„Наш специјалист“ нов проект на Министерството за здравство

Нов проект „Наш специјалист“ на Министерството за здравство почнува со имплементација на 4 април како резултат на последните измени на Законот за здравствена заштита. Министерството со патен налог ќе упатува доктор специјалист од една во друга јавна здравствена установа до три дена односно најмногу до пет дена, во текот на месецот, со цел надминување на проблемите во здравствениот систем како резултат на недостиг на определени специјалисти во определени подрачја на државата. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека проблемот е создаден како резултат…

повеќе...

Јога курсеви за бремени жени во повеќе градови во државата

Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство, на 23 март одржа состанок со д-р Благоја Ѓорѓиески, претседател на Јога сојузот на Македонија и професори од Школата за обука на наставен кадар, Ванчо Тасески и Томе Биновски, потпретседател на Сојузот, на тема дефинирање на активности за почнување со зедничка соработка на Министерството за здравство и Јога сојузот на Македонија за организирање јога курсеви за бремени жени во повеќе градови низ Македонија.

повеќе...

Од 1-ви април намалени цени на 542 лека

Од 1 април се намалува цената на 542 генерички и оригинаторни лекови. Ова е седмото по ред намалување на цените на лековите, согласно Законот за лекови и медицинските помагала и Методологијата за начинот на формирање на цените на лековите. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека со оваа системска реформа на Владата и Министерството за здравство, која во континуитет ја спроведуваат, со досегашните шест намалувања на цените на лековите опфатиле околу 4.000 лекови, а остварената заштеда изнесува над 36 милиони евра. Посочи дека…

повеќе...

Македонија со ниска стапка на заболени од туберкулоза

Најнови стандарди за дијагностицирање, лекување и превенирање на туберкулозата вклучени во Националната стратегија за туберкулоза, се применуваат во Република Македонија, која е меѓу земјите со ниска стапка на регистрирани случаи со туберкулоза со помалку од 20 лица на 100.000 жители. Во 2014 година се откриени 285 нови случаи со туберкулоза со стапка од 13,8 на 100.000 население, што е за 38 случаи помалку споредено со 2013 година, кога бројот на новооткриени изнесуваше 325 лица, истакна на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров на одбележувањето на Светскиот ден на туберкулозата, под…

повеќе...

Министерот Тодоров во посета на жариштето на епидемијата на туларемија во Каратманово

Министерот за здравство Никола Тодоров заедно со епидемиолози, претставници на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје Велес надлежен за оваа територија. Институтот за јавно здравје, денеска го посети село Каратманово, општина Лозово, каде е прогласена епидемија на туларемија на локално ниво. „Беше извршена дератизација, хлорирање на водата, забрана за користење на водата, обезбедена е цистерна што ќе доаѓа да ги снабдува луѓето во селото со вода. Ова со водата го правиме превентивно оти знаеме дека причина за епидемијата не е во изворот…

повеќе...

За една година 53 интервенции на Државната кардиохирургија

Од првата интервенција на Универзитетската клиника за кардиохирургија во Скопје, извршена на 19 март 2014 година, досега, во таа јавна здравствена установа успешно се направени 53 интервенции. По повод една година од првата интервенција на Државната кардиохирургија, министерот за здравство Никола Тодоров денеска ги посети новите простории на таа јавна здравствена установа, кои се наоѓаат во зградата на Клиниката за кардиологија. Истакна дека се монтира опремата за која веќе се склучени договорите, најголем дел од неа веќе е пристигнат, а треба да пристигне уште еден дел. „Државната кардиохирургија 40 години…

повеќе...

Тодоров: Објавен најголемиот тендер за набавка на 606 лекови за потребите на ЈЗУ

Министерството за здравство го објави веројатно најголемиот тендер досега за набавка на 606 лекови за потребите на јавните здравствени установи во државата. Набавката е објавена веќе на електронскиот систем за јавни набавки, како и со меѓународна објава во официјалното списание за јавни набавки на ЕУ. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека идејата е да има што е можно поголема конкуренција и во една транспарентна постапка да се заврши една од најголемите набавки спроведени досега со 606 делови, односно секој еден лек е…

повеќе...

Грант од 4 милиони евра за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија

Министерството за здравство го доби вториот дел од грантот од Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија во вредност од 4 милиони евра, кој ќе почне да се реализира во периодот 2015/2016 година, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. Втората фаза од 4 милиони евра е дел грантот за периодот 2012–2016 година, во износ од вкупно 10 милиони евра, од кој 6 милиони евра беа за првата фаза 2012 – 2014 година. Финансиите од вториот дел од грантот, појасни министерот, се наменети за Министерството за здравство, за…

повеќе...

Доктори од САД пренесуваат вештини и знаења на медицинските тимови за неонатална реанимација

Тим доктори од Соединетите американски држави обучува тимови од Македонија за неонатална реанимација. Обуките се вршат преку теоретски предавања и пренесување практични вештини кои треба да помогнат во справување со одредени проблеми кои се јавуваат кај новороденчињата во првите часови по породувањето. „Ова е многу значајно за нас и за секоја една земја имајќи предвид дека според статистиката која што ја имаме околу 90 проценти од раѓањата поминуваат без проблем, но кај 10 проценти од раѓањата понекогаш е потребна и реанимација која што е многу значајно да биде направена брзо,…

повеќе...

Уште 1.000 здравствени работници на едукација во странство, воведени нови методи во ЈЗУ

Над 1.100 доктори и медицински персонал од 44 јавни здравствени установи во Македонија, од 2012 година досега, беа на едукација во реномирани медицински центри во САД, Европа и Австралија каде се стекнаа со нови знаења и веќе ги применуваат најсовремените методи и техники во лекувањето и третманот на пациентите во државата. Годинава 1.000 доктори и медицински персонал ќе бидат испратени на едукација во реномирани медицински центри во странство. Едукацијата на медицински персонал во странство се одвива во рамки на еден од најзначајните проекти на Министерството за здравство со што дополнително…

повеќе...