Скопје денеска ја одбележува 53-годишнината од катастрофалниот земјотрес, кој се случи на 26 јули 1963 година, а во кој животите ги загубија 1.070 луѓе и 3.000 беа повредени. По повод одбележувањето на годишнината, делегација на Собранието на Република Македонија, составена од пратениците Драган Данев, Владанка Авировиќ и Софија Куновска во 10 часот ќе положи венец свежо цвеќе на гробиштата во Бутел. Во исто време, на гробиштата во Бутел пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес венци свежо цвеќе ќе положат и официјални делегации и претставници на повеќе државни и локални…
повеќе...Tag: земјотрес
Во Охрид почувствувани два силни земјотреси
Два силни земјотреси беа почувствувани денес во Охрид во 18:33 и во 18:41 часот. Според Сеизмолошкиот Завод од Србија, земјотресите се со епицентар во Македонија, во општина Демир Хисар помеѓу селата Големо Илино и Железнец. Првиот со интензитет од 4,8 степени според Рихтер на длабочина од 10 километри, додека пак вториот беше со интензитет од 4,9 степени според Рихтер на длабочина од 5 километри. Потресот предизвика вознемиреност кај охриѓани, а се уште нема официјални информации за евентуални штети. По овие два потреси, во 19:16 часот регистриран е уште еден потрес со…
повеќе...Земјотрес го наруши сонот на охриѓани
Рано утрово во 4 часот и 11 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес. Според официјалните податоци од Сеизмолошкиот завод на Црна Гора, епицентарот се наоѓа во Грција, 3 километри западно од Лерин, со интензитет од 3,9 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри. WebOhrid
повеќе...Долготраен земјотрес во Грција почувствуван и во Охрид
Утрово во Охрид во 8 часот и 10 минути беше почувствуван долготраен земјотрес со брановидно движење, кој траеше околу 20 секунди. Епицентарот на земјотресот е во Грција, 26 километри западно од Лефкада во Јонското Море на длабочина од 10 километри, со интензитет од 6,5 степени според Рихтер. Според изјавите на жителите од Лефкада, земјотресот бил силен и траел околу една минута. Сеуште нема информации за поголеми материјални штети. WebOhrid
повеќе...Земјотрес ги вознемири жителите во југозападна Македонија
Утрово во 7 часот и 26 минути во Охрид беше почувствуван земјотрес кој траеше околу 15 секунди. Неговиот епицентар беше во Албанија, 34 километри источно од Тирана, со интензитет од 4,9 степени според Рихтер на длабочина од 10 километри. Земјотресот најмногу беше почувствуван во Тирана и околните населени места, но и кај нас, во југозападниот дел од Македонија. Во изминатите 24 часа на истото подрачје беа регистрирани неколку земјотреси. WebOhrid
повеќе...Продолжува серијата земјотреси кај Лерин
Серијата земјотреси продолжува… Денес во 18:01 часот во Охрид повторно беше почувствуван слаб земјотрес. И повторно епицентарот е во близина на Лерин во соседна Грција, овој пат интензитетот изнесуваше 3.5 степени според Рихтер на длабочина од 10 километри. Ова е 7-ми земјотрес во рок од 24 часа на истото подрачје, од вкупно 11 во изминатите 7 дена. WebOhrid
повеќе...Земјотрес ги вознемири охриѓани
Земјотрес кој траеше десетина секунди вечерва ги вознемири охриѓани во 22:42 часот. Земјотресот е со епицентар во Грција, 37 километри јужно од Битола, а неговиот интензитет изнесуваше 4.1 степен според Рихтер, на длабочина од 2 километри. На овој земјотрес, во 22:39 часот му претходеше послаб земјотрес со епицентар во Македонија, 17 километри југозападно од Битола, чиј интензитет изнесуваше 2.6 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри. WebOhrid
повеќе...Земјотрес во Грција го разбуди и Охрид
Утрово во Охрид во 06:25 часот беше почувствуван земјотрес. Епицентарот на земјотресот се наоѓа во Грција, 34 километри јужно од Битола, 16 километри западно од Лерин. Неговиот интензитет изнесуваше 4 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри. WebOhrid
повеќе...Почувствуван земјотрес во Охрид со епицентар во близина на Куратица
Во Охрид и околните населени места во 16 часот и 47 минути беше почувствуван земјотрес. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот беше 17 километри северно од Охрид, односно во близина на селото Куратица, на длабочина од 5 километри со интензитет од 3,7 степени според Рихтер. WebOhrid
повеќе...Во Охрид почувствувани серија слаби земјотреси со епицентар во Грција
Попладнево во Охрид беа почувствувани неколку слаби земјотреси кои се со епицентар во Грција. Епицентарот на овие земјотреси е на 39 километри јужно од Битола, на длабочина од 2 километри, а нивниот интензитет изнесуваше 2,5 степени според Рихтер во 15:04 часот, 3,2 степени во 15:16 и 2,9 степени во 15:29 часот. WebOhrid
повеќе...