Во врска со реализација на проектот на Владата на Република Македонија, „Фондот се грижи за хроничните болни“од ФЗОМ информираат за најновите резултати од јавувањата на вработените од Фондот во грижата на хронично болните. Комуникацијата во кол центарот се одвива со телефонски јавувања, смс пораки и е-пошта со осигуреници кои се хронично болни од кардиолошки, бубрежни заболувања и дијабетес. Досега, 10 тима на вработени во Фондот контактираа 10.000 осигуреници со дијабетес, кардиолошки и бубрежни заболувања, од предвидените 154.531 осигуреник. „Можеме со задоволство да констатираме дека за овој период од месец дена,…
повеќе...Tag: здравство
Нови мерки на Министерството за здравство за намалување смртност кај доенчиња и мајки
Бесплатни гинеколошки и микробиолошки прагледи на бремените жени, биохемиски анализи вклучувајќи го и подродувањето, советување на бремените жени при посетата од страна на патронажните служби, советување и еден бесплатен гинеколошки преглед на жените од ромската популација како и доктори гинеколози од Универзитетската клиника и клиниката во Чаир еднаш неделно да работат во Здравствените домови, се четирите нови мерките кои денеска на прес-конференција ги најави министерот за здравство Никола Тодоров за намалување на смртноста на доенчиња и мајки. „Доенечката и мајчината смртност се области кои се актуелни во светски рамки, и…
повеќе...Во службата за итна медицинска помош нови 75 вработувања, 12 возила и три пункта
Службата за Итна медицинска помош (ИМП) во Скопје ќе се зајакнува со нови 75 вработувања и тоа на 35 доктори, 20 медицински сестри и 20 возачи, кои ќе се реализираат до крајот на годинава. Ќе бидат набавени и 12 нови возила за ИМП. Со предвидените нови вработувања ќе се формираат дополнителни 35 тимови кои ќе работат во три смени. Значи наместо досегашните 25 тимови на ИМП ќе има 60 тимови, што е во согласност со стандардите, потребите и проценките кои се направија за подобро функционирање на Брзата помош, истакна министерот…
повеќе...Олеснување кај матичните лекари – побрза реализација на превенцијата Размена на податоци за резултати од лаборатории ЛУ 1 по електронски пат
Воведување на превенција за кардиолошки, нефролошки болести и дијабетес кај матичните лекари е со цел да се придонесе кон намалување на бројот на идни пациенти заболени од овие болести, односно да се преземат сите превентивни активности за оваа ризична група на осигуреници да не ги развие овие заболувања и да се влијае на намалување на пациенти кои ќе завршат на дијализа, инсулинска терапија, како и да има помалку пациенти со срцеви и мозочни удари. За стимулирање на оваа активност секој матичен лекар преку Фондот добива 20% од капитацијата секој месец.…
повеќе...Ново намалување на цените на 282 лека
Министерството за здравство изврши ново намалување на цените на вкупно 282 лека. Со ова осмо по ред намалување, вкупната годишна заштеда ќе биде над еден милион евра. Со намалувањето опфатени се лековите за болничко лекување и лековите кои граѓаните ги купуваат во аптеките. „Намалувањето на цените на лековите е системска реформа на Владата на република Македонија и Министерствоот за здравство и Агенцијата за лекови која во континуитет ја спроведуваме со цел да овозможиме поголема достапност на лековите кои се неопходни за лекување на одредени заболувања, како и за превенција и…
повеќе...Нови 37 апарати ставени во функција во Заводот за физикална медицина и рехабилитација
Нови 37 апарати се ставени во функција, а уште еден деновиве треба да биде доставен во ЈЗУ Завод за физикална медицина и рехабилитација. Вредноста на новата опрема е околу 4,5 милиони денари. Со набавката на опремата значително се унапредуваат условите за пациентите кои имаат потреба од рехабилитација или физикални вежби. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посети Заводот за физикална медицина и рехабилитација каде се сретна со менаџментот и здравствените работници во таа јавна здравствена установа. „Со набавката на овие 37 апарати во оваа здравствена установа се постигнува солидно…
повеќе...Нов софтвер на ФЗОМ за унапредување на административните процеси со здравствените установи
Една од стратешките определби на Фондот за здравствено осигурување е имплементирање на систем за електронско работење, воведување нови електронски услуги и комплетно исфрлање на хартијата oд секојдневното работење. ФЗОМ има склучено договори за соработка со 3231 правен субјект, јавни и приватни здравствени институции во Република Македонија. Денес, на прес-конференција беа соопштени новините во електронскиот систем на Фондот кој ќе значи унапредување и олеснување на административните работи во здравствените институции во РМ и секако, повеќе посветено време на нашите осигуреници. „Во изминатиов период, работевме на електронски систем кој ќе значи замена…
повеќе...Општата болница во Охрид меѓу установите што нудат најквалитетна здравствена услуга
Општата болница во Охрид е меѓу лидерите кога станува збор за квалитетот на услугите што ги нудат здравствените институции на национално ниво. Тоа го покажуваат резултатите од спроведното испитување што го спроведе Министерството за здравство за тековната 2015 година. Директорот на Општата болница во Охрид Љубен Арнаудов по однос анонимната анкета спроведена меѓу пациентите истакна дека дури 85,9 отсто од испитаниците се изјасниле дека се задоволни од медицинската нега што ја нуди установата. Дури 92,2 проценти од анкетираните се задоволни од условите и конферот во чекалните, 66,6 проценти од опремата…
повеќе...Новини и олеснувања за над 1900 пациенти – корисници на ортопедски помагала
Фондот за здравствено осигурување на Македонија по барање на здружението на лица со стома – Илкома, а по повод меѓународниот ден на лицата со стома 03.10.2015, донесе одлука која ќе значи олеснување за над 1900 осигуреници со колостома, илеостома и уростома, кои од 01.12.2015 година ќе можат да подигнат количини за три месеци во ортопедските куќи. Станува збор за пациенти кои се заболени од најтешки и малигни заболувања и поради здравствената состојба имаат вештачки отвори – стоми. Поради оваа здравствена состојба мораат секојдневно да користат ортопедски помагала – кеси, кои…
повеќе...Нов апарат за невромониторинг на Торакална и васкуларна хирургија
На Клиниката за торакална и васкуларна хирургија е ставен во функција еден од најсовремените апарати за невромониторинг со кој ќе се сведат на минимум сите можни компликации кои се јавуваат при интервенции на тироидната жлезда. Станува збор за апарат кој првпат се набавува во Клиниката и во јавното здравство во Република Македонија, а ретко го има и во земјите од регионот. Вредноста на апаратот, кој го набави Министерството за здравство, е 2,1 милион денари. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Клиниката каде по средбата со директорот Зоран Спировски…
повеќе...