Четвртата генерација деца успешно ја заврши интернационалната едукативна Бреинобреин програма

Четвртата генерација на деца кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, успешно ја заврши интернационална едукативна Бреинобреин програма. Тие деновиве го положија последното десетто ниво и се стекнаа со меѓународно призната диплома. Како награда за својата посветеност и успех, предводени од тренерите тие уживаа во еднодневна екскурзија во прекрасната природа на Вевчани. Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, како прв франшизен центар на Балканот, започна да се имплементира во 2010 година и неа за 6 години…

повеќе...

Охрид е подготвен да трчат

За прв пат оваа година Охрид се вбројува помеѓу познатите светски метрополи, кои организираат спортски манифестации низ улиците на централните градски јадра. Како вовед во главниот настан „ОХРИД ТРЧАТ“, вчера, беше организирана „Школската трка“ каде повеќе од 350 ученици трчаа по Кејот на Охридското езеро, додека во сабота во утринските часови пред НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе бидат доделени натпреварувачките пакети за учесниците, а во 17 часот ќе биде организирана програма за најмладите. Главниот настан е во недела, а почетокот е закажан за 10 часот. До овој момент…

повеќе...

Прв Бреинобреин Демо Фест на младите таленти

Првиот БРЕИНОБРЕИН ДЕМО ФЕСТ на децата кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, кој поради вчерашните временски непогоди беше одложен, ќе се одржи денес (31.05.2017г.) во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 18:30 ч. Преку 100 деца на возраст од 4-14 години на атрактивен и креативен начин ќе ги презентираат знаењата, техниките и вештините кои ги стекнале и развиле со следење на Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот.

повеќе...

Доделени наградите за „Најдобар млад програмер“

Агенцијата за млади и спорт во соработка со ФИНКИ и Здружениетo на информатичари на Македонија трета година по ред го реализираа проектот наречен „Најдобар млад програмер“. По тој повод денес во просториите на Агенцијата се доделија ваучерите за петте најдобри млади програмери. „Овој проект е дел од напорите на Агенцијата за млади и спорт за поттикнување и охрабрување на младите луѓе да го покажат и развиваат својот талент, но истовремено и можност да гистимулирамемладите средношколци за продолжување на своето образование на техничките науки. За успешна реализација на проектот, потпишавме Меморандум…

повеќе...

Клубот на екологисти од ОУ „Кочо Рацин“ организираше Еко – настан

Минатата недела беше одржан еко-настан по повод одбележување на Денот на планетата Земја (22 Април) во салата во с. Долно Лакочереј. Настанот го организираа членовите на Клубот на екологисти од ОУ „Кочо Рацин“, Охрид под раководство на наставничката Татјана Лошкоска. Главни иницијатори беа ученичките од осмо одделение Михаела Василеска и Тамара Илијоска, а сите членови на клубот активно се вклучија и придонесоа за успешна реализација на настанот. Целта на овој еко-настан е подигнување на еколошката свест и еколошка култура за заштита на животната средина и намалување на загадувањето. Во рамки…

повеќе...

Втора прелиминарна аудиција на Ohrid SUPERSTAR

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денес се одржа втората прелиминарна аудиција со вториот дел од кандидатите пријавени за Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR. „Денес имавме уште еден фантастичен ден исполнет со СУПЕР дружење со нашите нови пријатели од втората група пријавени таленти на Ohrid SUPERSTAR. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид слушавме нови пејачи, Стенд Ап талент, Beat Box и многу позитивна енергија, насмевки, но и малку трема која заедно со менторите и жири комисијата умешно ја надминаа. И денес поминаа сите кандидати, откако претходно работеа…

повеќе...

Започнуваат уписите за Бреинобреин едукативната програма

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид во пролетниот циклус започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. „Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и…

повеќе...

Третоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ во посета на ТВ Морис

Околу 70тина ученици од трето одделние заедно со нивните наставнички од ОУ „Григор Прличев“ денес ја посетија локалната Телевизија Морис. Учениците се запознаа со начинот на работење и информирање, ги посетија просториите каде се снимаат емисии и информативната програма, како и редакцијата во која се подготвува дневникот. Основците најмногу ги привлече студискиот простор, како и преточувањето на снимката при монтажа, па до целосна сликовна реализација. Дел од дечињата изразија желба еден ден да работат како новинари и водители во телевизија. WebOhrid

повеќе...

Наскоро Талент шоу: OHRID SUPERSTAR

Возраста не е важна, може да се пријават од 7 до 77 години, треба само желба и талентот кој сакате да го покажете пред јавноста, порачуваат организаторите на новото Талент шоу: OHRID SUPERSTAR кое треба да започне наскоро. „Започнуваме потрага по музичари, пејачи, глумци, бендови, стенд ап комичари, водители за Тв и Радио проекти – односно по сите во регионот на Охрид и Струга кои имаат некој талент и сакаат истиот да го покажат. Талентот не признава граници и токму затоа, ако имате некој талент кој излегува од границите на…

повеќе...

Црвен крст Охрид започнува со нова едукативна програма за учениците до петто одделение

Во рамки на своите едукативни програми и активности Црвен крст Охрид започнува со нова програма за помагање за пишување на домашните задачи на учениците од прво до петто одделение по сите предмети. Со оглед на големиот интерес за продолжен престој на децата од одделенска настава како и поради зафатеноста на родителите и се почестата потреба од дополнителна работа со учениците, оваа едукативна програма на Црвен крст Охрид има за цел да ги потврди и на креативен начин да ги подобри и развива знаењата и вештините на учениците стекнати во училиштето.…

повеќе...