Емболизација на аневризма (вродена аномалија на крвните садови) е успешно извршена вчера врз пациент на Универзитетска клиника за неврохирургија, кој по интервенцијата се чувствува многу добро. Станува збор за нова метода на Клиниката, при што не се отвора черепот, туку со пункција на главниот крвен сад се доаѓа до мозочните артерии и аномалијата на мозокот се решава ендоваскуларно. Методата првпат е применета на Клиниката во февруари кога беше извршена успешна емболизација на аневризма кај двајца пациенти. Интервенцијата ја изведе тим од Клиниката во која е активно вклучен и д-р Венко…
повеќе...Tag: здравство
Информации за прва помош на мигрантите
Од Министерството за здравство информираат дека во соработка со Црвениот крст, организирани се вкупно 3 мобилни медицински тимови (доктор, медицинска сестра и возач) во регионите во кои се движат мигрантите на територијата на Република Македонија. Доколку има потреба од пружење прва помош кај некој од мигрантите, потребно е да се повика Црвениот крст на Македонија, на некој од следните телефонски броеви: 071 261 787, 070 257 994, 02 3139 578. Мобилните медицински тимови на Црвениот крст вршат тријажа и пружат прва помош, а по потреба повикуваат и Итна медицинска помош…
повеќе...Се инсталира ангиограф за кардиолошки и радиолошки процедури во ГОБ „8 Септември“
Во тек е инсталација на новонабавениот ангиограф во Градската општа болница „8 Септември“, чија вредност е околу 35 милиони денари. Монтажата треба да заврши кон крајот на овој месец и ангиографот ќе биде пуштен во употреба на 1 јули. Ќе има тестирања, мерења, дали има радиолошки зрачења и од 1 август ќе се почне со регуларна работа, прво со интервентната радиологија. На ангиографот ќе се работат и кардиолошки и радиолошки процедури. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети ГОБ „8 Септември“ по што изјави дека таа јавна здравствена установа…
повеќе...Поранешниот директор на Здравствен дом Охрид и се предаде на полицијата
Поранешниот директор на Здравствен дом Охрид, Митко Дабески, по четири месеци бегство утрово и се предал на полицијата. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека Дабески е предаден во Основниот суд во Охрид, каде му е изречена мерка притвор од 30 дена. Дабески, со уште двајца вработени, шефот на сметководство и благајникот, во медицинската установа во февруари годинава беа осомничени за криминал од околу 7,5 милиони денари. Финансиската полиција ги товари за „проневера во службата“, „поттикнување“, „помагање“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“. Во периодот од 2010 до…
повеќе...Клиниката за онкологија без листа на чекање за зрачна терапија
На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија целосно е анулирана листата на чекање за зрачна терапија, истакна министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на Клиниката каде се во ек градежни работи за подобрување на условите за работа. „Како Министерство фокус имамвме на оваа здравствена установа затоа што станува збор за пациенти кои се во исклучително тешка здравствна состојба и долгото чекање дополнително ја комплицираше и усложнуваше нивната состојба. Комплетното анулирање на листите се овозможи со работа во две смени и со третман на 50 и повеќе пацинети дневно…
повеќе...Директорите на Фонд за здравствено осигурување на Македонија директно со осигурениците
„Директорите на ФЗОМ директно со осигурениците“ е новиот проект на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, што почна да се спроведува од денес, 11 јуни 2015 година. Директорите заедно со стручниот тим ја посетија подрачната служба Скопје. Идејата на проектот е еден ден во неделата директорите на Фондот, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, заедно со стручниот тим, да поминат најголем дел од работното време, во подрачните служби на Фондот и работејќи заедно со вработените, на лице место да остварат непосреден контакт со осигурениците. Од „прва рака“ ќе може да се…
повеќе...Пациентите најзадоволни од услугите во Крушево, Кичево и Македонски Брод
Во Јавните здравствените установи во Курушево, Кичево, Македонски Брод и општата болница Кичево пациенти се целосно задоволни од достапноста, стручноста и љубезноста на лекарите како и од медицинскиот персонал, покажуваат резултатите од истражувањето за задоволството на пациентите во ЈЗУ спроведено минатиот месец. Како што информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров овие резултати покажуваат дека пациентите се генерално задоволни од односот на целокупниот кадар во установите како и дека има високо ниво на хоспитална култура. „Од стручноста на лекарите најмалку се задоволни односно 45 проценти пациентите од здравствениот…
повеќе...Тодоров: Безбедни, квалитетни и достапни лекови е нашата цел
Обезбедување квалитетни, безбедни и евтини лекови, и поголема достапност до сите граѓани, се дел од целите на чие остварување заеднички работат Министерството за здравство и Агенцијата за лекови, истакна денеска министерот за здравство Никола Тодоров. Тој обраќајќи се на Симпозиумот на Агенцијата за лекови и медицински помагала на Република Македонија, рече дека за таа цел се донесени законски измени за допрецизирање на одредени области од фармацевтската дејност. Законските измени, посочи, се фокусирани на одредбите за интервентен увоз, промет со лекови преку интернет, времетраењето на одобрение за регистрација на хомеопатските и…
повеќе...Од МојТермин задоволни 67,6 отсто од пациентите
Висок процент односно 67,6 отсто од пациентите се задоволни од функционирањето на Националниот систем за електронски евиденции во здравството МојТермин. Ова го покажаа резултатите од обемното истражување за задоволството на пациентите од функционирањето на здравствениот систем, кое во еден сегмент е фокусирано само на системот МојТермин и биле опфатени 6.300 испитаници, преку теренска анкета во 68 јавни здравствени установи (универзитетски клиники, општи и клинички болници, здравствени домови). Министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција на која ги презентираше резултатите од истражувањето рече дека пациентите се најзадоволни од функционирањето на МојТермин…
повеќе...Извештај за работата на здравствените установи од болничка здравствена заштита
Методологијата Дијагностичко сродни групи (ДСГ), покрај тоа што е систем за евидентирање и фактурирање на здравствени услуги за акутните болнички пациенти, исто така е и метод за евиденција и финансирање на болничката здравствена заштита. ДСГ методологијата придонесува за стандардизирање на медицинските терапевтски постапки според медицина базирана на докази (протоколи и клинички патеки), кои се вршат за секоја дијагноза со плаќање по просечни трошоци направени за здравствената услуга во било која здравствена установа. ДСГ системот овозможува формирање на централна база на сите здравствени услуги во РМ за болничките пациенти, како и…
повеќе...