Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство промовираше луксузно издание посветено на македонските вина и винарии. Книгата насловена како „Вината од Македонија – краток водич за македонските вина и винарии“ е напишана на аглиски јазик на над 200 илустрирани страници и е наменета за странските трговци и компании, кои се потенцијални купувачи на македонското вино. На почетокот содржи лирски воведен текст, а потоа следуваат осум клучни поглавја посветени на историјата на виното, традицијата и обичаите, винската култура и производството, како и врстите грозје кои успеваат на територијата на Македонија во 16-те…
повеќе...Tag: земјоделство
Министерот Димовски и министерот Јаковина на закројување на лозјата во Тиквешко
Со закројувањето на лозјата во Лепово, Тиквешко, министерот Димовски и хрватскиот министер Јаковина го означија почетокот на новата винска година. „Лозарството и винарството, стануваат едни од стратегиските сектори на македонското земјоделство. Од тие причини се посветува се поголемо внимание за нивен развој.Задоволен сум од трудот во изминатите четири до пет години за консолидирање на ситуацијата во лозарството. Минатата година од винарските визби се откупени 168.000 тони винско грозје и дополнителни 25.000 тони произлегоа од винариите. Како никогаш досега имаме над 190.000 тони грозје во домашните капацитети, а многу мал дел…
повеќе...Една милијарда денари за рурален развој оваа и идната година
За рурален развој во 2014 и 2015 година на општините ќе им бидат доделени една милијарда денари буџетски средства и дополнителни 18 милиони евра од ИПА фондовите, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Димовски, информира дека од оваа година, во рамки на петтогодишната програма за развој на земјоделството и руралните средини, се обезбедени средства и се склучени договори за реализација на 134 проекти во 73 општини. „Водена од потребата за унапредување на квалитетот на животот во руралните средини, Владата дава посебен приоритет на инвестициите за обновување и…
повеќе...Во тек е јавниот повик за давање под концесија на 39 ловишта низ Македонија
Пред 12 дена е објавен повикот за давање под концесија на 39 ловиштата во ловните региони Македонски Брод, Берово, Прилеп, Тетово, Велес, Свети Николе, Радовиш, Штип, Битола, Делчево и Кочани и истиот ќе трае се до 17 март. Од нив 26 се ловишта за ситен дивеч, додека 13 за крупен дивеч. Јавниот повик е отворен за сите стопански објекти, а концесионерите ќе се одберат по пат на електронска аукција. Владата на Република Македонија ја донесе Одлуката за започнување на постапка за доделување на концесија на дивечот во ловиштата на 27…
повеќе...Димовски: Добри земјоделски практики за намалување на влијанието од климатските промени
Република Македонија, за жал, не е исклучена од влијанието и последиците на климатските промени, и не само што не е исклучена туку е и една од најзагрозените држави која според проект на Светска банка, заедно со Албанија, Молдавија, Таџикистан и Узбекистан, е дефинирана како високо ризична земја подложна на последиците предизвикани од климатските промени, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски за време на денешната посета во Новаци. Тој посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по направена анализа по региони за состојбата со земјоделските култури констатира…
повеќе...Одржан шестиот Берлински самит на министрите за земјоделство
Во фокусот на годинешниот Шести Берлински самит на министри за земјоделство, кој денес се одржа во рамките на Глобалниот форум за храна и земјоделство, беше зајакнување на земјоделството кое ќе придонесе кон подобрување на здравјето на луѓето како и обезбедувањето на доволно храна и соодветна исхрана за населението. Министрите на самитот заеднички се согласија дека достапноста до соодветна и разновидна храна за секој жител на планетата е предуслов за постигнување на оваа цел. А воедно се согласија дека земјоделството е стожер, бидејќи ги поставува темелите за производство на доволни количини…
повеќе...Се зголемува владината поддршка за саемска промоција на македонските земјоделски производи
Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев на прес-конференција истакна дека Владата на Република Македонија го усвои планот за 2014 година за финансиска поддршка на националната промоција на македонското земјоделско производство на меѓународно значајни земјоделски саеми и настани. Со овој план се предвидува во 2014 година Владата да даде финансиски средства во висина од 415 000 евра за организирана промоција на македонските извозни земјоделски производи на најперспективните саемски манифестации во земјите со недоволно присуство на македонски производи, а кои имаат огромен потенцијал за апсорпција, или пак промоција во земји кои…
повеќе...Отворена подрачна канцеларија на Министерството за земјоделство во Вевчани
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија отвори подрачна единица во општина Вевчани. Отворањето на оваа подрачна единица, како што истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, е резултат на беспрекорната соработка со градоначалникот на општината Цветомир Угриноски, како и со сите луѓе од овој регион кои се заинтересирани за земјоделството. „Посветуваме големо внимание на Вевчани, кое е дел од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и на земјоделството. Овој регион има големи потенцијали за производство на добри земјоделски производи, за развивање на земјоделскиот сектор,…
повеќе...УЈП: Земјоделците да поднесат барања за паушално оданочување до 31 декември
Доколку обавувате земјоделска дејност и вашиот приход во 2013 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално. Паушалното оданочување можете да го користите, без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање. Изберете едноставно решение, кое го олеснува финансиското работење на земјоделците и ви овозможува да го плаќате персоналниот данок на доход еднаш во годината, без никакви дополнителни обврски за водење на деловни книги. Што треба да направите за паушално да го плаќате данокот на приходите од земјоделска…
повеќе...Македонија и Албанија ја интензивираат соработката во земјоделството
Зголемување на размената во земјоделството преку интензивна соработка меѓу надлежните институции и бизнис заедниците од двете земји, договорија денеска ресорните министри на Македонија и Албанија Љупчо Димовски и Едмонд Панарити. Димовски и Панарити на средба во Скопје се согласија дека се неопходни засилени мерки за заштитата на охридската пастрмка. Ќе се спроведуваат ригорозни контроли на риболовот од албанска страна, но и заеднички иницијативи за зачувување на биодиверзитетот во Преспанското езеро. „Македонија и Албанија во делот на земјоделството немаат отворени прашања, ниту какви било проблеми, но соработката мора да се унапреди…
повеќе...