„Домашна визита“, нов проект на Министерството за здравство

„Домашна визита“ е новиот проект на Министерството за здравство, кој почнува од денес. Проектот се состои од превентивни здравствени прегледи на повеќе од девет илијади стари лица во нивните домови, за што се ангажирани 340 патронажни сестри, кои работат во здравствените домови. Проектот, како што информира на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров, ќе се одвива низ цела Македонија, во 652 населени места распределени во 84 општини. Симболично ќе почне пред Неделата на грижа за стари лица, од 18 до 24 ноември. „Ова е моќна јавно – здравствена мерка, препорачана…

повеќе...

ФЗОМ: Од вторник стапуваат на сила новите права за ортопедски и други помагала

Фондот за здравствено осигурување на Македонија интензивно работеше на остварување на поквалитетни права за ортопедски помагала.  Измените кои Фондот ги направи се резултат на исцрпна соработка и барања кои ги имаа од националниот сојуз на инвалидизирани лица, здруженијата на пациенти, здравствените установи и од самите осигуреници. ФЗОМ излезе во пресрет на голем број од овие барања и направи измени на Правилникот за ортопедски и други помагала. Од вторник, 12 ноември стапуваат на сила новите права за ортопедските и други помагала, кои се објавени на 04 ноември 2013 во Службен Весник.Овие измени…

повеќе...

Македонски хирурзи ќе се едуцираат за кадаверична трансплантација во Кембриџ

Едукација на македонски хирурзи кои ќе субспецијализираат за кадаверична трансплантација на бубрези, црн дроб, панкреас и други типови абдоменална трансплантација во болницата „Аденбрук“ при Универзитетските болници – Кембриџ, предвидува Меморандумот за соработка што денеска го потпиша министерот за здравсто Никола Тодоров по посетата на Центарот за транспалтанција и лабораториите при Одделот за хириругија во таа здравствена установа. Меморандумот, како што јави известувачот на МИА, го потпишаа и Гевин Петигру, специјалист по абдоменална трансплантација, одговорен за супервизија на македонските доктори-хирурзи и Оливера Ѓорѓимајкоска, клинички научник за трансплантација на органи и координатор…

повеќе...

Спречен обид за шверц на лекови

На 1 ноември 2013 година (петок), царинските инспектори од специјалната оперативна единица на граничниот премин Блаце при извршена контрола на товарно моторнo возило-комбе спречија обид за шверц на лекови. Царинските инспектори при вршење на контрола на обиколницата околу Скопје во правец кон Тетово, на 01.11.2013 година околу 16:45 часот сопреа товарно возило-комбе со косовски регистарски ознаки управувано од косовски државјанин со иницијали А.Ѓ. Лицето започнало транзитна постапка за лекови наменети за фирма увозник од Косово, низ Република Македонија во 15:34 часот од граничниот премин Богородица кон граничниот премин Блаце. Првична…

повеќе...

Тодоров: Ќе бидеме посветени на унапредување на состојбите во Здравствениот дом во Вевчани

Министерот за здравство Никола Тодоров присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето 50 години од отпочнувањето на рендгенската служба и десет години вршење мамографски услуги во Здравствениот дом во Вевчани. Тодоров во употреба ја пушти и потстаницата за парно греење со комплетно реновиран котел којшто беше застарен поради што имаше големи трошоци за енергија, а просториите на Здравствениот дом не беа доволно затоплени. „Како Министерство за здравство инвестиравме околу 3 милиони денари, инвестиција којашто се надополнува на претходната што ја имавме во изградба на настрешница, реконструкција на врати, на еден дел…

повеќе...

Набавени апарати за мерење и анализи на квалитетот на воздухот

Со апарати за мерења и анализи на квалитетот на амбиентниот воздух првпат ќе се докажува поврзаноста на загадениот воздух и загадувачот, информира на прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. Постапката за набавка на два такви апарати, во вредност од 900 илјади денари, е завршена и веднаш по испораката од избраниот набавувач, Институтот и центрите за јавно здравје ќе почнат со мерење на локации што се веќе утврдени. Потоа во лаборатории ќе се утврдува хемискиот состав на честичките во воздухот и евентуалната поврзаност со локацијата каде ќе биле поставени мерачите. Ќе…

повеќе...

ФЗОМ: Електронски здравствени картички им се предадени на вкупно 60.000 осигуреници во Охрид и Струга

Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Маја Парнарџиева Змејкова денес беше на работна посета во Охрид и Струга. На работните средби во Охрид и Струга беше констатирано дека електронските здравствени картички им се предадени на вкупно 60.000 осигуреници, што претставува 60 отсто од вкупниот број осигуреници во Охрид и Струга. Во моментов има 11.000 изработени картички што осигурениците треба да си ги подигнат. Диркеторката на ФЗОМ Парнарџиева Змејкова упати апел до граѓаните на Струга кои имаат ниски примања, како и до пензионерите, да одат во подрачната служба на ФЗОМ и да си ја подигнат…

повеќе...

Тодоров: Неплатеното породилно ќе биде покриено со здравствено осигурување

Министерството за здравство финансиски ќе  го поддржи реализирањето на мерката што ја предлага Министерството за труд и социјална политика за продолжување на породилното отсуство за три месеци, кои нема да бидат платени. Според министерот за здравство Никола Тодоров, продолжувањето за три месеци на неплатено породилно отсуство, ќе биде покриено со здравствено осигурување. „Тој дел финансиски  ќе биде покриен од програма на Министерството за здравство за да нема прекин во осигурувањето на жената што  одлучила да добие три месеци дополнително породилно отстуство и потоа да  нема проблем да добие определена здравствена…

повеќе...

Министерството за здравство распиша јавен повик за пет лиценци за ин витро

Министерството за здравство распишува јавен повик за доделување пет лиценци за ин витро, односно за биомедицинско потпомогнато оплодување. Повикот ќе трае 26 дена по што ќе следи јавна аукција. Новоизбраните концесионери ќе склучат договор од 2014 година под исти услови и цени како постојните, соопшти денеска на прес-конференција ресорниот министер Никола Тодоров. Целта е, како што потенцира Тодоров, да се зајакне мрежата на здравствени установи кои вршат ваква дејност во Република Македонија и да им се помогне на семејствата кои имаат потешкотии по природен пат да добијат деца. „Во моментов…

повеќе...

Ново намалување на цените на лековите, овој пат на 752

Вкупно 752 лека (иновативни, оригинатори и генерички лекови) од денеска во аптеките се продаваат по намалени цени. Намалувањето на максималните цени на лековите е четврто по ред. Вкупната проценета годишна заштеда на годишно ниво за граѓаните, јавните здравствени установи и буџетот со ова октомвриско намалување на цените на лековите е околу 7.400.000 евра. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека значително намалување има кај сите фармакотерапевтски групи на лекови, посебно кај антинеопластици и имуномодулатори, лекови за кардиоваскуларен систем, антиепилептици, антибиотици, антимикробни лекови, антивирусни…

повеќе...