Од понеделник започнува вакцинацијата против сезонски грип

Како и секоја година и оваа година Центарот за јавно здравје Охрид презема низа активности кои што се насочени кон превенција, односно заштита на населението од сезонски грип. За оваа година набавени се 3 илјади вакцини за подрачјето на Охрид, Струга и Дебар каде што и ќе се врши вакцинирањето од страна на епидемиолошките екипи на Центарот за јавно здравје кои што почнувајќи од понеделник 16ти октомври, ќе вршат редовно вакцинирање на сите оние кои што се заинтересирани, кои што сакаат да дојдат во амбулантите на Центарот за јавно здравје…

повеќе...

Во Струга се одржува обука за спасувачи на вода

Конзорциумот составен од цивилните заштити на Словенија, Хрватска, Германија, Шведска, Италија, Невладината „Студиаре Свилупо“ од Италија и Дирекцијата за заштита и спасување, организираат обука за спасувачи на вода. Обуката се одржува во Струга, а на истата учествуваат цивилните заштити на Албанија, Косово, Турција и Македонија. „Целта на овој проект е соработка со цивилните заштити на Косово, Албанија, Турција и Македонија каде по завршувањето на оваа обука треба да се формира еден тим од 44 припадници каде истите би се користеле за спасување во нашите држави, но и на барање на друга…

повеќе...

Работилница за Прекугранично спроведување на законска регулатива за води и природни заштитени подрачја

Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и амбасадорот на Република Австрија во Македонија, Ренате Коблер, денес во Охрид се обратија на отварањето на тридневната регионалната обука „Прекугранично спроведување на законска регулатива за води и природни заштитени подрачја“, со фокус на заштитата на прекугранични заштитени подрачја во Македонија, Албанија и Косово. Истакнувајќи дека на овие природни богатства им е потребна колективна и усогласена заштита од страна на надлежните национални органи, министерот Изаири додаде: „Потребна е и заедничка платформа и соработка во намалување на влијанијата и притисоците кои со…

повеќе...

Работна сесија во Проектот за интегрална заштита на природното и културното наследство на Охридскиот регион , УНЕСКО / ЕУ

Од 7ми до 10ти декември во Поградец на брегот на Охридско Езеро од албанската страна ќе се одржи тематска тренинг сесија во рамките на проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на Охридскиот регион поддржан од УНЕСКО и Европската унија. Главната цел на оваа сесија ќе биде да се нотираат главните опасности и предизвици кои имаат ефекти врз состојбата на Охридското Езеро и засилување на прекуграничната соработка, зајакнување на ефектите од управувањето, како и идентификување и згрижување на природното и културното наследство во Охридскиот регион. На работната сесија…

повеќе...

Одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување

Општинскиот штаб за заштита и спасување, денеска одржа координативен состанок, на кој се расправаше за подготовките за навремена реакција во случај на елементарни непогоди. На состанокот стана збор за преземањата во случај на поплави и поголеми снежни врнежи во есенскиот и зимскиот период, а беа оценети и активностите на надлежните институции од оваа област, во текот на летните месеци.

повеќе...

Нацрт извештај за: Стратегиска оцена на животната средина за плански документ ДУП за УЗ 5, УБ 5.4, КО Охрид, плански период 2014-2019

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бР. 53/05,81/05,24/07,159/08,83/09,48/10,51/11,123/12,93/13,42/14 и 44/15) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08) Градоначалникот на Општина Охрид О Р Г А Н И З И Р А 1. Јавен увид и јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Детален Урбанистички план за УЗ 5, дел од УБ 5.4, КО Охрид…

повеќе...

И годинава со низа активности ќе се одбележи Светскиот ден за борба против хепатитис

Во рамките на здравствено-превентивната дејност Црвен крст Охрид во партнерство со здружението Опција-Охрид и Центар за јавно здравје Охрид, секоја година со низа активности го одбележува 28-ми јули Светскиот ден за борба против хепатитис. Оваа година, под мотото „ПРЕВЕНИРАЈ ГО ХЕПАТИТОТ-ОД ТЕБЕ ЗАВИСИ“!, предвидена е реализација на активности и настани кои ќе се реализираат во Охрид и Струга и тоа: – вршење на бесплатни, анонимни тестирања за хепатитис кои ќе се реализират во специјално возило од страна на обучени лица од Црвен крст Охрид, Опција-Охрид и Центар за јавно здравје…

повеќе...

СВР Охрид со оперативни планови и зајакнати мерки за заштита од пожари

Во пресрет на летната сезона и очекуваните високи температури карактеристични за овој период, СВР Охрид изготви конкретни оперативни планови и зајакнати мерки од превентивен, но и од репресивен карактер за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари. Во таа насока, СВР-Охрид ќе ги вклучи сите расположливи капацитети и опрема која наменски може да се користи за контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, како и да одговори на потребите во случаи на локализирање на евентуално настанат пожар од поголем обем. Во соработка со територијалната против-пожарна единица, ЦУК, ЈП…

повеќе...

Активности за имплементација на Проектот за заштита на старото градско јадро на Охрид

Претставници од општина Охрид, од 7 до 10 април, во Каен учествуваа на одбележувањето на 10 годишнината од востановувањето на децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија – Франција и Република Македонија. На приемот во Регионалниот совет на Долна Нормандија беше презентирана соработката со Република Македонија како и начинот на размена на искуства на партнерите. Општина Охрид го пренесе своето искуство во соработката со Општина Каен, со која е потпишан Протокол за соработка во 2009 година и активностите за имплементацијата на Проектот „Изработка на план за интегрирана заштита на старото градско јадро…

повеќе...

Најавен почетокот на Проектот за зајакнување на управувањето на прекуграничните природни богатства на Охридскиот регион

УНЕСКО го најави почетокот на Проектот за Зајакнување на управувањето на прекуграничните културни и природни богатства на Охридскиот Регион. http://whc.unesco.org/en/news/1252 Во оваа иницијатива од самиот почеток беше Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридско Езеро. „Работите добиваат видливост и нашата цел со овој Проект кој еве започнува е со подрршка на УНЕСКО да ја зајакнеме заштитата на наследството во охридскиот регион и со тоа и самото езеро, и на тоа да се додаде и албанската страна под истиот режим на таа заштита. Фокусот е да обезбедиме интегралност на заштитата, инвентаризација на културното…

повеќе...