Со воведување на превентивните цели во примарната здравствена заштита, за дејноста општа медицина, од ФЗОМ овозможуваат рационализирање и правилно искористување на средствата на Фондот, како и подигнување на квалитетот на здравствена заштита во државата. Имено, Фондот за здравство на Македонија како обврска за матичните лекари воведе три цели, кои се превентивни мерки за рано и навремено откривање на трите најчести незаразни заболувања: кардиоваскуларните, бубрежните заболувања и дијабетес мелитус, како и секундарна превенција на можните компликации од истите кои лекарите мора да ги реализираат. За таа цел со матичните лекари во…
повеќе...Tag: здравство
Распишан Оглас за 100 кофинансирани специјализации за доктори кои не работат во ЈЗУ
Министерството за здравство распиша Оглас за 100 кофинансирани специјализации за невработени и доктори кои не работат во јавни здравствени установи. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција објави дека најголем дел од специјализациите ќе бидат за доктори кои потоа ќе работат во болници во внатрешноста на земјата. Министерството за здравство ќе кофинансира 20 до 80 проценти од нивната специјализација и потоа ќе имаат загарантиран месечен надомест. Особено ќе внимаваме на првата дипломирана генерација на студенти од Штипскиот универзитет, имајќи предвид дека овие веќе завршени доктори се од внатрешноста на…
повеќе...Од денеска 165 лекови со пониски цени
Од денеска цените на 165 лекови (оргинатори и генерички лекови) се намалени. Станува збор за деветто по ред намалување на цените на лековите согласно методологијата на Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија. Вкупната заштеда од ова намалување на цените на лековите е над 653.000 евра. Малопродажната цена на лекот панцеф се намалува за 38,10 проценти односно од 1.229 денари на 761 денар, што ќе овозможи сериозна годишна заштеда од околу 480.000 евра. Повеќето лекови континуирано се намалуваат повеќекратно, а некои од нив континуирано…
повеќе...Тодоров: Се инвестираат над 200 милиони евра во здравството
Интегрален текст од прес конференција на Никола Тодоров, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ „Почитувани Во 2014 европскиот здравствен потрошувачки индекс, кој се смета за најрелевантен показател за функционирањето на здравствениoт систем во Европа, Република Македонија ја рангираше како 16ти по квалитет здравствен систем во Европа.За само една година македонското здравство оствари напредок од 11 места, што се смета за најголем напредок откако постои ова европско рангирање – тоа значи од 27 место, Македонија е рангирана на 16 место во 2014 година. Станува збор за рангирање кое што е кредибилно…
повеќе...Набавени 11 нови мамографи за македонскиот здравствен систем
Министерството за здравство спроведе набавка на нови 5 дополнителни мамографи за здравствените установи во Македонија. Вкупната вредност е 39 милиони денари, а мамографите ќе бидат распоредени во Здравствен дом Скопје, општа болница Кавадарци, општа болница Гевгелија, Здравствен дом Радовиш и Здравствена станица Македонска Каменица, која е во рамки на Здравствен дом Делчево. Новите мамографи ќе бидат испорачани до крајот на мај или почетокот на месец јуни и веднаш потоа ќе се инсталираат и стават во функција на пациентите во петте здравствени центри. Според министерот за здравство Никола Тодоров, со новите…
повеќе...„Фондот се грижи за хроничните болни“ се одвива според планираното
Реализацијата на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“ и најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните, кои досега со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта контактираа 29.214 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, се одвива според планираната динамика. „Од досегашното искуството на 10 тима на вработени во Фондот кои ги контактираа осигурениците во периодот од 1 октомври 2015 до денес, со задоволство може да констатираме дека продолжуваме да наидуваме на позитивен приeм кај осигурениците кои ги контактираме.…
повеќе...Тодоров: Новиот мамограф во КБ – Штип од големо значење за пациентите од источниот регион
Ставањето во функција на новиот дигитален мамограф во Клиничката болница во Штип е од големо значење за пациентите од источниот регион. Ова денеска го изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска ја посети таа јавна здравствена установа. Посочи дека новиот дигитален мамограф, кој чини околу шест милиони денари и е сместен на Одделението за рендгенологија, го заменува стариот аналоген мамограф. „Прегледите на мамографот веќе се ставени во рамките на „Мој термин“ и има три термини во неделата, а два термина се за скрининг за рак на дојката што го…
повеќе...ФЗОМ: Околу 3500 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги
Во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата помеѓу Фондот за здравствено осигурување и осигурениците, фирмите и здравствените работници, од ФЗОМ овозможуваат сет од електронски услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин осигурениците можат да ги остварат своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ. Според првичните податоци на Фондот за здравствено осигурување, за само еден месец од кога се воведени електронските услуги, 3498 осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од…
повеќе...Четири нови апарати во Клиниката по хируршки болести во Скопје
Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (старата Градска болница во Скопје) доби четири нови апарати и тоа мамограф, ехо апарат, апарат за колоноскопија и гастроскопија и катмограф. Апаратите се ставени во функција, освен мамографот за кој термини за прегледи ќе бидат пуштени од 20 март. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска истакна дека мамограф првпат се набавува за оваа здравствена установа иако во неа се изведуваат хируршки интервенции од оваа област. Пациентите биле препраќани за овој преглед во други болници. „Од тие причини сметавме дека е потребно во…
повеќе...Тодоров: Со новиот центар ќе се подобри успешноста на трансплантациите
Трансплантацијата е проект кој сериозно го поддржувам и кој успеавме да го дигнеме на високо ниво од аспект на број на трансплантации, иако пред тоа имаше три, четири или пет трансплантации, сега годишно имаме 40 трансплантации, што значи дека има волја од страна на државата трансплантацијата сериозно да се развива и да се зголемува бројот. Ова го изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека она што многу го загрижува е високиот процент на морталитет. Петнаесет проценти, посочи, е смртноста, а во светски рамки е под еден отсто. Според…
повеќе...