Тим детски кардиохирурзи повторно ќе престојуваат во Македонија

Од почетокот на идната недела во Македонија, по вторпат годинава ќе престојува тим кардиохирурзи предводени од професорите Вилјам Новик и Али Доџ Катали кои ќе направат нова серија кардиохируршки операции на деца со срцеви проблеми кои се лекуваат на Клиниката за детски болести на одделот за кардиологија. Во тимот од дваесетина странски експерти ќе бидат вклучени  познатиот кардиолог Томас Дисеса, анестезиологот Вишња Иванчан, интензивистот Џенифер Тули и уште десетина познати лекари. На списокот за операција се десетина деца со комплексни вродени срцеви маани. Операциите ќе бидат изведени на Клиниката за…

повеќе...

Тодоров: Абортусот не се забранува, само се менуваат некои идеолошки одредби

Со Предлог-законот за прекинување на бременост воопшто не се забранува абортусот во Македонија,  ниту на кој било начин се ограничува правото на избор на жената. Абортусот останува право на жената. Слободно жената одбира дали ќе абортира или нема да абортира. Абортусот може да се ограничи само во случај кога има определени причини кои се медицински за загрозување на здравјето на жената која е бремена. Она што се менува со Предлог-законот се само некои идеолошки одредби. Ова денеска го изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека Предлог-законот во најголема…

повеќе...

Задолжително снимање на ретки и сложени хируршки интервенции

Здравствените установи  се обврзани од 15 септември да снимаат хируршки интервенции и да ги архивираат снимките, за што Министерството за здравство донесе правилник согласно со Законот за медицински студии. Министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција информираше дека ќе се снимаат операции од сложени и ретки случаи за кои кадарот не е усовршен и кога се применува недоволно познат метод.  Снимките ќе се чуваат во база и ќе им користат на студентите по медицина и на специјализантите, а од друга страна, ќе може на барање да се прегледаат од стручни…

повеќе...

Тодоров во Охрид се сретна со српската министерка за здравство Ѓукиќ-Дејановиќ

Министерот за здравство Никола Тодоров синоќа во Охрид се сретна со министерката за здравство на Србија, проф д-р Славица Ѓукиќ-Дејановиќ. Средбата се одржа на маргините на Петтиот конгрес на психијатрите на Република Македонија со меѓународно учество. На средбата, како што соопшти денеска Министерството за здравство,  станало збор за потребата за продлабочување на соработката и натамошен развој на здравствените системи на Македонија и Србија, како што се можностите за воспоставување соработка во областа на едукација на кадар, размена на медицински персонал, но и соработка во конкретни области на здравството, како што…

повеќе...

„Деформитетите на р’бетниот столб кај учениците и корективната гимнастика“

Во рамките на активностите „Грижа за здравјето на учениците“, денес во Основното училиште „Свети Климент Охридски“ – Охрид се одржа трибина на тема: „Деформитетите на р’бетниот столб кај учениците и корективната гимнастика“, со цел да му се даде гласност на проблемот со кој се соочуваат децата – ученици  насекаде во светот. Предавач на денешната трибина беше дипломираниот кинезитерапевт Јован Каланоски од студиото КИНЕЗИО од Охрид. „Веќе 2 години работиме на проектот за раст и развој на децата и имаме веќе прегледано повеќе од 800 деца на возраст од 13 години…

повеќе...

Се поголема примена на електронскиот систем Мој термин во здравствените установи, придобивките големи

Електронското закажување прегледи во рамки на интегрираниот здравствен информатички систем наречен Мој термин, веќе го користат 85 проценти од матичните лекари во овој тест период и се поголем дел од специјалистите. Бројот на досега креирани електронски упати е над 50.000. Само во текот на вчерашниот ден беа креирани над 4.787 електронски упати и бројот постојано се зголемува. Ова е најсложен елетронски систем досега креиран во здравството во Македонија кој го нема во ниту една земја во регионот. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече…

повеќе...

Се уредува начинот на облекување и однесување на здравствените работници

Министерството за здравство ќе го уредува начинот на облекување и однесување на медицинскиот персонал во јавните здравствени установи (ЈЗУ) во земјава за да се среди прецепцијата на несреденост во  работењето. Тоа го предвидува Протоколот за начинот на вршење на здравствената дејност во здравствените установи од организациски аспект – Хоспитална култура, што денеска беше промовиран. Со протоколот, кој е обврзувачки за сите вработени во ЈЗУ, се пропишува севкупниот однос на здравствените работници и функционирањето внатре во здравствената установа, а неговата цел е подигнување на  нивото на услужливост и подобрување на односот…

повеќе...

Заокружена првата фаза од проектот за престој на специјалисти лекари од САД

Министерството за здравство ја заокружи  првата фаза од проектот за престој на специјалисти лекари од Соединетите Американски Држави во нашите јавни здравствени установи. Во изминатите три месеци во нашите установи претстојуваа 12 специјалисти од повеќе области,  интерна медицина, кардиологија и електрофизиологија, неонотологија, ургентна педијатрија, онколошка хирургија, оториноларингологија, гинекологија и акушерство, радиологија, семејна медицина, како и експерти во управување со здравствените установи. „Најмалку 300 специјалисти на терцијално и секундарно ниво имаат директен бенефит од размената на знаења и искуства кој што го овозможи овој проект. Оваа бројка дирекно ќе влијае на…

повеќе...

Доделени 28 лиценци за отворање аптеки во рурални средини

Министерството за здравство додели 28 лиценци за отворање аптеки, со акцент на руралните области во државата. Огласот беше објавен за 50 концесии за отворање аптеки кои ќе склучат договор со ФЗОМ, но, како што информираше министерот за здравство Никола Тодоров, за останатите немало доставено понуда или понудите не биле комплетни. „Бенефит ќе имаат околу 60.000 граѓани. Станува збор за граѓани кои живеат во руралните средини и досега немале можност да имаат аптека во близина на местото на живеење или аптеките немале договор со Фондот, поради што граѓаните не можеле да…

повеќе...

Груевски: Договорена соработка во здравството со една од најголемите групации во Мексико

Владината делегација, предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, од вчера (недела, 28.04.2013 година) се наоѓа во Мексико Сити, во посета на Соединетите Мексикански Држави, каде што во текот на вчерашниот и денешниот ден се остварија и ќе се остварат повеќе средби на политичко и економско ниво. Премиерот Никола Груевски во Мексико Сити оствари посета на болницата „Ангелос“, која е дел од здравствената групација Ангелос во чиј состав влегуваат вкупно 23 болници во Мексико, од кои дел се општи, а дел имаат специјализација во поединечни здравствени…

повеќе...