Повторно почувствуван земјотрес во Охрид со епицентар кај Скребатно

Денес попладне, во 15:10 часот во Охрид беше почувствуван нов земјотрес. Неговиот епицентар е како и претходните Почувствувани два земјотреси во Охрид од пред два дена, 5 километри југоисточно од Косел, односно кај селото Скребатно. Неговиот интензитет изнесуваше 3.7 степени според Рихтер, на длабочина од 3 километри. WebOhrid

повеќе...

Почувствувани два земјотреси во Охрид

Два земјотреси беа почувствувани во Охрид во период од 6 часа. Првиот беше синоќа во 02:00 часот, додека пак вториот утрово во 08:00 часот. Првиот земјотрес беше со интензитет од 3.4 степени според Рихтер, на длабочина од 5 километри, со епицентар на 9 километри источно од Охрид; додека пак вториот беше со интензитет од 2.7 степени според Рихтер, на длабочина од 2 километри, со епицентар кај селото Скребатно. WebOhrid

повеќе...

Почувствуван земјотрес во Охрид

Денес во Охрид во 11:42 часот беше почувствуван земјотрес. Според сеизмолошките податоци, неговиот епицентар е 7 километри западно од Охрид, на длабочина од 2 километри под Охридското Езеро, со интензитет од 2.7 степени според Рихтер. WebOhrid

повеќе...

Во Охрид почувствуван слаб земјотрес

Денес во 10:58 часот во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес. Според Републичкиот сеизмолошки завод од Србија, епицентарот на овој земјотрес е во Македонија, во близина на селото Брежани, со интензитет од 2.9 степени според Рихтер на длабочина од 1 километар. WebOhrid

повеќе...

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Охрид

Попладнево во 15:53 часот во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес. Според Институтот за геолошки науки, енергија, вода и животна средина од Тирана, епицентарот беше 55 километри северно од Тирана, со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри. Покрај Албанија, овој земјотрес беше почувствуван и во Црна Гора и Македонија. WebOhrid

повеќе...

Основците од „Св.Климент Охридски“ учеа како да се заштитат од елементарни непогоди

Во основното училиште Св.Климент Охридски -Охрид на учениците од предметна настава им се одржа предавањето на тема Заштита и самозаштита во случај на катастрофи. Во предавањето посебно се стави акцент на неопходни процедури и однесувањето на поединците во случај на земјотреси и поплави. Презентацијата, збогатена со многубројни слајдови и снимки од реалните ситуации, како и конкретни препораки,го задржаа вниманието и интересот на наставниците и учениците на викоко ниво. Предавањето го одржа Али Самет, одговорно лице од одделот Подготвеност и дејствување при катастрофи,на Црвен крст на Република Македонија. Ова е уште…

повеќе...

Нов земјотрес вечерва со јачина до 4 степени според Рихтеровата скала

Вечерва, во 19.53 часот, нов земјотрес ја погоди Скопската Котлина со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот е регистриран на четири километри северозападно од Скопје, на длабочина од пет километри. Појак земјотрес го затресе Скопје попладнево и во 14.19 часот. Овојпат земјотресот беше со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и се случил на 2 километри североисточно од скопското село Булачани. Послаб земјотрес скопјани почувствуваа и во 11.50 часот, со јачина од 2,3 степени. До 10 часот утрово…

повеќе...

Нов силен земјотрес во Скопје, граѓаните вознемирени стравуваат од нови потреси

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степен според Рихтеровата скала попладнево го потресе Скопје и околината. Граѓани возменирени излегоа на улиците, а има и извештаи за напукнати ѕидови и помали штети. Ова е трет земјотрес, но значитечно посилен од двата кои се случија утрово – првиот во 6.58 часот со јачина од 3,9 степени по Рихтеровата скала, а вториот една минута потоа, со јачина од 2,8 степени. Експертите велат дека серијата земјотреси не е поврзана со неодамнешните поплави. Според неофицијалните информации, епицентарот на земјотресите бил на неколку километри источно од…

повеќе...

Заев: Сочувствуваме со граѓаните во Италија и подготвени сме да помогнеме

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство до претседателот на Р.Италија Серџо Матарела, премиерот Матео Ренци и граѓаните на Италија за жртвите од катастрофалниот земјотрес што се уште ја тресе земјата. „Изразувам искрено и длабоко сочувство за стотиците жртви и повредени во еден од најсмртоносните земјотреси што ја погоди Република Италија, во име на граѓаните на Република Македонија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во лично име. Со големо жалење и загриженост ги следиме информациите за ситуацијата со големиот број настрадани, тешко повредените и потресите што не престануваат. Ја…

повеќе...

Делегации на СДСМ оддадоа почит на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Скопје

Делегации на СДСМ на државно и на партиско ниво оддадоа почит на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Скопје што се случи на 26 јули 1963 година. Денеска, на 53 – годишнината од земјотресот во Скопје, на Споменикот на загинатите, свежо цвеќе положи потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, придружуван од членката на И.О Татјана Прентовиќ и претседателот на СДММ и пратеник Стефан Богоев. Во државната делегација на Собранието на Р.Македонија која положи цвеќе на Споменикот на загинаните, почит оддаде пратеничката од СДСМ, Софија Куновска. Во делегацијата на Град Скопје, почит на…

повеќе...