На Државната кардиохирургија завчера е извршена првата минимална инвазивна интервенција на итен пациент во животнозагрозувачка состојба. Операцијата ја изведе хирургот Омер Џемали од „Триемли хоспитал“ од Цирих заедно со докторите од Државната кардиохирургија, а пациентот се чувствува добро и наскоро ќе биде преместен во обична соба. Ова го истакна министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на Државната кардиохирургија во Скопје. „Со отпочнувањето на минимално инвазивни кардиохируршки интервенции на итни пациенти отидовме уште еден чекор понапред во типот на услуги кои се даваат на Државната кардиохирургија и интервенциите што…
повеќе...Tag: здравство
Зголемена свесност за рано откривање карцином на дебело црево-ФОБ тест направиле над 1.600 лица
Над 1.600 лица извршиле превентивен преглед со ФОБ тест од почетокот на годинава во рамки на превентивниот скрининг за карцином на дебелото црево, кој го спроведува Министерството за здравство. Од извршените прегледи, кај 938 лица е утврдена потреба од дополнителни испитувања, при што кај седум лица е добиен позитивен наод за карцином на дебело црево (колоректален карцином). Превентивниот скрининг за карцином на дебело црево, соопшти Министерството за здравство, се препорачува кај лица на возраст од над 50 години, а ФОБ тестовите се достапни кај секој матичен доктор и се бесплатни.…
повеќе...Олеснување за матични лекари – помалку бирократија за поефикасна превентивна здравствена заштита
ФЗОМ денес заедно со Здружението на приватни лекари на Р.Македонија информираа за новиот софвтер, со кој ќе се унапреди и олесни работата на матичните лекари, а се однесува на полето на превенцијата која тие веќе ја спроведуваат. Во договорите со Фондот за здравство, матичните лекари од општа пракса имаат обврска да спроведат мерки и активности за превенција и рано откривање на кардиоваскуларни болести, дијабетес и нефролошки заболувања, кои се трите најчести незаразни заболувања во Република Македонија. Овие превентивни мерки се спроведуваат на 1.3 милиони осигуреници на возраст од 14-65 години. „Целта на…
повеќе...Препораки за заштита на здравјето на населението во поплавените подрачја
Препораки за заштита на здравјето на населението во поплавените подрачја: – Се препорачува користење на пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење на забите, миење и подготовка на сирова храна, како и за миење на садовите. – Водата се преврива така што садот со вода се става на шпорет да зоврие (10 минути), потоа се отстранува и се остава да се олади, а притоа во водата не треба да се става мраз. – Се препорачува миење на рацете со сапун после чистење, пред подготовка на храната, пред јадење,…
повеќе...Епидемиолошката состојба во Тетовско стабилна
Епидемиолошката состојба во Тетовско е стабилна. Континуирано се преземаат сите противепидемиски мерки од страна на надлежните установи и нема појава на заразни заболувања. Според резултатите од испитувањата во Тетово, каде што е воспоставена континуирана дезинфекција на градската водоводна мрежа, и во населените места Лешок и Непроштено, водата за пиење е исправна, додека во останатите рурални подрачја зафатени со поплавите, водата е неисправна и забранета за пиење. Извршена е дезинфекција на површина од околу 25.000 метри квадратни, постојано се делат таблети за дезинфекција на водоснабдителните системи, а се врши и едукација…
повеќе...Мамографски скрининг за навремена заштита на здравјето на жените
Извршени се 2.731 прегледи низ целата држава, во 17 јавни здравствени установи, во рамки на бесплатниот мамографски скрининг за рано откривање карцином на дојка, што Министерството за здравство почна да го спроведува од 7 април. Од извршените прегледи, вкупно 2.243 се со уреден наод (без присутни знаци на карцином). Вкупно 488 жени се упатени на понатамошни испитувања врз основа на потреба за додефинирање на детектираната промена. Упатувањето на понатамошни испитувања, како што се наведува, се прави врз основа на упатствата од медицина базирана на докази. Во зависност од наодот, 460…
повеќе...Над 80 отсто од пациентите задоволни од функционирањето на МојТермин
Последното истражување на Министерството за здравство, спроведено во јули оваа година, покажа дека над 80 отсто од пациентите се задоволни од функционирањето на системот „Мој Термин“, информираше на прес-конференција, Милан Аризанковски, проект-менаџер на Националниот систем за закажување прегледи МојТермин, при што истакна дека процентот на задоволни пациенти пораснал за 12.5 отсто од минатото истражување. „Најголемиот број од пациентите во истражуавњето покажува дека 93.8 проценти не им се случило да дојдат на закажан преглед, а притоа докторот да не е во амбуланта, а претходно пациентите да не се известени за тоа.…
повеќе...Почна вакцинацијата со шествалентните вакцини
Четириест и три бебиња ја примија новата шествалентната вакцина во изминатите два дена во советувалиштата во Здравствен дом Скопје. Вакцината минатата недела е дистрибуирана во сите советувалишта во земјава. Петвалентната вакцина се очекува да пристигне месецов и ќе почне да се применува од септември. „Со употреба на петвалентната и шествалентната вакцина 13. инјектирања во првата година се намалуваат на седум. Тоа дава простор за воведување нова вакцина, пневмококната, сега е по избор, но со тенденција да биде ставена редовно во календарот за имунизација –“ изјави директорката на Здравствен дом-Скопје, Татјана…
повеќе...Заменик министерот Андовски прими донација од Австрискиот Црвен крст
Заменик министерот за здравство Јовица, Андовски денеска присуствуваше на настан по повод донација на електрични болнички кревети, наткасни и друг медицински инвентар од Црвениот крст на Австрија. Донацијата во вредност од над 14 илјади евра е наменета за здравствените установи, но во најголем дел за Клиничкиот центар-Скопје и Клиничката болница Тетово. „Донацијата се распределува врз основа на барањата и потребите на здравствените установи. Со австрискиот Црвен крст имаме долгогодишна соработка и заедничка цел-подобрување на здравјето на населението, здравствените услуги и здравствениот систем воопшто,“ изјави заменик министерот Јовица Андовски. Во изминатите…
повеќе...Комплетна реконструкција и нова опрема во клиниката „Св. Наум Охридски“- Скопје
Со реконструкција, според најсовремени стандарди и со набавка на нова медицинска опрема се заокружува целата инвестиција во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“- Скопје. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров. „Ќе инвестираме околу 140 милиони денари или околу 2,3 милиони евра во комплетна реконструкција на внатрешноста на установата и за набавка на нова медицинска опрема за хируршките сали и за Центарот за изгореници“, рече Тодоров. Отпочнавме, како што посочи, постапка за набавка на нова медицинска опрема за Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.…
повеќе...