Турски „Суташ“ кој ја купи млекарата „Сведмилк“ најавува почеток на производство во мај годинава. Ќе почне со шест категории производи. Досегашната инвестиција е 10 милиони евра и се ангажирани околу 50 вработени. Владин тим предводен од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска го посети производствениот капацитет на Суташ во Македонија „Балканска млекара“, при што се запозна со активностите што ги спроведува турскиот инвеститор за почеток на производството. „Со ова очекуваме долгогодишната сага на Сведмилк да биде успешно завршена. Се работи за најголемата млекара во Турција со обрт од над…
повеќе...Tag: земјоделство
Исплатени 455,3 милиони денари субвенции за сточарите
Министерството за финансии денеска исплати 455,3 милиони денари субвенции поддршка за сточарството. Исплатени се средства за одгледувачите на говеда и овци, а вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески најави дека од следната недела ќе почне исплатата и за лозарите. „Владата редовно ги исплаќа субвенциите, онака како што е предвидено и како што е сезонската динамика за исплата на субвенциите. Буџетот е во сосема добра кондиција и ги вршиме плаќањата. Во овој период од годината исплаќаме субвенции за млекарите, што е завршено. Вчера и денеска е во тек исплатата за…
повеќе...Со средства од ЕУ поефикасен систем за идентификација на земјишни парцели
Со 730 илјади евра, средства од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската унија, ќе се надоградува системот за идентификација на земјишни парцели. Со него ќе и се помогне на државата поефикасно да ја спроведува програмата за финансиска поддршка во земјоделството, директните плаќања, како и програмите за рурален развој, а од друга страна земјоделците ќе добијат поедноставен и посигурен процес на аплицирање за субвенции. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, со системот за идентификација на земјишни парцели ќе се ограничи можноста за неправилно внесување на податоците при…
повеќе...Владата дава 60% од средствата за осигурување на земјоделските култури
Како што истакна на денешната прес-конференција, портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев, Владата насочува големо внимание на поддршката и развојот на земјоделството преку широка палета на мерки и политики и финансиски стимулации кои се инвестираат во овој сектор. Значаен елемент во синџирот на земјоделското производство е неговата заштита од непогоди. Практика во европските земји е земјоделските имоти, посеви, насади и производи да се осигуруваат во огромен процент. Кај нас овој тренд има линија на зголемување, од 300 земјоделски осигуреници во 2008 година, бројот е искачен на околу 1200 корисници…
повеќе...Министерот Димовски на состанок со министерите за земјоделство од регионот
Во Белград денеска се одржа средба на министерите за земјоделство од регионот, на кој се дискутираа заедничките прашања поврзани со безбедноста на храната. На состанокот присуствуваа министрите за земјоделство на Македонија, Љупчо Димовски, Србија, Горан Кнежевиќ, Хрватска Тихомир Јаковина, на Република Српска, Мирослав Миловановиќ и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина Мирко Шаровиќ. „Ова беше многу конструктивен состанок, на кој разгледувавме повеќе теми од областа на безбедноста на храната. Разговаравме и за проблемот со зголемената количина на афлатоксин кој е не само регионален туку и…
повеќе...Димовски: Рано е за проценка на штетите од поплавите
Се уште е рано да се каже колкав дел од земјоделските површини уништија поплавите што ја зафатија Македонија. „Немаме податоци за штетите, многу е краток периодот. Некои површини уште се под вода. Треба да се „исцедат“ по што ќе се прави проценка“, рече ресорниот министер Љупчо Димовски по денешната работилница за финансирање и осигурување во земјоделството. Одговорајќи на новинарски прашања, тој изрази надеж дека ако не продолжат временските неприлики, земјоделците ќе најдат начин да го обноват производството со оглед дека е почеток на вегетативната сезона. Минатата година Министерството за земјоделство…
повеќе...Реформа во фитосанитарната област за заштита на земјоделците и населението
Денес на прес-конференција, портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев истакна дека Владата на Република Македонија започна со голема реформа на фитосанитарната област во делот на земјоделството. Целта на реформата е да се подобри и заштити квалитетот на семенскиот материјал, пестицидите и ѓубривата кои се употребуваат, што ќе значи економски профит за земјоделците и заштита на здравјето на населението, односно ќе се оневозможи економска штета за земјоделците од неквалитетниот семенски материјал и ќе се влијае на оневозможување на наштетување на здравјето на луѓето. Квалитетен семенски материјал значи поголем принос за…
повеќе...Македонското млеко безбедно
Во македонското млеко нема присуство на афлатоксини, ниту други примеси штетни по здравјето на граѓаните, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Тоа, според него, го потврдија сите анализи спроведени во акредитираните лаборатории. „Контролите се вршат редовно, секој ден од страна и на преработувачите во нивните сопствени лаборатории, но интензивирани се и контролите што ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство“, рече Димовски, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на проектот за поголемо производство на ориз. Министерот е дециден дека нема да се толерира увоз на млеко…
повеќе...Министерот Димовски на средба со членките на потсекторските групи за овошје и зеленчук
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во наредниот период посебно внимание ќе посвети на преработувачкиот сектор, кој треба да биде катализатор на кооперативното здружување и главен фактор во прибирање на пазарните вишоци од овошје и зеленчук во Македонија. Ова беше наглсено на денешната средба во Струмица на членките на потсекторските групи за овошје и зеленчук, на која беа разгледани тековните програми за поддршка, а на која учествуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски. Министерот Димовски истакна дека овие средби со подсекторските групи добра можност за директна комуникација…
повеќе...Туризмот, земјоделството и енергетиката најинтересни за украинските бизнисмени
Инвестиции во областа на туризмот, земјоделството, производствени дејности, особено во машинската индустрија, рударството, градежништвото и енергетиката се најинтересни за украинските стопанственици од Дњепропетровск, каде владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ги презентираа можностите за правење бизнис во Македонија. Дњепропетровск и Доњецк се двете најразвиени економии во Украина. За ова говори и фактот што за само десет месеци од минатата година, Дњепропетровск, оствари трговски суфицит од три милијарди долари, што укажува на високата развиеност на овој регион во индустријата. Како што соопшти Министерството за финансии,…
повеќе...