Изгубениот Спајдермен пронајден во шумите во Дебрца

Поминаа нешто повеќе од 4 години откако Спајдермен леташе над Охрид, пред да биде пронајден во шумите во Дебрца. Кој би рекол дека токму тој Спајдермен еден ден ќе биде пронајден и тоа како виси на дрвјата. Станува збор за потполно идентичен балон во форма на Спајдермен како оној кој леташе над Охрид во 2013 година. WebOhrid

повеќе...

Кривична пријава за две лица кои изготвиле лажни испратници за дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измамување на купувачи”, продолжено казнено дело ,,фалсификување или уништување на деловни книги”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(46) од струшкото село Велешта како и против С.П. (53) од Вевчани за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на оваа година, пријавениот Е.Ќ. во својство на директор на правениот субјект „Лира 2016“ ДООЕЛ Струга, нелегално набавил 32 метри просторни дрвна маса и со употреба на погодно средство им ги отстранил ознаките. Тој, од второпријавениот С.П. вработен референт…

повеќе...

Голем пожар беснее помеѓу струшките села Делогожда и Поум

Вчера околу 16:10 часот на потегот помеѓу с.Делогожда и с.Поум,струшко, на поголема површина, полициски службеници забележале шумски пожар со кој била зафатена нискостеблеста, дабова и букова шума. За пожарот биле известени Теротиријалната противпожарна единица, Шумското стопанство и Центарот за управување со кризи. Утрово во 07:00 часот пожарот се уште бил активен и не постоела опасност за населените места. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

повеќе...

Намалено вкупното производство на шумски производи во четвртото тримесечје од 2016

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на четвртото тримесечје од 2015 година, е намалено за 31.7%. Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничко дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај друго обло дрво од листопадни видови. Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторно дрво од листопадни видови, огревно дрво од иглолисни и листопадни…

повеќе...

Кривична пријава за шумски полицаец од Охрид кој извршил повеќе кражби

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д. (32) од Охрид, шумски полицаец, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела- 10 тешки кражби, од кои две во обид. Во периодот од 13.03. до 26.06.2016 година, пријавениот со употреба на подесен алат и физичка сила извршил тешки кражби во цркви лоцирани во селата Косел, Лескоец и Старо Лескоец, од каде одзел пари во вкупна вредност од 9.000 денари, додека во две цркви не успеал да влезе внатре и не одзел ништо.

повеќе...

ДЗС: Да не се пали оган на отворен простор и небезбедни места

За поуспешна заштита од настанување на евентуални пожари, Дирекцијата за заштита и спасување  ги посочува следните предупредувања до сите граѓани на Република Македонија: -да не се пали оган на отворен простор и небезбедни места -да не се палат стрништа, меѓи и други површини -да не се фрлаат стаклени шишина и друга стаклена амбалажа -да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал -да не се фрлаат остатоци од цигари.

повеќе...

Зголемено производството на шумски производи во државните шуми

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2015 година, во однос на четвртото тримесечје од 2014 година, е зголемено за 44.9 %. Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од листопадни видови и кај огревното дрво од листопадни и иглолисни видови. Намалување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни и иглолисни видови, друго обло дрво од листопадни и иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај друго…

повеќе...

Кривична пријава за жител од Џепиште поради пустошење шума

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Пустошење на шума“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против А.Л.(46) од дебарското село Џепиште. Во периодот од мај до јуни минатата година, пријавениот, спротивно на Законот за шуми и без одобрение за сеча на дрва издадено од надлежен орган, извршил сеча на околу 200 стебла дабови дрва. Тоа го направил во дебарската месност „Коста корија-Врабич“ каде од катарстарски парцели со шума сопственост на Република Македонија неовластено пресекол околу 60 м³ дабови дрва. Целокупната пресечена дрвна маса, пријавениот А.Л. нелегално ја…

повеќе...

Извидничка активност : „Школа за преживување во природа“

Во организација на извидничкиот одред „Пионер“ на територијата на општините Дебрца и Охрид се организираше Школа за преживување и безбеден престој во природа. На школата практична едукација добија вкупно 12.извидници од категоријата „РОВЕРИ“ (16+) од седум извиднички одреди од Р.Македонија. Истите преку практична работа за период од 100.часови поминати под ведро небо во исклучително променливи временски услови на потегот од с.Требеништа преку с.Скребатно па се до Охрид (патека долга околу 58.км), стекнаа вештини во препознавање и начин на избор на безбедно место за престој во природа, контрола и самоконтрола, изградба…

повеќе...

Охриѓанец заработи кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Р. (64) од Охрид. Пријавениот, во текот на минатата година, во својство на службено лице-лиценциран работник за извршување на стручни работи на шуми во приватна сопственост овластен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, како и управител на “Кјуб М3“ ДООЕЛ Охрид, ги пречекорил своите овластувања и свесно не ги извршил должните службени ибврски. Тој не извршил уплата на надоместокот за проширена репродукција на шуми во корист…

повеќе...