицентарот на овој земјотрес е речиси на исто место со претходниот, 7 километри североисточно од Охрид, во близина на Косел, со интензитет од 3,1 степен на длабочина од 2 километри. WebOhrid
повеќе...