Проектот „Домашна визита“ продолжува во рурални и потешко достапни средини

Министерството за здравство почна со реализација на нов, шести по ред, циклус на проектот „Домашна визита“ и со него е опфатена нова категорија лица од руралните и потешко достапни населени места во државата. Проектот се реализира во рамки на Програмата „Здравје за сите“. Посетите се организираат според информациите од системот МојТермин, а пред да дојдат во домот, патронажните тимови се најавуваат телефонски кај граѓаните. Министерот за здравство Никола Тодоров информираше дека посетите се спроведуваат во периодот од 10 до 14 часот и согласно акцискиот план, денеска патронажните тимови одат во…

повеќе...

Во Детската кардиохирургија досега извршени 120 интервенции

Во Детската кардиохирургија за неполни две години се извршени 120 кардиохируршки интервенции кај деца. Во рамки на десеттата мисија (од 22 февруари до 7 март) на тимот странски доктори кои работат на проектот Детска кардиохирургија се направени 13 интервенции, а попладнево се извршува 14-тата. Министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска ја посети Клиниката за детска хирургија изјави дека во рамки на десеттата сесија на тимот странски доктори, е оперирано и бебе старо само пет недели со околу 2,5 кг. тежина. – Станува збор за исклучително сложени интервенции кои се…

повеќе...

Ажурирано Упатството за водење здрава бременост

Упатството со препораки за водење здрава бременост изготвено по примерот на британската куќа NICE – Национален институт за здравствена заштита (како еден од највисоко рангираните извори на клинички упатства во областа на перинатологијата), кое веќе го применуваат матичните гинеколози, Министерството за здравство во соработка со стручни лица го ажурираше како дел од програмата за практицирање на Медицина базирана на докази. Причина за ажурирањето на Упатството се статистичките податоци од Заводот за здравствена заштита на мајки и деца кои покажуваат дека е зголемен бројот на предвремено родени деца и деца родени…

повеќе...

Владата објави јавен повик за директор на ФЗО

Владата денеска објави јавен повик за директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Ги повикува сите заинтересирани до 15 март 2015 година да пополнат електронска апликација, која може да се најде на веб страницата http://vlada.mk/konkursi/apliciraj/fzom. „Јавниот повик е објавен денес и ќе трае до 15 март, во него меѓу другите се содржани и условите и критериумите во поглед на искуството и определени вештини што треба да ги исполнуваат кандидатите, а се резултат на законските измени направени пред една година и стапуваат на сила на 12 март оваа година“, изјави…

повеќе...

Обезбедена изолациска количка за транспорт на лица со инфективни заболувања

Министерството за здравство набави изолациска количка за транспорт на лица со сериозни инфективни заболувања, скафандери, одела, чизми и 15 дишни апарати. Станува збор за опрема која е стационирана во Здравствен дом Скопје и чини околу четири милиони денари. Република Македонија е една од првите земји во поширокиот регион која има набавено ваква опрема. Освен за заболени од ебола, може да се користи и за транспорт на лица со САРС, колера и други заразни заболувања. Министерот за здравство Никола Тодоров направи увид во опремата презентирана во кругот на поликлиниката Букурешт, во…

повеќе...

Околу 2.000 лица ќе се вработат на неопределено време во јавното здравство

Согласно Законот за трансформација во редовен работен однос во јавното здравство на неопределено време ќе се вработат околу 2.000 лица – медицински и помошен (административен) персонал, односно доктори, медицински сестри, техничари, хигиеничари, правници, информатичари… кои досега или волонтирале или работеле со договори на определено време. За вработувањето на овие лица постапката веќе е во тек. Во првата група ќе бидат вработени 35 проценти од овие лица, односно околу 700 ќе бидат вработени веднаш, додека останатите ќе бидат вработени на неопределено време од 1 декември оваа година, односно од 1 септември…

повеќе...

Притвор за директорот на Здравствен дом Охрид и двајца негови соработници

Поради постоење на основано сомневање за сторен финансиски криминал тежок повеќе од 7,5 милиони денари, Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство во Охрид поднесе кривична пријава против директорот на Здравствениот дом Охрид и двајца негови најблиски соработници. Лицата се товарат дека во периодот 2010-2014 година сториле повеќе кривични дела и тоа „проневера во службата“, „поттикнување“, „помагање“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“. Од страна на Управата за финансиска полиција, била извршена контрола на благајничкото работење и сметководствената евиденција на ЈЗУ Здравствен Дом Охрид при што се обезбедени…

повеќе...

Македонија и Бугарија ја унапредуваат соработката во здравството

Во претстојниот период да се потпише План за унапредување на соработка меѓу министерствата за здравство на Република Македонија и на Република Бугарија, со посебен фокус на едукации, стручно усовршување и специјализации на македонските доктори. Ова денеска на средба во Софија, го договорија министрите за здравство на Република Македонија и на Република Бугарија, Никола Тодоров и Петар Стефанов Москов. Планот, соопшти Министерството за здравство, ќе содржи и други облици на соработка, како што се: соработка во областа на здравствениот менаџмент, изработка на протоколи, упатства, водичи и стандарди, програми за превенција, како…

повеќе...

Нови апарати за брза и точна детекција на Институтот за белодробни заболувања

Нови апарати за брза, навремена и 100 отсто точна детекција на туберкулозата, набавени преку Глобалниот фонд функционираат на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје. Со апаратите во рок од 24 часа до 48 часа може точно да се детектира на ниво на ДНК туберкулоза и може да се утврди дали има резистентност на определена терапија. Вредноста на апаратите заедно со набавениот потрошен материјал е над 70.000 евра. Министерот за здравство Никола Тодоров го посети Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и изјави дека едниот апарат овозможува да се…

повеќе...

Нови напредни обуки за македонските лекари во врвни светски клиники

Напредни фокусирани обуки на македонски лекари во 50-те врвни универзитетски клиники според Шангајската листа во областа на медицината, предвидува новиот проект на Министерството за здравство. Како што информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров, фокусот на овој нов проект кој претставува и нов пристап во делот на едукација на македонските лекари ќе се однесува на пет области од медицината и тоа ортопедија и трауматологија, офталмологија, дигестивна хирургија, неврологија и неврохирургија и неонатологија. Според проектот, во секоја од овие пет области ќе бидат испратени на едукација по тројца доктори…

повеќе...