СВР Охрид нема упатено препораки за напуштање на домовите, да не се шират лажни информации

Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска учествуваше на координативниот состанок на Кризниот штаб, Локалната самоуправа и претставници од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје. Како дел од Кризниот штаб, СВР Охрид презема мерки што се делокруг на работа на полициските службеници, а во овие моменти ги прима и насочува граѓаните кои сакаат да пријават оштетувања од земјотресите и ги советува граѓаните согласно дадените насоки од експертите од Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при…

повеќе...

Јавен повик за пријавување на штети од земјотресот на 03.07.2017

Се повикуваат граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека земјотресот кој беше почуствуван на територијата Општина Охрид на 03.07.2017 година им има нанесено материјална штета на нивните имоти, истата да ја пријават во просториите на Општина Охрид. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот од 04.07.2017 година (вторник), во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/230-175. Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е дипл. земјоделски инженер Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија…

повеќе...

Продолжуваат потресите во Охрид – граѓаните вознемирени

По силниот земјотрес денес во 13:18 часот во Охрид, следуваа серија послаби потреси. Охриѓани видно вознемирени ги напуштаат своите домови и се собираат на безбедни места подалеку од станбените објекти. Потресите не стивнуваат. Попладнево повторно се регистрирани нови земјотреси, од кои еден беше посилен, во 18:14 часот со интензитет од 3.6 степени според Рихтер.  WebOhrid

повеќе...

Нови два потреси во Охрид

Нови два земјотреси повторно беа почувствувани рано утрово во Охрид. Првиот беше почувствуван во 03:09 часот со интензитет од 2.9 степени според Рихтер, на длабочина од 5 километри. Вториот во 03:54 часот беше посилен, со интензитет од 3.7 степени според Рихтер, на длабочина од 6 километри. И двата беа со ист епицентар, 6 километри источно од Охрид. WebOhrid

повеќе...

Силен земјотрес го погоди Охрид – има материјални штети

Силен земјотрес го погоди Охрид во 11:39 часот. Земјотресот беше со јачина од 4.2 степени според Рихтер, на длабочина од 3 километри. Неговиот епицентар беше 8 километри источно од Охрид. Предизвикани се помали материјални штети: напукнати ѕидови, оштетени оџаци, искршени предмети и сл. Четири минути подоцна следуваше уште еден послаб земјотрес, со интензитет од 2.3 степени, на длабочина од 8 километри. Подоцна следуваа уште два: во 13:53 часот со интензитет од 2.4 степени и во 14:31 часот со интензитет од 2.8 степени. WebOhrid

повеќе...

Црвен крст објави брошура за правила и препораки за однесување при земјотрес

Поради се почестите земјотреси кои се случуваат во регионот на Охрид што допринесува за вознемиреност кај населението во ова подрачје, Црвен крст Охрид објавува брошура за правила и препораки за однесување за време на земјотрес, после земјотресот, но и мерки за претпазливост и подготовка за земјотрес. БРОШУРА

повеќе...

Не стивнуваат земјотресите во Охрид

Не стивнуваат земјотресите во Охрид. Во текот на изминатите 24 часа беа почувствувани над 10 земјотреси. Интензитетот на повеќето земјотреси изнесуваше од 2.2 до 2.9 степени според Рихтер, додека пак најсилниот беше вечерва во 20:52 часот, чиј интензитет изнесуваше 3.3 степени според Рихтер на длабочина од 6 километри. Епицентрите повторно се наоѓаат на 6 километри североисточно од Охрид, односно во близина на Косел. WebOhrid

повеќе...

Повторно почувствуван земјотрес во Охрид

Попладнево во Охрид во 13:46 часот, беше почувствуван нов земјотрес, чиј интензитет изнесуваше 3.7 степени според Рихтер, со епицентар на 5 километри северо-западно од Ресен, на длабочина од 10 километри. WebOhrid

повеќе...

Продолжува да се тресе тлото во Охрид

Продолжува да се тресе тлото во Охрид. Изминатата ноќ, односно рано утрово беа регистрирани нови три земјотреси: во 01:02 часот, со интензитет од 3.3 степени според Рихтер, на длабочина од 5 километри. во 02:48 часот, со интензитет од 2.4 степени според Рихтер, на длабочина од 1 километар. во 03:15 часот, со интензитет од 2.8 степени според Рихтер, на длабочина од 5 километри. Епицентрите се наоѓаат на 6 километри југоисточно од Охрид. Податоците се потврдени од страна на Републичкиот сеизмолошки завод од Србија. WebOhrid

повеќе...