Бремените жени и хронично болните лица постари од 60 години, од денеска до вторник (28 јули) треба да се ослободени од работните обврски, препорача вчера Владата на предлог Министерството за здравство. Како што соопшти Министерството за здравство, во истиот период се препорачува и работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот. Препораките се донесени имајќи предвид дека подолг период државата е зафатена со повисоки температури, кои според најавите од…
повеќе...Tag: здравство
Тодоров: Пациентите и здравствените работници заемно да се почитуваат
Односот меѓу пациентите и здравствените работници треба да почива врз заемно почитување, но и врз база на почитување на Законот и почитување и унапредување на правата на здравствените работници и правата на пациентите. Во таа насока, доследно треба да се почитуваат одредбите од Законот за здравствена заштита кои се однесуваат на унапредувањето на хоспиталната култура, како и Правилникот за хоспитална култура, кој треба да се применува во сите јавни здравствени установи низ државата. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека значајни фактори за…
повеќе...Андовски во посета на Охрид-брза и квалитетна здравствена заштита и во летниот период
Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, оствари работна средба со менаџерските тимови на Општата болница, Здравствениот дом и Итната медицинска помош во Охрид, при што беше констатирано дека здравствените работници од овој регион успешно и навремено ги обезбедуваат потребните здравствени услуги за граѓаните во летниот период и се справуваат со последиците од топлотниот бран што деновиве ја зафати нашата држава. „Здравствените установи во Охрид и во услови на високи летни температури обезбедуваат брза и квалитетна здравствена заштита за граѓаните од овој регион, и зголемениот број домашни и странски туристи кои престојуваат…
повеќе...Од утре топлотен бран во Македонија
Со топлотен бран од жолта (алертна) фаза денеска е зафатен охридско-преспанскиот регион. Од утре до вторник се очекува територијата на цела држава да биде зафатена со температури до 40 степени целзиусови, кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза. „Граѓаните од цела држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за населението за заштита од високите температури, како што се – заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиена на раце и хигиенски начин на подготовка на храната…
повеќе...Неоткажувањето на термините за преглед ги зголемува листите на чекање
Се зголемува бројот на пациенти кои навреме го откажуваат закажаниот термин за преглед/снимање на кој не биле во можност да дојдат, но се уште е голем бројот на пациенти кои не се појавиле на закажаниот термин и претходно не го откажале, а дел од нив не се појавиле на закажаниот термин дури 14, 15 и 17 пати, покажаа резултатите од анализата на податоците на системот МојТермин. Пациентите кои не можат да дојдат на закажаниот преглед, можат да го откажат со јавување на телефонскиот број 15 444 или со праќање СМС…
повеќе...Бесплатни прегледи за млади спортски рекреативци
Од 1 август младите лица кои рекреативно практикуваат спортски активности ќе може да направат бесплатен преглед на Спортска медицина, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. Со оваа мерка на Министерството за здравство ќе бидат опфатени околу 25 илјади лица – аматери спортисти, на возраст од 14 до 29 години. Станува збор за основен пакет кој ќе се врши во службите за спортска медицина во здравствените домови во Скопје, Битола, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кавадарци, како и на Медицинскиот факултет во Скопје. „Прегледот опфаќа ЕКГ, хематолошки и…
повеќе...Министерството за здравство обезбеди 3.000 вакцини против стрептокока
Три илјади дози вакцини против бактеријата стрептокока набави Министерството за здравство, кое продолжува со унапредување на превентивната здравствена заштита со посебен фокус на заштитата на здравјето на децата. Вакцината е незадолжителна и бесплатна и е наменета за деца на возраст од шест недели до пет години, информираше министерот за здравство Никола Тодоров. Вакцината е достапна и сите родители кои сакаат да го вакцинираат своето дете потребно е да се обратат до центрите за вакцинација во своето место на живеење и да се пријават, по што во рок од 10 дена…
повеќе...Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија директно со осигурениците во Охрид
Директорите на Фондот за здравствено осигурување, д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани во рамките на денешната работна посета на подрачната служба на Фондот во Охрид, продолжија со реализација на започнатиот проект, во секоја од подрачните служби да се запознаат со реалните проблеми и потреби како на осигурениците, така и на вработените. Овие средби истовремено се и можност за изнаоѓање на моментални или системски решенија за надминување на проблемите и пропустите кои осигурениците или вработените ги детектирале. Подрачната служба на Фондот во Охрид има специфика во своето работење во летниот период,…
повеќе...Тодоров: Докторите посовесни за „Мој термин“ во споредба со лани
Со податоците од системот „Мој термин“ детектиравме доктори кои три или повеќе од три пати во текот на еден месец доцнеле подолго од еден час на првиот закажан преглед. Јавно се обврзавме дека постојано ќе ја следиме состојбата, ќе ја информираме јавноста за оваа појава и ќе бараме од директорите да преземаат мерки се до комплетно анулирање на оваа појава. Ова на денешната прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров. Бројот на доктори кои не ги почитувале закажните термини минатиот месец за 15 пати е помал во споредба со…
повеќе...Нова 21 аптека низ Македонија
Фондот за здравствено осигурување вчера потпиша договор со нови аптеки, аптекарски станици и подвижни аптеки, вкупно 21, на територијата на Република Македонија. За сите нови договoрни партнери, утврдени се квоти кои почнуваат да важат од 1 јули оваа година. Од новите потпишани договори, 5 се подвижни аптеки, чија цел е снабдување со лекови во рурални средини, со најмалку еден здравствен работник, фармацевтски техничар. Новите 5 подвижни аптеки се за следниве подрачја: село Врапчиште – Гостивар (покрива 29 населени места); село Ростуше, општина Маврово (покрива 64 населени места); село Могила, општина Могила (покрива…
повеќе...